Контакт

Македонија

(Видео) Николоски со детали: Само со тендерот за „Марковски“ може да се изградат половина од средните училишта во Македонија

Објавено пред

„Оваа прес конференција е продолжение на скандалот кој што го објавивме во однос на рекордниот криминален тендер за ископ на јаглен и јаловина во РЕК Битола за почесниот конзул на Белорусија, Борче Марковски. Продолжуваме со нови криминални детали“, вели Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Би сакале да го прашаме менаџерскиот тим на Електрани на Македонија и особено шесте лица потпишани на договорот за јавна набавка кој што сакам повторно да ги прочитам, Пеце Матевски, Златко Алексовски, Драги Крстев, Владо Котевски, Димитар Петковски и Васко Јосифовски кој е нивниот мотив или да бидам попрецизен кој е нивниот финансиски интерес со цел да спроведат и да потпишат ваков тендер. Дали разликата од 30% помеѓу избраната понуда и најниска понуда е можеби мотивот за овие шест лица, директори во РЕК Битола да потпишат ваков криминален тендер, а претходно да постават критериуми кој што одговараат само на една компанија. Дали во криминалната постапка извршиле намерно зголемување на критериумите за учество на јавната набавка со цел како што кажав само една компанија да ги исполнува, што е директно прекршување на Законот за заштита на конкуренција? Дали намерно или ненамерно направиле превид дека фаворизираниот економски оператор Марковски компани со истата механизација веќе учествува на два други тендери што е спротивно на закон. Повторувам, со истата механизација веќе работи по два претходно добиени тендери, значи истите машини РЕК Битола ги ангажира за три активни тендери. Дали ова значи дека истата машина ќе биде платена трипати за иста дневна работа и дали ова значи дека денот во РЕК Битола нема 24, нема 48, туку има 72 часа.

Повторувам, истата машина ќе биде ангажирана три пати.

Ова значи дека Марковски компани ќе работи на три паралелни тендери со иста механизација, затоа што претходно со договор од 17.11.2023 за ангажирање на помошна механизација за потребите на рударската оператива од 03.10.2023 година за ископ на јаловина со градежна оператива ја понудил истата работна сила и рударско-градежна механизација како и на новиот тендер од 46 милиони евра.

Исто така раководството на Електрани на Македонија свесно и намерно дозволиле во условите на тендерската документација да нема забрана и злоупотреба односно да може да се користи истата опрема и истиот кадар.

Понатаму еден од критериумите за утврдување на техничката способност со кој се барало идниот економски оператор да има извршено ископ од најмалку еден милион тони јаглен или 8 милиони тони јаловински маси кумулативно во последните три години.

Во претходната постапка која исто така ја добил Марковски компани се барало да има само ископ на јаловина од пет милиони кубици, значи повторувам во оваа тендерска постапка се бара да има ископано 8 милиони тони кубици јаловина, а во претходната да има ископано 5 милиони кубици јаловина, а разликата од 3 милиони кубици јаловина е толку колку што има Марковски ископано помеѓу двата тендери. Значи практично расте критериумот како што растат тендерите на Марковски комапни со цел дискриминирање на останатите, а фаворизирање на еден економски оператор со цел никој друг да не може да учествува.

Ова и бројни други факти говорат за сериозниот криминал кој се случува во РЕК Битола во корист на само една компанија за што најдобар доказ се јавните набавки кои Марковски компани ги има добиено во РЕК Битола.

Само во периодот од јануари 2021 година до февруари 2024 година, односно за 3 години Марковски компани има добиено 58 тендери во РЕК Битола во вкупна вредност од 163 милиони евра. Повторувам има добиено за 3 години 58 тендери во вкупна вредност од 163 милиони евра. Само со последниот тендер можат да се изградат половина од сите средни училишта во Македонија. Само со последниот тендер од 46 милиони евра македонските средношколци можат да добијат нови училишта, практично секое второ средно училиште да биде ново само со последниот тендер на Марковски компани, а со вкупниот број на тендери можат да се изградат сите средни училишта во Македонија и да останат пари и за спортски сали и за базени и да имаме комплетна преродба на македонското образование.

Но, власта не го прави тоа туку решава да работи за своите криминални потреби. Повикувам надлежните органи, јавното обвинителство пред се сите тендери кои ги има добиено Марковски компани и да каже како е возможно за само 3 години да добиле тендери во вредност од 163 милиони евра, 58 на број, а исто така повикувам ЈО да испита зошто шесте директори на РЕК Битола прво не сакале, а потоа решиле да ја потпишат спорната јавна набавка за ископ на јаглен и јаловина во вредност од 46 милиони евра.

