Македонија
(Видео) Николоски во Прилеп го повика Заев на дуел
„Сакам да се извинам за доцнењето но основна причина за доцнењето е она што го зборуваме во текот н целата кампања а тоа е нерешената инфраструктура и кон Прилеп, и кон Пелагонискиот регион, и кон Битола. Имено знаете дека експресниот пат кој што се градеше од Градско до Прилеп е стопирано од моментот на постојното патно решение има неколку семафори кои што навистина го прават патувањето невозможно.Мотив плус веднаш после победата на изборите на 15 јули да работиме за брза реализација на нашето клучно ветување за следните четири години, автопатско поврзување на Велес, Градско, Прилеп, Битола до грчка граница“, изјави Александар Николоски, потретседател на ВМРО-ДПМНЕ и Носител на изборна единица 4.
Тој најави дека ќе има средба со културните работници во Прилеп, што е значајно бидеќи планираат да изградат нов објект за театарот.
„Има навистина квалитетен театар во Прилеп, и има навистина добра публика и заслужуваат да имаат современ објект кој што објект ќе може да ги прими сите љубители на уметноста.Понатаму, старата чаршија која во изминатиот период се повеќе е затворена, а се повеќе дуќани се празни заради економската ситуација, целосна ревитализација во периодот кој што доаѓа.
Секако тука остануваат клучните ветувања поврзани со земјоделието, пред се со откупот на тутунот. Споменам ќе повторам на првата седница на влада изгласување на закон со кој што ќе се забрани кило тутун да се увезе во Македонија пред целосно да се откупи домашниот тутун. Во исто време, пред недела дена споменав, но еве недела дена помина и немам никаков одговор да го поставам повторно прашањето директорот на тутунскиот комбинат поставен од владата, тутунскиот комбинат целосно во сопственост на државата зема нето 3.5000 евра плата, бруто 5.500 евра плата. Како е тоа возможно во услови кога земјоделците и тутунарите едвај врзуваат крај со крај.Тоа е нешто за што мора да има одговорност, пред се морална, а ако има основи секако и за кривична“, рече Николоски.
„И последната работа која што сакам да ја спомена, со денови го правам овој апел се надевам дека од тука од Прилеп ќе бидам послушан, имено една од основните ветувања од нашата програма е враќање на владеењето на правото, како еден од најзначајните проекти е проектот за испитување на потекло на имот и капитал на сите носители на јавна функција во изминатите 30 години.Јавно го повикувам Зоран Заев да излезе во јавност и да каже дали е во состојба да го докаже потеклото на сопствениот капитал и капиталот на неговото семејство кое во изминатите 18 години колку што тој е вкупно на функција стана најбогато семејство во Македонија. Значи, јавно го повикувам да ја направи таа работа да излезе да каже дали може да го докаже потеклото на капиталот.
И последна работа, поврзана со медиумите, во изминатата недела имавме две покани од две национални телевизии за соочување за дуел на кои требаше да споредиме што имаме да понудиме во Четвртата изборна единица, но Заев два пати избега, го повикувам на кој сака медиум, во кое и да сака време да излеземе да ги споредиме нашата програма, онаа на СДСМ и да видиме дали граѓаните ќе дадат доверба за промени. Јас сум убеден дека промените ќе се случат на 15-ти јули со една масовна излезност“, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Отворена нова подрачна канцеларија на Агенцијата за катастар во Општина Ново Село
Агенцијата за катастар на недвижности отвори нова подрачна канцеларија во Општина Ново Село.
Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски, денес заедно со градоначалникот на Општина Ново Село официјално ја отворија новата подрачна канцеларија на Агенцијата.
Со отворањето на оваа канцеларија, повеќе од 10.000 жители на Општина Ново Село и околните населени места од денес ќе можат побрзо и поедноставно да ги остварат своите катастарски права и обврски, без потреба од патување до Струмица.
Директорот на Агенцијата, Иван Живковски, при посетата на новата канцеларија истакна дека ова е дел од поширокиот процес на реорганизација и системско приближување на институцијата до граѓаните, со цел обезбедување подостапни, поефикасни и поквалитетни услуги.
Македонија
Утрешното судење за пожарот во „Пулс“ е одложено за 26 јануари
Судењето за пожарот во „Пулс“ што требаше да се одржи утре е одложено за 26 јануари, соопшти Кривичниот суд. Расправата за пожарот во Кочани се одлага по барање на една од адвокатките која е избрана за нов член на Судскиот совет.
„Главната расправа за предметот со К.бр. 1872/25 поврзана со пожарот во Дискотеката ‘Пулс’ во Кочани, насрочена за утре 14.01.2026 – та година, се одлага по барање на бранителот на еден од обвинетите, адвокат Сузана Јошевска Анастасовска“, соопшти Судот.
Барањето е од причина што во текот на вчерашниот ден, Јошевска Анастасовска е избрана за член на Судскиот совет на РСМ, па заради исполнување на правото за ангажирање нов бранител и негово запознавање со предметот, утрешната расправа се отповикува, а судењето продолжува на следниот, претходно утврден термин, на 26.01.2026 година во 09:30 часот во судницата во КПУ Идризово.
Од Судот информираат дека заради економичност во постапувањето, странките се веќе известени за отповиканата расправа.
Македонија
Бугарски државјанин протеран од земјава, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина
Полицијата уапси бугарски државјанин на Граничен премин Деве Баир, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина.
Според информациите на МВР, вчера во 13:30 часот на Граничен премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го приведоа Н.И.Л.(47) од Република Бугарија затоа што при гранични проверки и извршен преглед во содејство со царински службеници на патничко возило „хонда џез“ со бугарски национални ознаки, со кое допатувал, биле пронајдени и одземени метален боксирач и транспарент со навредлива содржина.
Од Основен суд Крива Паланка му била изречена парична глоба и санкција „протерување на странец од земјата“ во траење од една година.
На 13.01.2026 во 02:10 часот Н.И.Л. е спроведен во Граничниот премин Деве Баир и е предаден на бугарските погранични полициски служби.

