Контакт

Македонија

(Видео) Мицкоски: Имам чувство на гадење од изјавите на Заев, кој настапува во стилот „функцијата – тоа сум јас“

Објавено пред

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по посетата на семејство од селото Нераште, погодено од несреќата во ковид-болницата во Тетово, а во врска со денешната изјава на премиерот Зоран Заев дека не планира да дава оставка по трагедијата, истакна дека Заев ја интерпретира функцијата премиер што, како што рече, во услови на загинати невини луѓе е тажно и жално.

„Кога човек ќе се изедначи со функцијата и кога себеси ќе се интерпретира како ‘функцијата – тоа сум јас’, во услови кога невини човечки животи згаснаа, е тажно и е жално. Доколку тој човек не чувствува никаква морална одговорност и тоа се обиде да го интерпретира дека ако тој заминел, Мицкоски ќе бил премиер, тогаш, освен она благо чувство на гадење што во овој момент го имам, друго немам ништо да кажам“, рече Мицкоски во врска со изјавата на премиерот.

Заев денеска на прашањето дали размислувал да си поднесе оставка од морални причини поради пожарот во болницата, одговори:

„За што, Мицкоски да дојде премиер да биде?! Не, не размислував. Затоа што Мицкоски ќе биде премиер или заменик-премиер претседателот на Алијансата, Зијадин Села, кога ќе заслужат. Кога ќе имаат емпатија со народот“, порача премиерот.

Македонија

Димитров на Безбедносниот форум во Белград: Берлинскиот процес го врати фокусот на ЕУ кон регионот

Објавено пред

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска на Белградскиот безбедносен форум зборуваше на панелот „Берлински процес – Што следи?“. Дискусијата се фокусираше на целите на придонесот на Берлинскиот процес во одржувањето на темпото на реформскиот процес во регионот во контекст на европската интеграција, но и во поконкретните области на регионална соработка, со цел да се развијат идните модалитети за негово оптимизирање во светло на случувањата на динамичната европска сцена.

Вицепремиерот Димитров посочи дека Берлинскиот процес не беше воведен како засебен процес туку силно врзан со зајакнување на процесот на проширувањето на ЕУ со земјите од регионот, и од политички аспект – поради силното германско лидерство, и во пракса – со оглед на областите и регионалните иницијативи развиени во соработка со Европската комисија и земјите членки.

„Крајната визија на Берлинскиот процес – да придонесе кон создавање мирна, стабилна и просперитетна иднина на регионот не е возможно да се оствари доколку се изземе европската перспектива. Опсегот и длабочината на постигнатите резултати се движи од политички самити на високо ниво до конкретни, опипливи резултати кои носат придобивки за граѓаните – како што е укинувањето на роамингот во регионот и младинската соработка преку RYCO“ рече Димитров.

Берлинскиот процес го врати фокусот на ЕУ кон регионот, но проблемот со кредибилитетот на ЕУ сé уште опстојува, довербата на граѓаните опаѓа заедно со надежта дека европската иднина е остварлива. Регионот во иднина мора да покаже дека проширувањето има додадена вредност за Унијата и носи решенија наместо проблеми, додека пак ЕУ треба да испрати порака дека изборот на европски ориентирани политики носи победа.“

Димитров нагласи дека регионалната соработка во иднина треба да биде надградена на приоритетите и областите што Берлинскиот процес ги промовира, но само како алатка за придвижување во процесот на пристапување, не како алтернатива бидејќи европската визија не може да биде заменета.

„За регионалната соработка да биде успешна, треба пред сé да биде регионална во инклузивна смисла и отворена за сите. Минатата година Северна Македонија и Бугарија заеднички заседаваа со Берлинскиот процес, со интенција да се истакнат овие елементи и да се зајакне одговорноста во однос на резултатите. Економското поврзување е важно и иницијативите како „Отворен Балкан“ се надоврзуваат на целите на Берлинскиот процес, следната можност за процесот да испорача конкретни резултати е заедничкиот регионален пазар. Но сето ова не е и не може да биде алтернатива на европската интеграција на регионот“ додаде тој.

На панелот учествуваа и европратеничката Виола фон Крамон-Таубадел, како и претставници на тинк-тенк секторот во Европа: Кристијан Хагеман како заменик директор на Асоцијацијата на Југоисточна Европа (SOG) со седиште во Минхен, Игор Бандовиќ од Белградскиот центар за безбедносни политики и Зоран Нечев од Институтот за демократија – Скопје, додека пак модератор беше Макс Брандл, директор на Фридрих Еберт фондацијата во Белград.

