Македонија
(Видео) Локвенец:Во 2019 година буџетот за одбрана ќе изнесува 135 милиони евра
,,Силно сме посветени на интеграцискиот процес што Македонија ја води до полноправно членство на НАТО, како врвен национален и државен интерес.Обезбедуваме повеќе пари за достигнување на НАТО стандардите, повеќе пари за поголеми плати и подобрување на животниот стандард на нашите војници, повеќе пари за опремување на АРМ, изјави Хари Локвенец, пратеник од СДСМ и коалицијата.
Според него, по десетгодишното намалување на буџетот за одбраната, во 2019 година, втора година по ред ќе следува ново зголемување.
,,Во 2019 година буџетот за одбрана ќе изнесува 135 милиони евра.Војниците на АРМ, како и сите вработени во Министерството за одбрана добиваат повисоки плати од 5 отсто од наредната година.30 милиони евра се обезбедени за опремување, за набавка на униформи, за дел од испораката на војнички чизми, подобра храна, резервни делови, обуки и школувања на припадниците на АРМ.
Зборот е збор, од изолирана, поделена и осиромашена држава, за само две години Македонија стана рамноправен партнер со демократскиот свет.По добиената покана, во 2019 година Македонија има историска шанса, стануваме 30 земја членка на НАТО Алијансата.Тоа значи остварување на врвниот стратешки интерес, тоа значи гаранција на нашата безбедност и неповредливот на границите, но значи и повеќе странски инвестиции, достапност до нови знаења и технологии и секако повеќе пари кај граѓаните”, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Голем одрон кај село Ратево, магла на патниот правец Тетово – Гостивар
На патниот правец Р-1302 Берово – Струмица (кај село Ратево) поради поголем одрон сообраќајот се одвива по направена девијација во должина од 50 метри. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Тетово – Гостивар до 70 метри, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