Доколку тоа не го стори сега ЈО ќе го стори ослободеното ЈО по претседателските и парламентарните избори на 8 мај, по кои и точка и запирка ќе биде прегледана и сите кои прават криминал ќе одговараат“, изјави Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Објавено пред

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) со загриженост ја следи јавната комуникација на Министерството за здравство, во која се упатуваат апели до медиумите кои се ограничувачки по својата содржина и претставуваат обид за воспоставување на лоша институционална пракса во односите со медиумите.

dobivaj vesti na viber

„Како ЗНМ, го осудуваме обидот на Министерството да наметнува практични правила за тоа како медиумите треба да известуваат, особено кога тоа се однесува на чувствителни настани од јавен интерес. Таквите инструкции, иако формално претставени како апели, во суштина се форма на институционален притисок и можна цензура, што е спротивно на основните демократски принципи и правото на слобода на изразување“, велат од ЗНМ.

Потсетуваат дека членот 16 од Уставот гарантира слобода на јавното информирање и забрана на цензурата, а прашањата поврзани со новинарската етика и професионализмот припаѓаат исклучиво на саморегулаторната сфера. За тие прашања постојат Советот за етика во медиумите и Судот на честа при ЗНМ, кои се единствено надлежни да оценуваат евентуални повреди на етичките норми.

„Ги повикуваме новинарите и медиумските работници да продолжат да известуваат со професионализам, етика и чувствителност, особено кога се работи за трагични настани и ранливи групи. Но истовремено, укажуваме дека секој обид за институционално ограничување на пристапот до информации и начинот на известување е неприфатлив и штетен по јавниот интерес“, велат од Здружнието.

ЗНМ останува отворено за дијалог со институциите со цел унапредување на транспарентноста и заемната соработка, но цврсто стои во одбрана на уредувачката независност, медиумската слобода и правото на јавноста да биде информирана – како темелни вредности на секое демократско општество.

Прикажи повеќе...

Македонија

Евакуација во Психијатриската болница Бардовци, пожарот го зафати дворот

Објавено пред

Попладнево избувна пожар во населбата Геге кој се прошири кон населбата Бардовци и зафати дел од површината на дворот на Психијатриската болница Бардовци, обраснат со висока сува трева и дрвја.

dobivaj vesti na viber

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираа дека пожарот претставувал опасност да се прошири во целиот комплекс на болницата. Пациентите и персоналот веднаш биле евакуирани, безбедно изнесени надвор од кругот на болницата.

ЦУК под водство на директорот Мухамед Али, побарал дополнителни сили од Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) и координирал со Хеликоптерската единица на Министерството за внатрешни работи (МВР). Првично се разгледувала можноста за пренасочување на воздушната поддршка, која дејствувала во општина Чучер Сандево – Блаце, за да помогне во гаснењето на пожарот во Бардовци.

Во моментот, пожарот е ставен под контрола и нема потреба од дополнителна воздушна поддршка. Хеликоптерот на МВР останува ангажиран кај Блаце, општина Чучер Сандево.
На лице место, заедно со директорот на ЦУК, Мухамед Али, беше и директорот на болницата, Иса Абдулаи, кои ја координираа целата акција.

Прикажи повеќе...

Македонија

Хеликоптер го гасне пожарот кај Блаце

Објавено пред

Хеликоптер на Министерството за внатрешни работи е веќе вклучен во акцијата за гаснење на пожарот кој избувна над магистралниот пат Скопје – Граничен премин Блаце.

dobivaj vesti na viber

Пожарот избил на потегот пред тунелот, од десната страна на коловозот. Зафатил тежок и непристапен терен, па по дојава на бројот за итни случаи 112, Центарот за управување со кризи (ЦУК) веднаш побарал воздухопловна поддршка. Хеликоптерската единица бргу се активирала, а акцијата на терен се координира заедно со припадници на противпожарните служби и други надлежни институции.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Евакуација во Психијатриската болница Бардовци, пожарот го зафати дворот

Попладнево избувна пожар во населбата Геге кој се прошири кон населбата Бардовци и зафати дел од површината на дворот на...

Македонија10 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги објави имињата на уште шест кандидати за градоначалници

Покрај кандидатурата на Орце Ѓоргиевски за градоначалник на Скопје, Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за уште шестмина кандидати кои...