Соговорниците се согласија дека Европската Унија треба да ја канализира посветеноста и поддршката за регионот преку конкретен исход и придвижување на процесот на проширување, особено во поглед на Северна Македонија со оглед на постигнатите резултати во исполнување на пристапните услови.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Попов: Шилегов потроши 420.000 евра за телефонска централа која не е инсталирана во Градската куќа и никој не знае каде е

Објавено пред

Петре Шилегов потрошил 420.000 евра за набавка на мрежна инфраструктура и ИП телефонија за потребите на Градската куќа на ул. Лазар Личеноски бб, која истиот ја продаде, изјави Сергеј Попов, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

„ Оваа телефонска централа за објектот на Градската куќа не е инсталирана во истата, ниту е забележан документ дека е продадена. Ова се документите од кои се гледа дека Шилегов е потписник на договорот со Македонски Телеком вреден над 420.000 евра, за телефонска централа која сега не е во функција, ниту некој знае каде е и што се планира со неа.

420.000 евра пари на скопјани се потрошени за телефонска централа која не е во употреба, ниту некој знае каде е.

Шилегов да излезе и веднаш да одговори каде е телефонската централа и дали се уште е во посед на Град Скопје, доколку не е каде е, колку пари ја продал или ја дал без надомест?

Парите од телефонската централа се попусто потрошени пари, никој не знае каде е и дали е можеби продадена, но и каде се парите ако е продадена. Ова е ист случај како со парите добиени од продажбата на Градската куќа.

12 милиони евра од продажбата на истата никаде ги нема. Никој не знае каде се и на што се потрошени.

Ова се сомнежи за огромни нерегуларности, за овие и за многу други набавки и плаќања ќе има детална истрага и ревизија по 31-ви октомври, ова е тоа што го плаши Петре Шилегов и СДСМ, и затоа се во паника, затоа навредуваат, малтретираат и шиканираат. Знаат дека по 31-ви октомври нема да можат да крадат и ги фаќа паника. Знаат дека одговорност ќе има, а еве и повторно им потврдуваме, да ќе има одговорност за сите ваши криминали и проневери“ порача Попов.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Шахпаска: Згрижувачко, еднородителско семејство e исклучителен пример за хуманост

Објавено пред

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, денеска во општина Радовиш го посети згрижувачкото, еднородителско семејство на Наталија Гура. Наталија згрижува две малолетни дечиња, братче и сестричка, кои се на пет и шестгодишна возраст.

За тоа колку е успешна приказната за згрижување деца без родители или без родителска грижа, министерката Шахпаска рече дека се уверила на лице место, бидејќи децата ја добиваат целокупната грижа за нивното здравје, љубов, внимание, воспитување, подготовка за влез во образовниот систем.

„Згрижувачкото, еднородителско семејство кое денес го посетив во општина Радовиш навистина има импресивни услови за грижа на децата. Љубовта која ја добиваат децата се чита од нивните весели и насмеани лица. Тие се неверојатно прилагодени кон нивната згрижувачка, а условите кои таа им ги обезбедува говорат за нејзината посветеност децата да имаат правилен раст и развој. Ги поттикнуваме и останатите граѓани во нашата земја да се пријават во системот на згрижувачи, со една единствена цел, на што поголем број деца без родители или родителска грижа да им се обезбеди дом и семејство во облик најблизок до биолошките семејства“, рече министерката Шахпаска.

Со цел зголемување на бројот на згрижувачи во Скопје и во Битола отворени се центри за поддршка на згрижувачки семејства. Во Скопје, центарот функционира при Јавната установа за деца „11 Октомври“ и опфаќа 181 згрижувачко семејство со околу 326 корисници. Вториот центар, во Битола, е дел од Јавната установа „Дом за доенчиња и мали деца“ каде што стручна поддршка добиваат 113 згрижувачки семејства кои се грижат за 169 корисници.

Центрите за поддршка на згрижувачките семејства се воспоставени со новиот Закон за социјална заштита и нивна задача е подготовка, проценка и обука на идни згрижувачки семејства.

Во Република Северна Македонија во моментов има околу 300 згрижувачки семејства кои се грижат за 500 деца.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија36 минути

Регистрирани нови 444 случаи на Ковид-19, починале осум луѓе

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.210 тестирања,...

