Македонија
(Видео) НСДП: Ќе се залагаме за намалување на искористувањето фосилни горива
Обновливите извори на енергија за многумина се иднина, за НСДП, тие се сегашност.
НСДП ќе се залага за приклучување кон светските напори за намалување на искористувањето цврсти и фосилни горива, изјави портпаралот на Централниот изборен штаб на НСДП, Владимир Трајкоски.
„Еден од приоритетите е финансиска поддршка на јавните и приватните објекти да извршат замена на постојните нееколошки системи за греење со технологии засновани на природни извори на енергија, како и технологии за зголемена енергетска ефикасност на самите објект. Државните установи и институции сметаме дека први треба да го направат овој еколошки исчекор. Правото на чист воздух е едно од најважните и сигурни сме дека може да се оствари преку низа мерки, меѓу кои: изградба на инфраструктура за централно греење во секој град, стимулирање на производство на струја од соларна енергија“, рече тој.
Трајковски додаде дека нема дилеми околу потребата за обезбедување здрава вода за сите, но претходно езерата и реките мора да се исчистат од хемикалии и пестициди кои несовесно се истураат во нив.
„Се залагаме за зачувување на слатководниот жив свет на природните езера со одредување заштитни зони, за искористување на подземните води за наводнување за земјоделските полиња и градското зеленило. Неопходно е да ставиме крај на дивите депонии, да воведеме систем на примарна селекција на отпадот, да го забраниме користењето на отпадот за суровина и енергенси. Да станеме одговорни кон животната средина, а со тоа и кон самите себе“, рече Трајковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

