Македонија
(Видео) Костадинов: Мицкоски стои рамо до рамо со антизападниот пион Бачев
Портпаролот на СДМ, Костадин Костадинов, го обвини лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека не отстапува од намерата да ги спречува членството на Македонија во НАТО и интеграцијата во ЕУ и дека стои рамо до рамо со антизападните пиони Бачев и Петровски.
„Мицкоски и антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ имаат само една цел – да предизвикаат тензии, омраза и насилства преку кои ќе се обидат да ја блокираат иднината на Македонија. Мицкоски работи исклучиво по директива на неговите шефови, кои се противат на успехот на Македонија, и со тоа ги загрозува највисоките државни и национални интереси, а тоа се членството во ЕУ и НАТО. Мицкоски денеска потврди дека стои зад протестите против НАТО и ЕУ, на кои се повикува на насилство, се шири говор на омраза и се дејствува деструктивно. Мицкоски стои рамо до рамо со антизападните пиони Бачев и Петровски“, рече Костадинов.
Тој порача дека Мицкоски нема да ја блокира иднината во ЕУ и НАТО и нема да успее да го спречи напредокот на Македонија.
„Граѓаните да останат смирени и да не подлегнуваат на провокации и сеење омраза. Граѓаните да бидат спокојни и горди, Македонија оди напред, во НАТО и ЕУ, Македонија станува глобална и напредна земја“, рече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