Свет3 часа

Шпанија ќе им ги врати парите на граѓаните казнети за прекршување на карантинот

На сите шпански државјани што беа казнети поради прекршување на мерките за време на минатогодишното тримесечно заклучување ќе им бидат...

Македонија5 часа

(Видео) Петровска: Данела Арсовска има и бугарска лична карта

Данела Арсовска, освен бугарско државјанство, има и бугарска лична карта, издадена во 2017 година, тврди пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска....

Македонија5 часа

(Видео) „Името го добив по дедо ми Дане“ – Арсовска тврди дека не го менувала своето име и нема бугарско државјанство

Независната кандидатка за градоначалник на Скопје, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, и денеска на прес-конференција ги негира обвинувањата дека поседува...

Македонија6 часа

Италија забрани туристички патувања за нашите државјани, Данска ги олесни ковид-правилата за влез

Со најновата одлука на италијанските власти Република Северна Македонија се преместува од листата Д во листата Е, со што не...

Свет7 часа

Два процента од богатството на Илон Маск ќе го реши гладот ​​во светот

Мала група исклучително богати поединци може да помогнат во справувањето со гладот ​​во светот само со мал дел од нивното...

Регион8 часа

САД размислуваат за укинување на визите за Бугарија

Бугарија е една од земјите за кои американскиот министер за внатрешна  безбедност, Алехандро Мајоркас, изјави дека САД размислуваат да ги...

Македонија8 часа

Бројот на заразени од коронавирус од почетокот на пандeмијата во Македонија надмина 200.000 лица

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата веќе изнесува 200.412 по вчерашните потврдени нови 511...

Македонија9 часа

Заев: Куманово повторно ќе држи лекции, сочувајте го социјалдемократскиот дух на Куманово

„Куманово и на овие избори ќе одржи лекција по социјалдемократија по прогресивност и, секако, по обединување и ќе даде пример...

Свет9 часа

Вакцината на „Фајзер“ за деца од 5 до 11 години одобрена од експерти на американската агенција за лекови

Советодавниот одбор на американската Администрација за храна и лекови (ФДА), составен од реномирани американски здравствени експерти, ја одобри употребата на...

Македонија19 часа

Од 15 ноември во ресторани, молови и клубови со потврда за примени две дози вакцина

Владата донесе одлука со која се дозволува влез во секаков вид објекти од отворен и затворен тип, угостителските објекти (кафетерии,...

Македонија20 часа

Дозволено организирање настани во затворено до 50 проценти исполнетост

Владата на денешната редовна 115-та седница, на предлог на Комисијата за заразни болести донесе одлука со која се дозволува организирање...

Македонија20 часа

Шилегов: Во моментов Скопје работи на три најсложени инфраструктурни проекти во својата историја

Скопје по повеќе децении добива нов мост кој овозможува брза врска на најнаселената општина во Скопје, Аеродром, со Гази Баба,...

Македонија20 часа

(Видео) Мицкоски: Кај Шилегов единствено нешто што му се гледа повеќе од ароганцијата е стравот дека ќе загуби

Одговорот на Заев и Шилегов на дебаклот што им се случи во првиот круг од изборите било да донесат струмичка...

Свет20 часа

Меркел формално разрешена од должноста канцелар

Официјално заврши мандатот на Ангела Меркел како канцелар на Германија, а претседателот на Републиката Франк-Валтер Штајнмаер ѝ се заблагодари за...

Македонија22 часа

(Видео) Шилегов: Со брзата реакција на хероите на градот се спречи поголема материјална штета од пожарот

Денес имаше пожар кај старите бараки на Основен суд Скопје 1 и благодарение на брзата и навремена интервенција на противпожарната...

Македонија1 ден

Владата ја стопира изградбата на прифатниот центар за странци во Бардовци

Владата на денешната седница донесе одлука за стопирање на изградбата на прифатниот центар за странци во Бардовци и негово преместување...

Македонија1 ден

За една недела починале 124 лица од коронавирус, 97 од нив не биле вакцинирани

Во периодот од 15 до 21 октомври починале 124 пациенти од Ковид-19, од нив над 78 % биле невакцинирани. Од...

Македонија1 ден

Регистрирани 511 нови случаи на Ковид-19, пријавени 10 починати лица

Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се...

Економија1 ден

Бектеши: Нема зголемување на цената на струјата до крајот на годината

До крајот на годината ќе има доволно количина електрична енергија и сакам да ги уверам сите граѓани дека до крајот...

Досие