Контакт

Македонија

(Видео) Коциќ: Вакцинацијата тече во најдобар ред, се отвораат и нови пунктови

Објавено пред

Преземените мерки дадоа резултат, има сериозен тренд на драстично намалување на заболени од коронавирус, се празнат ковид-центрите, вакцинацијата е со засилен тек, оцени Ненад Коциќ, пратеник на СДСМ.

Тој подвлече дека масовната имунизација на населението се одвива непречено и во најдобар ред на сите пунктови, ширум државата и најави отворање на нови пунктови.

„Се е подготвено и за неколку дена се отвора и пункт во Велес“, рече Коциќ.

Според информациите од надлежните, досега се аплицирани речиси 250.000 дози вакцини, а ревакцинирани се 38.505 граѓани. Бројот на граѓани кои се пријавиле за вакцинација преку платформата vakcinacija.mk е околу 400.330 граѓани.

СДСМ апелира секој граѓанин да се пријави за имунизација, да се вакцинира во потврдениот термин и на тој начин да се заштити себе и блиските од коронавирусот.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Отворен јавниот повик на СДСМ за самокандидирање за градоначалници

Објавено пред

Од денеска е отворен и јавен повик за самокандидарање на кандидати за градоначалници на општините и Град Скопје за претстојните локални избори, изјави Мартин Попов, организационен секретар на СДСМ.

Повикот со сите детали е достапен на веб – страната на СДСМ, а од утре ќе биде објавен и оглас во печатените медиуми на македонски и албански јазик.

„Отворени сме за сите кои имаат желба да се вградат во напредокот, да придонесат, да бидат дел од најдоброто. Со висок углед и кредибилитет во локалната заедница и регионот на живеење, кои имаат поддршка од сите етнички заедници, кои ги почитуваат принципите и вредностите едно општество за сите граѓани и во целост ги почитуваат начелата и принципите на кои се темели СДСМ“, рече Попов.

Како што кажа, дел од новитетите е што од секој кандидат треба да достави и детална програма со предлог идеи и проекти за развој на општината или град Скопје за периодот 2021-2025 година, и изјава за прифаќање и почитување на Етичкиот кодекс на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Хелсиншки комитет: Недозволиво е постојаното одложување на рочиштата во случајот „Тамара“

Објавено пред

Хелсиншкиот комитет реагира на повторното одложување на рочиштето во судскиот процес за малата Тамара, која почина пред шест години, а постапката против обвинетите трае две години и 11 месеци и предметот сè уште ја нема добиено својата завршница.

„Напоменуваме дека правичното судење во разумен рок е еден од фундаменталните услови за задоволување на кривичната правда. Непочитувањето на овој институт ја намалува ефикасноста на постапката, придонесува кон правна несигурност и ја зголемува недовербата на граѓаните во правосудството. Правната сигурност може да се обезбеди само со утврдување одговорност на сите чинители, со цел задоволување на кривичната правда“, велат од таму.

Комитетот смета дека е недозволиво што во оваа постапка воопшто не е одржано рочиште веќе една година и три месеци.

Во февруари 2015 година почина малата Тамара Димовска поради тежок деформитет на рбетниот столб, додека институциите решаваа каде ќе се лекува.

Хелсиншкиот комитет за човекови права заедно со мајката на Тамара, во февруари 2015 година поднесоа кривична пријава против сите лица кои постапувале во случајот, за сторено кривично дело „Несовесно работење во службата“.
Три години подоцна, дури во 2018 година, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против 12 лица за несовесно работење во службата.

