Македонија
(Видео) Лефков: Братот на Груби купил деловен објект на улица Македонија вреден половина милион евра додека Артан е вицепремиер

Додека Артан Груби е вицепремиер, неговиот брат трупа огромен имот. Империјата Груби расте и зазема милионски димензии. Денес, продолжуваме со откривање детали за бизнис-империјата на семејството Груби, изјави на денешната прес-конференција Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Се наоѓаме на улица Македонија, една од најфреквентните улици во Скопје, во чија близина се голем број институции и трговски центри. Токму зад мене се наоѓа најновата инвестиција на семејството Груби, голем деловен простор, купен во време додека Артан Груби е вицепремиер од страна на неговиот брат. Овој деловен простор е со површина од 127 м2 и според катастарската евиденција е сопственост на Ветон Груби, брат на Артан Груби. Квадратен метар деловен простор на оваа локација се движи помеѓу 3.000 и 4.000 евра, што значи дека објектот на Груби вреди и до 500.000 евра“, рече Лефков.
Лефков побара од Артан Груби да одговори како брат му Ветон Груби го купува овој имот и со кои средства? И дали при купување на имотот на кој било начин е искористена неговата политичка моќ или политичко влијание? Груби да каже како додека тој е вицепремиер брат му и нему блиски луѓе влегуваат во милионски бизниси и инвестиции.
Тој истакна дека ДКСК и ЈО не треба чекаат и да отворат постапка за бизнис-империјата, која се плете околу Артан Груби, како и да отворат постапка за потеклото на парите и можното злоупотреба на влијание од негова страна.
Утре продолжуваме со објавување нови детали и дилеми, кои неминовно се јавуваат за купувањето на овој деловен објект, со докази и аргументи, додаде Лефков.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
СДСМ ги објави имињата на уште тројца кандидати за градончалници

СДСМ ги објави имињата на уште тројца кандидати за градоначалници, со што досега објавени се вкупно 60 кандидатури.
За градоначалник на Пробиштип, партијата го кандидира Драган Анастасов, Драгослав Симоновиќ е кандидат за градоначалник на општина Градско и Борче Гиевски за Зелениково.
„Сите кандидати се чесни, одговорни и посветени луѓе, кои ќе го дадат својот максимум во интерес на граѓаните. Преку изборните програми кои се подготвуваат заедно со граѓаните, со стручни лица и експерти во различни области СДСМ ќе понуди издржани решенија за секоја општинина и ќе претстави нова визија за развој на локалните заедници“, велат од партијата.
Македонија
Јасно и гласно кажав дека не сум се сретнал со Груевски, ВЛЕН манипулира, рече Османи

Бујар Османи, потпретседател на ДУИ и кандидат за градоначалник на Општина Чаир, ги демантираше тврдењата за наводна средба со Никола Груевски за обезбедување пратеници за поддршка на уставни измени.
„Во недостаток на идеи и очекуван пораз на изборите, манипулациите на ВЛЕН продолжуваат во однос за наводна моја средба со Груевски со цел обезбедување на пратеници за подршка на утавни измени. Јасно и гласно кажав дека таква средба немало. Тоа што се служат постојано со лаги и повторување на сите невистини нема да им помогне во кампањата“, рече Османи.
Додаде и дека дговорот на овие оцрнувања ќе стигне на 19 октомоври.
Македонија
Ахмети: Да сакавме да ја поделиме Македонија, тоа ќе го сторевме во 2001 година

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, од партиски собир во Чаир порача дека тврдењата оти Албанците сакаат да ја поделат Македонија се измислени од одредени политичари. Тој нагласи дека ако тоа било вистина, тоа можело да се случи уште во 2001 година со 15.000 вооружени лица.
Ахмети додаде дека ДУИ е за унитарна држава, рамноправна за сите, и дека е потребна правна држава со истраги за приватизацијата и поранешните функционери.
„Но, ние сме за унитарна држава, рамноправна за сите. А не еден да биде аргат, а другиот ага. Ние не сакаме да живееме во сопствената земја како кираџии“, рече Ахмети.
Лидерот на ДУИ посочи дека иднината на земјата е со стабилност, рамноправност и интеграција во Европа, додека актуелната власт, според него, не направила значаен напредок.
На настанот, Ахмети заедно со кандидатите за градоначалници потпиша „акт за Чаир“ како симбол на националното единство од 2001 година, повикувајќи на борба против дискриминацијата и лошото управување пред октомврискиот референдум.
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ по обрќањето на Ахмети истакнаа дека ДУИ не само што не може да ја дели државата, туку може и да завршат во затвор за криминал и затоа што ја разјадуваат Македонија
Од ВМРО-ДПМНЕ оценија дека ДУИ се во очај што се враќаат на 2001 година, додавајќи дека за време на 23 години власт учествувале во компромитирање на институциите и злоупотреба на етнички теми за лична корист.