Македонија
(Видео) Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ како едвај да нашлe кандидати, сè се тоа луѓе од режимот
ВМРО-ДПМНЕ денеска објави нови имиња за кандидати за градоначалници, а ова го коментираше и портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
Според неа, ова не се нови лица на опозицијата, туку, како што вели, добро познати луѓе од режимот на експремиерот Никола Груевски.
„Она што го слушнавме во голем дел се повторно имиња кои веќе имале државни и локални функции од времето на режимот, односно од времето на Никола Груевски и може да заклучеме дека навистина ова е понуда од немај каде, како едвај да нашле кандидати коишто се спремни да изгубат на претстојните локални избори. Она што е интересно, повторно од ВМРО-ДПМНЕ не слушнавме кандидат за градоначалник во Скопје и тоа повторно нè води до заклучокот, и јавноста треба да знае, дека токму ВМРО-ДПМНЕ има многу мала доверба во главниот град, секако и во една од најголемите општини во градот Скопје – Центар каде што поддржуваат кандидатка од мал коалициски партнер“, истакна портпаролката на СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

