Македонија
(Видео) Мицкоски: Им посакувам на вевчанци успешни карневалски денови
Хриситијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, по повод традиционалниот вевчански карневал, денеска беше во посета на Вевчани.
Како што истакна тој, оваа посета ќе ја искористи да поразговара со граѓаните за актуелната состојба како живеат, каков е животот, со кои проблеми се соочуваат.
Тој додаде дека ќе има можност да разговара и со луѓето од локалната самоуправа, со градоначалникот, кој е нов, и е од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски додаде дека овие посети, покрај тоа што имаат забавен карактер, треба да имаат и работен дел затоа што она што нас како народна партија нѐ интересира тоа е што мисли народот, како живее народот, каде можеме ние да помогнеме и кои се проектите што од нас народот ги очекува не само како локална самоуправа туку како и идна централна власт.
Тој истакна дека очекува да преовлада весел дух и им посака на вевчанци успешен карневал и успешни карневалски денови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
АМСМ: Намалена видливост на повеќе патни правци
Намалена видливост и појава на магла утрово има во околината на Смојмирово и Буково до 50 метри, Ѓавато до 80метри, Струмица до 100м., Тетово до 40м., Петровец до 150м. и Делчево до 50м.
АМСМ информира дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење.
„Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот. Во соработка со ЈП за државни патишта и Министерство за транспорт се вршат координирани активности со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот“, информира АМСМ.
Покрај внимателно и совесно управување со возилата, се препорачува задолжително употреба на зимска опрема, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодена брзина согласно условите на патните правци.
Исто така се препорачува навремено информирање од страна на сите информативни центри за условите и сообраќајот на државните патишта.
Македонија
Без струја делови од Ѓорче Петров и Гази Баба
Без струја денеска ќе бидат делови од општините Ѓорче Петров и Гази Баба.
„Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 23.01.2025 (петок) без електрична енергија ке останат:
· во период од 09.00 до 13.00 часот корисниците, од Ул.Австралиска и Ул Николај Островскиво (општина Ѓорче Петров)
· во период од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улиците со бр. 3, 4 и 5 во Инџиково (општина Гази Баба)“, оопшти РЦУК -Скопје.
Македонија
Променливо облачно време, од утре дожд и снег
Променливо облачно време со подолги сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 2, а максималната ќе достигне од 6 до 10 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 7 степени.
До утре времето ќе биде променливо облачно со пораст на дневната температура. По одделни котлини ќе има појава на магла. Од сабота кон крајот на денот се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините од снег.
Пообилни врнежи ќе има во недела во попладневните и ноќните часови, кога на повисоките места ќе преминуваат во снег. Врнежите ќе продолжат и во понеделник.

