Македонија
(Видео) Каевски: Препораките на Комисијата ги демантираа лагите на ВМРО-ДМНЕ за бришење и менување на историјата
Со усвоените препораки на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања паднаа во вода сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски. Денеска стана јасно дека во тие препораки нема ништо спорно, нема ништо затскриено, нема никакво бришење или менување на историјата, нема историја по бугарски терк како што лажеа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, изјави на денешната прес-конференција Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.
Тој додаде дека усвоените препораки за одредени учебници во основното образование се на база на реципроцитет и истите ќе бидат доставени и до македонската, но и до бугарската влада. Ова се препораки усвоени од стручна и независна комисија без какви било политички влијанија.
Заедничкото чествување на историските личности како светите браќа Кирил и Методиј, Наум и Климент Охридски како и цар Самоил дополнително ќе ја зајакне одговорноста на двете држави во зачувувањето на сеќавањето на овие личности.
Каевски истакна дека сето ова ги демантира грубите лаги на ВМРО-ДПМНЕ кои се месеци ги вознемируваа граѓаните и се обидуваа да создадат нови поделби. Уште еднаш се виде дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски сакаат да го нарушат процесот на решавање на отворените прашања со Бугарија.
Тој додаде дека Христијан Мицкоски е наследник на Иван Ванчо Михајлов, затоа што и тој и раководството на ВМРО-ДПМНЕ се повикуваат на континуитетот, а во тој континуитет се и Ванчо Михајлов и Тодор Александров.
За разлика од таквиот однос на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ продолжува да бара решенија за отворените прашања, при тоа заштитувајќи ги македонскиот идентитет, македонската историја и самобитност.
Продолжуваме со грижа за државни и националните интереси, продолжуваме со реализација на стратешките цели на нашата држава, изјави Каевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

