Македонија
(Видео) МВР и Општина Битола најавија изработка на нови решенија за подобрување на сообраќајот во градот
Претставници на Министерството за внатрешни работи и Општина Битола заеднички ќе изработат нови сообраќајни решенија за подобрување на сообраќајот на неколку локации во градот, со цел да се олесни движењето и да се зголеми безбедноста во сообраќајот. Ова е еден од заклучоците на денешната средба на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, што се одржа во Битола.
На средбата беше потенцирана добрата соработка меѓу полицијата и локалната самоуправа. Безбедносната состојба на подрачјето на СВР Битола е оценета како стабилна и евидентно е намалувањето на криминалитетот, што е тренд во последните неколку години. Од друга страна, заклучено е дека расте откривачката дејност, односно расчистувањето на кривичните дела.
Властите информираат дека намалување има и во делот на сообраќајни незгоди со потешки последици, и тоа за 11 отсто кога ќе се споредат првите девет месеци од 2019 и 2018 година, а дури 55 отсто во бројката на загинати лица во сообраќајни несреќи. Новите сообраќајни решенија, особено на влезот на Битола и во близина на касарната, треба да донесат дополнително намалување на сообраќајните незгоди со тешки последици.
Министерот Спасовски и градоначалничката Петровска ја потенцираа важноста од соработката меѓу полицијата и локалната самоуправа со цел да се подобри квалитетот на живеење. Особено ако се има предвид целта полицијата да се етаблира како реален сервис на граѓаните и постојано зголемување на довербата на граѓаните во полицијата.
Министерот Спасовски денеска го посети и граничниот премин Меџитлија, каде со раководството на полициската станица разговараше за тековното работење во делот на граничната контрола и надзор, но и во делот на справувањето со обидите за илегално преминување на јужната граница. МВР во соработка со полициските службеници од пријателските држави континуирано презема мерки за санкционирање на криумчарењето на мигранти и спречување обиди за илегално преминување на јужната граница и состојбата на оваа граница е стабилна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

