Македонија
(Видео) Митева: СДСМ направи целосен колапс на образовниот систем, Националната платформа не издржа ни 30 минути
Владата на СДСМ направи целосен колапс на образовниот систем, Националната платформа не издржа ни 30 минути, обвини Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.
„Владата на СДСМ на два дена пред и така одложениот почеток на учебната година направи целосен колапс на образовниот систем. Денешното тестирање на Националната платформа на Министерството за образование за одвивање онлајн-настава не издржа ни 30 минути. Ваквиот колапс предизвикува премногу конфузија кај наставниот кадар, но и кај самите родители и ученици. Кога учениците и наставниците ги добија своите насоки за работа на платформата, таа се покажа целосно нефункционална“, рече таа.
Најпрвин, додаде Митева, учениците и наставниците не можеа да воспостават пристап до платформата, а потоа воопшто немаа можност за вклучување.
„Исто така, како една од главните причини поради нефункционалноста на платформата е и големата преоптовареност од корисници. Се поставува прашањето како за два дена ќе се обезбеди непрекинат пристап и целосна достапност на платформата, која, како што ја најавија, има цел да обедини 270 илјади ученици?
Иако, Министерството за образование и наука претходно ги информира родителите какви спецификации треба да имаат компјутерите со кои учениците би ја следеле наставата, кои воедно ги оптовари родителите за дополнителни речиси 20 илјади денари од семејниот буџет за обезбедување соодветен компјутер, сепак Националната платформа се покажа нефункционална“, рече Митева.
И покрај проблемите со користењето на Националната платформа, рече Митева, сепак над 40 илјади деца во државата нема да може да следат онлајн-настава бидејќи немаат компјутер со потребните спецификации.
„Владата имаше цели 8 месеци да подготви издржано решение, а ние денес на неколку дена пред почетокот на учебната година имаме огромен неуспех. Наместо институционални одговори и решенија, имавме политичка кампања“, изјави таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Битола-Државна граница со Грција
Во 20:00 часот на крак А-3 Битола – Државна Граница со Р.Грција во близина на крстосница за с.Бистрица и с.Оптичари, случена е сообраќајна незгода, поради што сообраќајот на патниот правец Битола – Држ. граница е во прекин и истиот ќе се пренасочи низ.с.Бистрица и с.Породин соопшти АМСМ.
Македонија
Сиљановска-Давкова со Ахмет бин Мохамед Ал Џарван: мирот и толеранцијата се императивни претпоставки за демократија
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими Ахмет бин Мохамед Ал Џарван, претседател на „Глобалниот совет за толеранција и мир“, во придружба на неговите соработници.
Информирајќи дека семејството на пријателите на „Глобалниот совет“ постојано се проширува, Ал Џарван потенцираше дека стотина парламенти, ширум светот, потпишале меморандуми за соработка со оваа препознатлива и почитувана институција.
Тој, во парламентарната демократија и во меѓукултурниот дијалог препознава мировни механизми за промоција и гаранција на мирот и толеранцијата на сите нивоа и во сите средини.
Претседателката ја поздрави хуманата мисија на Глобалниот совет, истакнувајќи дека е добредојдена и делотворна во амбиент на сериозни безбедносни закани.
За неа, Меморандумот за соработка, којшто деновиве го потпиша Глобалниот совет со македонското собрание е чекор напред во одбраната и поттикнувањето на хуманите цели на човештвото, без оглед на разликите по било кој основ.
Таа особено се радува на потпишаниот договор за стипендии на студенти од Правниот факултет „Јустинијан Први“, нејзината матична институција, како охрабрувачки за најдобрите студенти, но и оние со лоша материјална положба и неопходна потреба од финансиска помош.
За соговорниците, мирот и толеранцијата се императивни претпоставки за демократија, развој и просперитет во национални, регионални и меѓународни рамки.
Македонија
(Видео) Во Ресенско поплавени над 50 куќи, магацински простори и земјоделско земјиште, состојбата се следи во сите засегнати региони, соопшти ЦУК
Поради обилните врнежи, на подрачјето на Општина Ресен дошло до излевање на Болнска и Источка река во селата Царев Двор и Дрмени, при што се поплавени над 50 куќи, магацински простори, визби и земјоделско земјиште, соопшти Центарот за управување со кризи.
„Поплави се евидентирани и кај с. Долна Бела Црква од излевањето на Голема Река, чиј моментален водостој изнесува 210 см.
Ангажирани се екипи на јавните претпријатија, „Македонија пат“, ЈКП „Пролетер“, како и приватни машини – вкупно 7 пумпи за испумпување вода и повеќе багери за расчистување и интервенции. Во населбата Црквиште се користат сите расположливи пумпи за санација на поплавените објекти.
ЈП “Македонија пат“ информира дека на повеќе делници има наноси од земја, кои се расчистуваат по приоритет“.
Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, нагласуваат од ЦУК, е во постојана координација со градоначалниците на засегнатите општини.
„Поради обилните врнежи во повеќе региони низ државата се зголемени водостоите на реките, а има и поплавени терени, подруми и земјоделски површини. На терен се ангажирани екипи на јавните претпријатија, механизација и приватни компании за испумпување вода, расчистување и интервенции.
Состојбата, според ЦУК се следи во сите засегнати региони: Ресен, Битола, Демир Хисар, Охрид, Крива Паланка и околината.
„Дежурни екипи остануваат на терен и во текот на ноќта, а Центарот за управување со кризи будно ја следи состојбата и за понатамошни интервенции“.
Фото: принтскрин