Основното јавно обвинителство констатирало дека првостепената одлука на комисијата при Фондот за здравствено осигурување била донесена надвор од законскиот рок за итно постапување, како и дека основа за одлуката била изјавата на тогашниот минситер за здравство, Никола Тодоров, дека пациентите со деформитет на рбетот нема да одат во странство, поради можноста за извршување на ваквите операции на Клиниката за ортопедски болести во Скопје, иако во тој момент сè уште не постоеле услови за извршување на вакви операции во нашата држава. Одлуката беше донесена без присуство на доктор ортопед и трауматолог, како доктори во чија специјалност припаѓа заболувањето на малолетната Тамара Димовска, иако претседателот/заменик претседателот задолжително требало да избере состав на доктори-членови на комисијата во чија надлежност спаѓа нејзиното заболување. Второстепената комисија постапува на истиот начин и ја потврдува одлуката на Комисијата при ФЗО.

Последното рочиште за главна расправа во овој предмет беше одржано на 12.03.2020 година. Главната расправа на 16.10.2020 требаше да почне одново поради проток на 90 дена од последното одржано рочиште. И овој пат, рочиштето беше одложено.

Во меѓувреме, за обвинетата за која се водеше одвоена постапка беше донесена осудителна пресуда со условна казна затвор, но Апелациониот суд ја поништи оваа одлука и предметот го врати на повторно одлучување.

Судечкиот судија Александра Ристеска ја спои постапката за обвинетата со постапката на останатите 11 обвинети.

Рочиштето закажано на 15 јуни 2021 година повторно се одложи, а следното рочиште е закажно дури за 30 август.

Прикажи повеќе...

Македонија

Утврдена дискриминација врз малолетни Роми зависници од дрога

Објавено пред

Основниот граѓански суд II во Скопје пресуди дека Министерството за здравство извршило дискриминација врз малолетни Роми кои имаат проблеми со зависност од дроги со тоа што не им обезбедило третман или рехабилитација, информира Европскиот центар за првата на Ромите (ЕЦПР).

Министерството добило наредба да усвои конкретна програма за третман на деца корисници на дроги во рок од три месеци по донесувањето на пресудата во судската постапка покрената од страна на Европскиот центар за првата на Ромите (ЕЦПР) во име на ромски деца на кои им било негирано правото на еднаков пристап до здравствена заштита.

„Недостиг на третман за малолетници е проблем што се провлекува со години, а како резултат на тоа се губат животи на млади Роми“, вели Сенада Сали, менаџер за правни работи во ЕЦПР.

Од ЕЦПР наведуваат дека Судот пресудил дека во Северна Македонија на децата кои имаат проблеми со зависност од дроги им е прекршено правото на еднаквост врз основа на нивната возраст и врз основа на нивниот статус како маргинализирана група на деца корисници на дроги. Судот потврдил и дека ромските деца кои имаат проблеми со зависност од дроги се дополнително индиректно дискриминирани врз основа на нивната етничка припадност и преголемата застапеност меѓу децата корисници на дроги.

Тужбата беше поднесена од страна на ЕЦПР во април 2020 година.

„Побарав детето да биде хоспитализирано на психијатрија, но не прифатија бидејќи тој е многу млад. Ми рекоа: не можеме ништо да направиме, тој дува лепак, треба да наполни 13 години за да може да го ставиме во затвор. А јас им реков дека тој може да умре пред да наполни 13 години…“, сведочи една мајка.

Според НВО ХОПС, дури 40% од корисниците на нивниот центар се од ромска националност. Меѓу малолетните Роми, хероинот е предоминантна дрога што се користи, велат од оваа невладина организација.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

ЕУ ја стави Македонија на листата безбедни земји за патување

Европската Унија одлучи да ја стави Република Северна Македонија на списокот на земји што се безбедни за патување, пренесуват европските...

Свет3 часа

Борел: Три принципи во новата стратегија на ЕУ кон Русија

Новата надворешнополитичка стратегија на ЕУ кон Русија ќе се заснова на три принципи: одбивање, воздржаност и соработка, изјави високиот претставник...

Регион3 часа

Нови мерки во Србија – дозволени се матурски прослави, угостителите може да работат и на затворено

Поради постабилната епидемиолошка состојба во Србија, од денес во сила се нови мерки, од кои повеќето се однесуваат на угостителските...

