Македонија
(Видео) Запленета дрога вредна 600.000 евра, пресечен канал за шверц од Косово
Во координирана акција на полицијата, во текот на вчерашниот ден (8 декември) бил пресечен меѓународен канал за транспорт на дрога од Косово во Македонија, при што запленета е марихуана во количина од речиси 200 килограми со вредност од приближно 600.000 илјади евра, а лишени од слобода се шест лица, македонски и косовски државјани.
Како што соопштија од МВР, на автопатот „Пријателство“, при извршен полициски преглед на автомобил „опел зафира“ со скопски регистарски ознаки, управуван од И. П. (51) од Скопје, биле пронајдени патнички куфери во кои имало 55 пакувања марихуана.
Истовремено, при контрола на автомобил „бмв туран“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Б. Р. (30) од Скопје, биле пронајдени вреќи со вкупно 116 пакувања марихуана.

Во близина на бензинска пумпа биле сопрени два автомобила – „мерцедес“, со струмички регистарски ознаки, управувани од О. А. (36) од Скопје, каде што сопатник бил косовскиот државјанин Џ. Љ., како и автомобил „мини купер“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Е. А. (33) од Скопје, каде што совозач бил Б. Р. (24) од Скопје, кои биле ангажирани за да го обезбедуваат транспортот на дрогата.

Во консултација со јавен обвинител, по добиена судска наредба, извршен бил претрес во домот на Б. Р., при што биле пронајдени торба со 29 пакувања со марихуана, кеса со марихуана, фантомка, дигитална вага и 11 куршуми, а при извршен претрес во домот на Е. А. пронајдени биле еден сигнален пиштол „екол“ во 9 милиметри со празна рамка, како и еден пиштол „црвена застава“ во 9 милиметри со една рамка со 10 куршуми за него, а во куќниот двор бил пронајден автомобил „бмв“ донесен од Косово без соодветна документација, кој од страна на Царинската управа е одземен за понатамошна проверка.

Денеска, до надлежното Јавно обвинителство против лицата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

