Македонија
(Видео) Милошоски: Што разговарале Заев и шефот на турската наркомафија во домот на премиeрот?
Лично Седет Пекер, шефот на турската наркомафија, кој е меѓу лицата што добиле македонска патна исправа пред два дена, рече дека го познава македонскиот премиер, дека се пријатели и дека бил кај него дома, посочи на денешната прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.
Притоа тој истакна дека сега се поставува прашање што крие Заев од јавноста и што треба јавноста да знае за неговата релација со Седат Пекер за кој рече дека во Македонија престојувал цели 3 месеци и се движел со полициска придружба.
„Нашето прашање до Заев е следново: Кога имал средба со Седат Пекер надвор од Скопје? Второто прашање до Заев е: Колку од неговите советници во неговиот кабинет оствариле средба со Седат Пекер? И нашето трето прашање е: Со кои високи функционери од МВР во октомври 2020 година Седат Пекер имал средба во хотелот ‘Буши’ за што е известена и Агенцијата за национална безбедност?“, јавно запраша Милошоски.
Тој нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ смета оти овие три прашања Заев мора да ги одговори за да се расчисти, како што рече, ситуацијата за тоа кој дал налог за издавање 214 пасоши на наркобосови од регионот, кои се барани со меѓународни потерници.
Милошоски истакна и дека единствената точка што ги поврзува Седат Пекер и Зоран Заев се наркотиците.
„Дали можеби марихуаната била предмет на разговори помеѓу Заев и Пекер или можеби разговори се воделе за можни инвестиции на Седат Пекер во угостителскиот и трговско-туристичкиот сектор на Македонија?
Сметаме дека Зоран Заев е човекот што знаел зошто Седат Пекер, кога бил уапсен, не бил протеран во Турција, каде што државата има објавено потерница, а исто така и Интерпол, туку бил екстрадиран во соседно Косово.
Очекуваме ЈО да отвори истрага по овој предмет, да го повика лично и Зоран Заев на разговор, но да повика и неколку советници од кабинетот на Заев, кои оствариле лично средби со мафијашот Седат Пекер изминатите неколку месеци“, рече Милошоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