Македонија4 часа

Од денеска нема полициски час, дозволени се веселби и настани на отворено

Од ноќеска на полноќ престана да важи одлуката за полициски час, а се укина и ограничувањето на работното време на...

Свет4 часа

Средбата Путин – Бајден во Женева под строго засилени мерки

Денеска, во Женева, американскиот претседател, Џо Бајден, ќе се сретне со рускиот претседател, Владимир Путин, и тоа ќе биде нивна...

Економија5 часа

Денеска се затвора јавниот повик за ваучери за одмор на работници со ниски приходи

Министерството за економија ги известува граѓаните дека заклучно со денешниот ден, 16 јуни (среда), се затвора јавниот повик за издавање...

Свет5 часа

(Видео) Израел бомбардира позиции на Хамас, прекршено примирјето во Појасот Газа

Израел синоќа ги бомбардира позициите на Хамас, со тоа беше прекршено примирјето во Појасот Газа, јавуваат светските агенции. Израелската страна...

Топ20 часа

Пронајдени 1.243 стебла марихуана во близина на болницата „Св. Еразмо“ во Охрид

Полицијата пронајде 1.243 стебла марихуана во близина на болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Според информациите на МВР, приведени се две...

Македонија22 часа

28 новозаразени од коронавирус, нема починати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.887 тестирања, а регистрирани се 28 нови случаи на...

Македонија23 часа

Актерката Силвија Стојановска доби три и пол години затвор поради учество во шверц на кокаин

Затворска казна од 3,6 години доби актерката Силвија Стојановска за транспортот на 700 килограми кокаин од Колумбија во Шпанија. Нејзиниот...

Македонија1 ден

Филипче ја прими грчката донација од 20.000 дози вакцини од „Астра зенека“

Министерот за здравство, Венко Филипче, на социјалните мрежи објави дека денеска пристигнала донацијата од 20.000 дози вакцини на „Астра зенека“...

Свет1 ден

„Политико“: Има пет работи поради кои Бајден ја сака Европа, една од нив е Балканот

Малкумина американски претседатели стапиле на таа функција со толку многу поминати километри во меѓународни патувања како што е Бајден, пишува...

Македонија1 ден

Вчера се аплицирани 4.840 вакцини, прва доза примиле 3.222 граѓани

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 259.935 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 3.222 граѓани,...

Македонија1 ден

Кацарска: Ниту еден политичар не може да ми влијае за некој предмет

Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, тврди дека врз неа не може да влијае ниту еден политичар ниту, пак, да...

Свет1 ден

Израел ги укина маските во затворено

Министерството за здравство на Израел објави дека од денеска веќе не важи обврската за носење заштитни маски во затворен простор....

Македонија1 ден

Владата ќе одлучува за укинување на полицискиот час

На седница што ќе почне денеска во 13 часот, според соопштение од владините служби, на дневен ред пред министрите за...

Свет1 ден

СЗО: Опаѓа бројот на новозаразени од коронавирус во последните седум недели

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејсус, рече дека има пад на новозаразени од коронавирус во последните...

Свет1 ден

Бајден вети дека ќе му ја каже црвената линија на Путин

Американскиот претседател, Џозеф Бајден, вчера во Брисел вети дека ќе му каже на својот руски колега Владимир Путин каде е...

Свет1 ден

Кина возврати на обвинувањата на НАТО: Кажувате невистини, ние сме мирољубиви

Кинеската мисија во Европската Унија денеска ја осуди процената на НАТО од вчерашниот самит дека Кина претставува „системски предизвик“. Водачите...

Македонија2 дена

Заев од НАТО Самитот 2021: Трансатлантското семејство е силно како никогаш порано

Премиерот Зоран Заев, заедно со лидерите на земјите членки на НАТО, учествуваше во централниот работен дел на годинешниот Самит на...

Досие