Македонија11 часа

Мицкоски: Нема да има данок за немажени и неженети – целта беше отворање јавна дебата

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека нема да има данок за немажени и неженети, појаснувајќи дека изјавата имала за цел да...

Македонија12 часа

Орце Ѓорѓиевски е кандидат за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука актуелниот градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, да биде кандидат за градоначалник на Градот...

Македонија14 часа

(Видео) Пожарите ќе се гаснат со пренаменети армиски и полициски возила кои 8 години биле запуштени, рече Мицкоски

Полициски и армиски возила коишто повеќе од осум години биле целосно запуштени, се пренаменети за да ги гаснат шумските пожари....

Македонија15 часа

(Видео) Ангелов: Ова лето гранката нема да ми биде потребна – добивме 43 специјализирани возила за гаснење пожари

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, истакна дека ова лето државата е подготвена да се справи со...

Забава16 часа

Македонецот Никола Станишиќ победник на „Ѕвездите на Гранд“, во финалето ја запеа „Ако утре ме нема“ од ДНК и им ја посвети на жртвите од „Пулс“

Македонецот Никола Станишиќ е победник на регионалното музичко натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, освојувајќи ја титулата со најмногу гласови од публиката...

Свет19 часа

Илон Маск: Основав нова партија

Илон Маск најави основање на нова политичка партија во САД под името „Американска партија“, еден ден откако на социјалната мрежа...

Свет19 часа

„Најдобриот разговор досега“ – Зеленски по телефонскиот повик со Трамп за системите „Патриот“ и одбраната на Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го опиша својот телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп како најдобар во целиот овој период,...

Македонија1 ден

ЦУК: Пожарот во Самоков веднаш изгаснат, објектите на фабриката не беа во опасност

Пожарот во Самоков е локализиран и веднаш изгаснат. Во ниту еден момент немаше опасност од негово ширење кон објектите на...

Топ1 ден

Претставувајќи се како божји човек кој крши магии, скопјанец дошол до 400.000 евра од сопружници, барале помош за синот

Педесетчетиригодишен маж од селото Трубарево, скопско, е приведен поради сомнеж за измама, со што се стекнал со противправна имотна корист...

Македонија2 дена

(Видео) Со див приклучок на водоводната мрежа полевал илјадници метри земјиште – Град Скопје поднесе кривична

Град Скопје информира дека денеска е откриен нов див приклучок на мрежата за питка вода на подрачјето на општина Сарај,...

Македонија2 дена

„Ова не е буцни прачка, пиј вино“ – Тошковски уверува дека се постапува за дивоградбите во Чаир

Министерството за внатрешни работи постапува по наредба од јавен обвинител во врска со случаите на дивоградби на подрачјето на скопската...

Топ2 дена

Куќен притвор за возачот што го усмрти Југослав на кеј, претходно бил осудуван за насилство и непочитување на ковид мерки

Судот му определи куќен притвор на 25-годишниот скопјанец кој со мотор без дозвола го усмрти Југослав Николовски (68) на пешачка...

Топ2 дена

17-годишник загина во сообраќајка во Кичево – возел мотор и се судрил со „ауди“

Несреќа со смртни последици се случи вчера во Кичево, пришто животот го загуби 17-годишно момче од овој град, кое управувало...

Свет2 дена

Трамп го потпиша својот „голем, прекрасен“ закон: „Никогаш не сум видел толку среќни луѓе“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера во Белата куќа потпиша голем пакет даночни олеснувања и намалувања на јавните трошоци, на...

Македонија2 дена

Пеколни горештини во Македонија, температурата денес ќе достигне 41 степен

Македонија е под топлотен бран. Според метеоролозите, времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална...

Македонија2 дена

Маргини: Луѓето не заминуваат оти се откажале од формирање семејства, туку зашто државата се откажала од нив

Коалицијата Маргини ја осудува изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека „време е за држава каде што ќе се раѓаат повеќе...

Спорт2 дена

Тенис на Вимблдон или трки на коњи во Аскот

Танталови маки за англиската аристократија Од специјалниот известувач од Вимблдон Во Велика Британија временските прилики се најчесто неприлики доколку планирате...

Македонија2 дена

Османи: Владата направи огромна грешка што го постави јазикот како алатка за популистичка егзибиција, време е да се престане со националистичко родео

Владата направи огромна грешка што го постави јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција. Со тоа тие ја...