Македонија
(Видео) Костадинов: Во дворецот на ВМРО-ДПМНЕ се планирал бруталниот упад во Собрание
Секојдневно на виделина излегуваат нови сведоштва за монструозните планови и брутална злоупотреба на безбедносните институции, МВР и УБК од страна на режимот на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.Овој луксузен дворец зад мене е центарот во којшто биле координирани сите злоупотреби како и нападнат на 27- ми април, изјави Костадин Костадинов, пратеник и портпарол на СДСМ.
Тој вели дека според јавни сведоштва и признанија, токму во оваа зграда на ВМРО-ДПМНЕ, „на 8-ми спрат“ бил центарот од каде се планирал и изведувал бруталниот упад во Собранието на 27 април.
,,Оваа зграда зад мене, овој дворец на ВМРО-ДПМНЕ е симбол на криминалот, расипништвото, злоупотребите.Јавноста и граѓаните се згрозени од она што се слуша во судниците, од начините на кои ВМРО-ДПМНЕ вработувала во УБК, како незаконски работела и следела неистомисленици, лидери на партии, пратеници, граѓани, планирала напади врз новинари, седници на ДИК…
Во овој период Христијан Мицкоски бил лева рака на Никола Груевски, советник во неговиот кабинет, дел од партиските структури.Христијан Мицкоски не побара одговорност за криминалот, за злоупотребите, за нападот на 27 ми април туку се обиде да ги заштити криминалците, насилниците, нарачателите. Затоа Мицкоски денес организира протести за заштита на криминалот, кадешто упатува закани кон судии и обвинители.Затоа Мицкоски е против помирувањето, затоа ги кочи процесите кои обезбедуваат членство во НАТО и ЕУ.
Од овде, од пред овој симбол на криминалот и на злоупотребите на институциите уште еднаш упатуваме порака: Нема амнестија за оние кои нарачале, организирале и извршиле насилство на 27 април.Македонија тргна напред и враќање назад во темното минато нема да има”, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од Центар, Кисела Вода, Сопиште, Гази Баба и Карпош
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.00 до 16.00 часот, корисниците од ул. Мирослав Крлежа лоцирани позади грчка амбасада, како и стамбените објекти и локалите на бул. Партизански Одреди од бр. 19 до бр. 23, општина Центар;
– во периодот од 08.30 до 13. 40 часот, корисниците од ул. Јустинијан Први лоцирани на потегот од маркет Вајота кон село Студеничани, општина Кисела Вода;
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. 8, како и дел од корисниците од ул. 12 во село Долно Соње, општина Сопиште;
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од улиците 30, 36 и 38 во населба Трубарево, општина Гази Баба;
– во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците од бул. Партизански Одреди бр. 70Б – ТЦ АЛУМИНКА, општина Карпош;
-во периодот од 11.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од ул. Женевска, општина Карпош.
Македонија
Времена измена во сообраќајот на делницата клучка Миладиновци – клучка Петровец
На 23/24.02.20026 на Автопат А-1 делница клучка Миладиновци – клучка Петровец ќе се одвива времена измена во сообраќајот поради технички изведувања од ДПТУГ Електра Груп ДООЕЛ, кај клучка Аеродром, во дневен период од 6 до 8 часа, сообраќајот ќе се одвива во сообраќајните ленти за претекнување, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот локален дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови за повремен локален дожд. Претпладне тивко, а попладне ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови од западен, а во источните и долж Повардарието умерен повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, ончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен денеска кон крајот на денот кога ќе има услови за слаб локален дожд. До петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието. Од петок ветерот ќе го смени правецот во југоисточен. За време на викендот облачноста ќе се зголеми.

