Македонија
(Видео) Панова: Владата да ја повлече одлуката за враќање на родителите на работа
Владата да ја повлече одлуката за враќање на родителите на работа додека не обезбеди услови во градинките и училиштата, побара пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова.
„Со последната одлука на Владата да ги врати сите родители на работа, без притоа да обезбеди услови за згрижување на децата до 10 години, испраќа порака дека децата и нивната добробит не ѝ се важни. Уште повеќе, не им е важна ниту состојбата на мајките со продолжено породилно отсуство или на мајките на деца до 6 години“, рече таа.
Инсистираме, додаде Панова, Владата да ја повлече оваа избрзана одлука, да отвори јавна дебата и пред носење нова одлука да ги земе предвид барањата и потребите на родителите и, пред сè, во фокусот да биде грижата за доброто на децата и семејствата.
„Избрзаноста и негрижата, како и целосното отсуство на реална слика на состојбите од страна на членовите на Владата, се гледа во тоа што пред да ја донесе одлуката оваа власт воопшто не водела сметка за бројот на децата до 6 години, кои не се запишани во градинка или згрижувачки центри, а не се водела ни од вистинскиот капацитет – просторен и од аспект на човечките ресурси во градинките. Едноставно, во градинките нема место. Кратењето на продолженото породилно е и спротивно на предлогот на Комисијата за заразни болести, која препорача отсуството да трае до крајот на годината поради што мајките не ги запишаа децата во градинка“, рече Панова.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Битиќи: ВМРО-ДПМНЕ одби амандман за набавка на еколошки автобуси
Амандманот на државниот буџет за 2025 предложен од пратеници од СДСМ, со кој треба да се обезбедат 50 милиони денари за набавка на еколошки автобуси, кои треба да се поделат на општини со организиран јавен превоз, беше одбиен од заменик министерот за финансии и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ на собраниската комисија за финансирање и буџет.
Пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи во расправата по амандманот истакна дека во буџетот не се предвидени средства за набавка на еколошки автобуси, што беше образложение на власта за одбивање на амандманот.
„Основната лекција во креирање буџет е да има приходна и расходна страна, ако на приходната страна нема пари, не може да има трошок на расходната страна. Велите гледаме да купиме 120 автобуси, а ги нема ви буџетот, како 35 милиони за Мајка Тереза универзитетот, што ги најдовте, а во буџетот се предвидени одвај 100.000 евра“, рече Битиќи.
Тој истакна дека денеска тие шест еколошки автобуси, не изникнаа, тоа пред 5 години е влезено во програмирање, така се води држава, една партија почнува, друга ќе продолжи, тоа е нормален начин.
„Вашата градоначалничка во Скопје, требаше да купи 250 еколошки автобуси, па БРТ, за да денеска нема ни БРТ, ни еколошки автобуси, гледаме дали Белград ќе ни даде. Не само да кажуваме дека планираме, три години видовме во Скопје како се планира, и како не се купуваат 250 автобуси, порача пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи, на собраниската комисија за финансирање и буџет.
Македонија
Поради сообраќајна незгода, во прекин сообраќајот на патот Велес-Градско
Од 18:40 сообраќајот на регионалниот пат Велес-Градско е во прекин поради случена сообраќајна незгода, соопшти АМСМ.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
(Видео) Лукаревска: ВМРО-ДПМНЕ одби амандман на СДСМ за прочистување на Дојранското езеро
ВМРО-ДПМНЕ одби уште еден амандман на СДСМ, со кој беше предложено да се обезбедат средства за изградба на колекторскиот систем во општина Дојран. Овој проект е од суштинско значење и за санитарните и за еколошките услови во општината, особено за заштитата на водата во Дојранското езеро, рече пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на комисијата за финансирање на буџет.
– Со овој колекторски систем ќе се овозможи собирање и прочистување на отпадните води, пред нивното испуштање со што ќе се спречи загадувањето на езерото и ќе се подобри квалитетот на водите, придонесувајќи за заштита на природната средина, рече Лукаревска.
Таа објасни дека со реализација на овој проект општина Дојран ќе го зајакне својот туристички потенцијал, ќе има позитивни економски ефекти, а ќе се зголеми и квалитетот на живот на локално население.