Македонија
(Видео) Мицкоски: Увозот на тутун што го договори Заев доведе до тоа да нема откуп за домашниот

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска е во посета на Прилеп со цел, како што рече, да поразговара за исклучително лошата состојба во којашто се наоѓаат тутунопроизводителите.
„Повеќе од 4.000 тони тутун ќе остане оваа година непродаден, неоткупен поради тоа што минатата година Владата на СДСМ и Зоран Заев практично дозволи да се увезува тутун во Македонија, наместо да се откупува домашниот“, истакна Мицкоски.
Тој додаде и дека од прва рака сака да слушне за висината на откупната цена.
„Во овој крај, во Прилепско, во Долненско е исклучително би рекол ниска, како никогаш досега, пониска била само можеби во 2005 година, исто така кога СДСМ беше на власт. Од информациите со коишто располагам, не само овде во Коњаре, во Големо Маало, таква ситуацијата е и во Дебриште, така е и Црнилиште, така е и во Канатларци, буквално насекаде тутунарите во овој крај во Прилепско, во Долненско се разочарани од политиките коишто се денес секојдневие“, посочи лидерот на опозициската партија додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ предложила двојно зголемување на субвенцијата којашто ќе ја добиваат тутунарите, но од Владата немало слух за таков потег.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сончево време со температура до 18 степени

Времето ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени.
Во Скопје, сончево со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Во следните два дена ќе се задржи сончево и релативно топло време. Утринските температури на повеќе места ќе се спуштаат под нула, а дневните ќе бидат во пораст. Од петок ќе има зголемување на облачноста, а во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд, на планините снег и со опаѓање на дневните температури.
Македонија
Усвоен предлог-законот за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк

Владата на денешната седница го утврди текстот на предлог-законот за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк, подготвен од Министерството за животна средина и просторно планирање.
„Основна цел на ова законско решение е прогласување на дел од Шар Планина за заштитено подрачје од втора категорија – национален парк, заради обезбедување заштита на исклучителните природни убавини и вредности, разновидноста и богатството на биодиверзитетот, геодиверзитетот, хидролошките карактеристики, пејзажните, пределните и други вредности, како добра од јавен интерес“, соопшти Владата.
Македонија
Владата го усвои здравствениот протокол за спроведување на пописот

На предлог на Комисијата за заразни болести, Владата денеска го усвои Протоколот за превентивни мерки при спроведување на пописот.
„Протоколот ќе предвидува мерки во сите три фази на пописот, односно во фазата на тестирање, фазата на обука и во фазата на спроведување на пописот на терен со посебен Протокол за попишување на лицата кои во периодот на спроведување на пописот се позитивни на Ковид-19“, соопшти Владата.
Пописот ќе се одржи во април.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа7 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер