Македонија
(Видео) Отворена Европската куќа во Струмица
Премиерот Зоран Заев, амбасадорот на Европската Унија во нашата земја Дејвид Гир и градоначалникот на Општина Струмица Коста Јаневски денеска во Струмица свечено ја отворија „Европската Куќа“.Ова е трета локација по Скопје и Крива Паланка каде што се отвораат вакви објекти, а нивното отворање и нивниот концепт се сеопфатен одговор на барањата и потребите на нашите граѓани да бидат во најблизок контакт со политиките на ЕУ, кои се од интерес на младите и на граѓаните на нашата земја и придонесуваат за активно вклучување во обликувањето на европската иднина на земјата.
„Кога ќе речеме „Европска куќа“, тогаш зборот куќа не го толкуваме како нешто што означува архитектонски објект, туку како дом. А каде што има дом, таму има и семејство. Најчесто Европската Унија ја нарекуваме – Европско семејство. Ако е тоа така, тогаш оваа „Европска куќа“ што денес ја отвораме, не е ништо друго туку Европски дом за младите струмичани“, рече премиерот Заев во своето обраќање.
„„Европска куќа“ ќе биде исклучително жив простор во кој младите од Општина Струмица, па и пошироко, ќе ги чуваат и негуваат европските вредности, преку разни форми на дружење, инфо-услуги, ЕУ дискусии, реализација на проекти, промоции на ЕУ настани, изложби, филмски, музички и мултимедијални настани, работилници и слично. Убеден сум дека „Европска куќа“ ќе биде омилена дестинација за младите и дека сите настани кои ќе бидат реализирани ќе ги дадат посакуваните резултати“, истакна градоначалникот на Струмица Коста Јаневски.
Со заменувањето на ЕУ Инфо центрите со Европски куќи се овозможува младите луѓе да имаат место каде што ќе ги развиваат нивните критички размислувања, ќе ги зајакнуваат своите мрежи и ќе бидат директно вклучени во обликувањето на европската иднина на својата земја.
„Позитивните искуства кои ги имавме со отворањето во Скопје не инспирираа да отвориме повеќе вакви точки за идните генерации ширум градовите во Северна Македонија. Младите луѓе мора да бидат дел од отворениот дијалог за Европските перспективи на земјата од првиот ден. Мора да се вклучени во разговорите за сите големи прашања и да бидат активни чинители“, истакна евроамбасадорот Дејвид Гир при денешната церемонија во Струмица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патен правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

