Македонија
(Видео) Лазов: Крими-бизнисот на Филипче за стерилизација е приоритет, а набавката на вакцини може да почека
Власта, освен во лажењето за вакцините против коронавирусот, контиунитет има и во сомнителни тендери или тендери за кои самите тие одлучуваат и ги интересира само личната добивка, во конкретниот случај оној за еден вид приватизација на стерилизацијата, изјави Кирил Лазов од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој рече дека станува збор за многу специфична област, за која, како што рече, во иднина ќе се грижи приватна фирма која ќе треба да набавува хируршки инструменти, облека за лицата што влегуваат во операциона сала, дезинфекција на салите, до грижа за медицинскиот отпад и слично.
„Кон средината на јануари со допис беа известени здравствените установи дека се исполнети сите договорни услови за приватниот партнер да почне со давање на интегрираните услуги за стерилизација. Во прилог им беше доставен готов договор, кој треба да го потпишат надлежните, корисниците на овие услуги. Станува збор за 31 здравствена установа од целата држава. Но, од почетокот на постапката во 2019 година кога ВМРО-ДПМНЕ побара одговори од Министерството за здравство ништо не се случи, освен зделки што очигледно одговараат на сметките на Филипче и Заев. Иако Филипче велеше дека презема чекори за унапредување на јавното здравство, освен физибилити-студии, тендери или сомнителна приватизација на јавното здравство, не видовме ништо“, рече тој.
Лазов вели дека власта и Министерството за здравство имаат обврска да одговорат зошто формираните цени се четирипати повисоки од оние досега, дали е доволно приватниот партнер да доставува банкарска гаранција од само 5 % од вредноста на договорот, како што стои во понудениот договор до здравствените установи и зошто анексите на договорот се однесуваат главно на начинот и условите на плаќање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Шуто Оризари, Сарај и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 10.30 часот дел од корисниците од ул. Брсјачка Буна, Демирхисарска и Пелагонија (општина Шуто Оризари)
· во периодот од 09.00 до 10.00 часот корисниците во с,Кондово кај пумпата за водовод (општина Сарај)
· во периодот од 10.00 до 13.00 часот дел од корисниците од ул.Михаил и Ефтихиј и ул.Георги Димитров (општина Кисела Вода)
Македонија
Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд
Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне во југозападните и јужните делови (над 25 l/m² за 24 часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 11, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд со послаб интензитет. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност ќе продолжи периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Денеска во попладневните часови и во четврток врнежите ќе бидат со послаб интензитет. Во петок и во деновите од викендот повторно се очекуваат пообилни врнежи од дожд (над 30 l/m² за 24 часа), локално во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на грмежи. Од недела утринските и дневните температури значително ќе опаднат.
Македонија
Министерот Муцунски домаќин на министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Јохан Вадефул
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вчера во Скопје го пречека министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Јохан Вадефул, кој во рамки на својата работна турнеја на Западен Балкан ја оствари првата официјална посета на Република Северна Македонија.

На средбата министерот Муцунски изрази задоволство од посетата, потенцирајќи дека таа уште еднаш ја потврдува важноста што Германија ѝ ја придава на регионот на Западен Балкан, а особено на нашата држава. Посетата претставува јасна потврда за силната германска поддршка на европската перспектива на регионот.

Двајцата министри го поздравија интензивниот политички дијалог на високо ниво што двете земји го развиваат повеќе од три децении. Се согласија дека сеопфатната билатерална соработка во сите сектори претставува цврста основа за понатамошно интензивирање на дијалогот и развивање нови форми на партнерство.

Министерот Муцунски се заблагодари за континуираната и недвосмислена германска поддршка на евроинтегративниот процес на нашата земја. Тој го информираше министерот Вадефул за актуелните активности поврзани со европската агенда, реформските процеси, регионалната соработка и добрососедските односи, при што ја потврди силната посветеност на Владата кон спроведување на реформите и напредокот на патот кон членство во Европската унија.

Министерот Вадефул увери дека Германија останува силен поддржувач на интеграцијата на земјите од Западен Балкан во Европската унија, вклучително и на нашата држава. Тој нагласи дека целосната европска интеграција на регионот претставува најсилен гарант за долгорочна стабилност, мир и просперитет во Европа.

