Македонија
(Видео) Мицкоски по средбата со Вархеј: Бараме што побрзо отпочнување на преговорите за влез во ЕУ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оствари средба со еврокомесарот Оливер Вархеј.
Тој истакна дека на средбата се разговарало за европската перспектива на Македонија и дека укажавле на императивот за што поскоро отпочнување на преговорите на Македонија, бидејќи 22 години е предолг период да сме се уште во ходникот, а многу држави за жал од Централна и Источна Европа кои што во тоа време воопшто немаа никаква европска перспектива нѐ поминаа во ходникот седнаа на масата преговараа, разговараа и станаа полноправни членки на ЕУ.
“Навистина тоа се многу изгубени генерации, надежта кај тие генерации на млади луѓе е навистина уништена и голем дел од тие луѓе за жал трајно ја напуштија нашата Македонија. А, меѓу нив се и голем број на мои студенти кои што веднаш после дипломирањето поради немањето барем според нив перспектива во нивната држава тие одлучуваат да ја напуштат. Македонија направи многу работи во минатото за Европа, за европските вредности, ги потврди тие европски вредности и покрај тоа што ние внатре имаме многу проблеми, имаме висока корупција, има голем степен на криминал, слаба економија, можеби и најслаба во овие пет години од сите други балкански држави и уште многу други проблеми во образованието, во здравството итн” изјави Мицкоски.
Тој додаде дека според луѓето во Брисел не е критериум за отпочнување на преговорите и ако го гледате извештајот на ЕК, ќе видите дека ние веќе 14-тина години добиваме позитивна препорака за отпочнување на преговори.
“Во меѓувреме се потпиша оној Преспански договор срамен, во меѓувреме се бара од нас да се откажеме од нашиот идентитет, од тоа да сме Македонци коишто го имаат својот мајчин македонски јазик, од нашето културно наследство. Да се откажеме од нашите дедовци, од нашите прадедовци, да се откажеме од нашата историја, да се откажеме од нашите корења. Тоа не се европски вредности. Ние сакаме да зборуваме за иднина, ние сакаме да зборуваме за перспектива, ние сакаме да зборуваме за отворени граници, за млади кои што ќе имаат сериозна мрежа на познанства , за нови инвестиции, за силна економија, за борба против криминалот и корупцијата безмилосна. Тоа е она кое што е наша цел и тоа е она за кое што ВМРО-ДПМНЕ денеска се бори” изјави Мицкоски.
Мицкоски наведе дека ова е последен момент сега на Самитот во јуни на 22 – 23 – 24, за две недели од денеска да покажат европски вредности европските лидери , да го убедат според она кое што денеска го добивам како информација можеби и поранешниот но се уште актуелен премиер на Бугарија да направи чекор назад и да дозволи Македонија конечно да ги почне преговорите.
Според него тоа го заслужуваат овие Македонци во државата, тоа го заслужуваат граѓаните на Македонија, и само така можеме да зборуваме за вредности и само така може да зборуваме за перспектива. Во спротивно јас навистина жалам но дополнително ќе биде нарушен кредибилитетот на ЕУ и тоа ќе доведе до дополнително би рекол разочарување кај граѓаните во нашата Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Интервју) Марјан Ѓорчев: Францускиот предлог нè фрла во амбис и води кон сeриозни проблеми

Македонија е внедрена во погрешна рамка закачена на погрешен ѕид, тој ѕид нè оддалечува од европската перспектива и не се знае кога ќе можеме да ја реализираме нашата желба Македонија да биде една од жолтите ѕвезди на ЕУ, вели во интервју за „Макфакс“ поранешниот амбасадор на Македонија во Бугарија, Марјан Ѓорчев, во врска со францускиот предлог.
„Република Бугарија ни одржа лекција во политичка култура“, оценува Ѓорчев.
„И додека кај нив сè беше направено со една отворена дебата, нашите институции не ја кажуваат вистината дека се преговарало. Значи, тој таен пристап е погрешен“, нагласува Ѓорчев.
„Францускиот предлог каков што е, не само што е неприфатлив за нас, тој е противречен сам по себе“, дополнува Ѓорчев, но појаснува дека тој им противречи и на темелните вредности на ЕУ.
Предупредува дека во „отворањето на Уставот лежи стапицата“ за решавање на спорот со Бугарија.
„Уставот не е алваџиски тефтер да го отворате кога сакате“, потенцира Ѓорчев во интервјуто за „Макфакс“
„Каде е ставот на МАНУ, таа мора да биде консултирана. Бугарското општество секогаш, прво, се консултирало со бугарската Академија, што ќе кажат белите коси, што ќе каже мудроста. Ние ќе криеме, па потоа ќе отвориме нешто што нема да го дозатвориме и ќе дојдеме до ситуација на рационализација. Што треба да направиме ние за да не си ја скршиме главата од ѕидот, треба да бидеме рационални, но и мудри?“, вели Ѓорчев.
Според него, власта не го објавува протоколот затоа што, како што вели, тој е многу сензибилен и претставува тежок товар, кој ќе предизвика дополнителни емоции кај секој Македонец.
За македонскиот јазик, историските прашања, кои се опасните делови и каде се кријат замките во францускиот предлог од страна на Бугарија, во интервју за „Макфакс“ одговара поранешниот амбасадор на Македонија во Бугарија, Марјан Ѓорчев.
Македонија
Притвор за осум лица што учествувале во настаните пред Собранието

Основниот кривичен суд Скопје информира дека 8 лица во текот на вчерашниот ден биле спроведени пред судија поради учество во настаните пред Собранието на 5 јули.
„Со произнесување на осомничените во присуство на бранител судот донесе решенија, со кои на 7 од осомничените им определи мерка куќен притвор, а на еден од осомничените мерка притвор, сите во траење од 8 дена во согласност со предлогот на Обвинителството за водење истрага во скратена постапка, а поради постоење на основите од чл. 470 ст. 1 т. 1 и 2 од ЗКП, односно опасност од бегство и можност да го повтори делото“, информираа од судот.
Против овие неправосилни решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет.
Македонија
Владата ја проследи предлог-преговарачката рамка до Собранието

Владата на Република Северна Македонија на денешната 59-та седница ја разгледа информацијата од Министерството за надворешни работи, за предлог-преговарачката рамка за Република Северна Македонија со ЕУ, претставена од Француското претседателство со Европската Унија.
На седницата Владата одлучи предлог-преговарачката рамка да ја проследи до Собранието на Република Северна Македонија на разгледување и донесување понатамошни заклучоци, согласно процедурите на Собранието на Република Северна Македонија.