Македонија
(Видео) Османи: Владата не именува и разрешува министри, туку Собранието
Министерот за надворешни работи Бујар Османи, одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција, не кажа дали е пристигнато барање за разрешување на министрите за здравство и за информатичко општество и администрација.
„Владата не именува и разрешува, туку Собранието. Доколку има барање на кој било од коалициските партнери, тоа се адресира до премиерот и потоа премиерот носи одлука дали тоа ќе го пренесе до Собранието и Собранието на крај носи одлука за одредени кадровски решенија во Владата. Нашите министри се именуваат и разрешуваат во Собрание. Ако има нешто такво, се информира премиерот и тој е тој што треба да го информира Собранието за таквите одлуки ако има такво барање од некоја партија која е коалициски партнер“, кажа Османи.
На прашањето дали ќе биде кандидат за претседател на државата, Османи одговори дека тоа се партиски одлуки и дека не било разговарано за тоа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

