Македонија
(Видео) Панова: Само богатите ли треба да имаат можност да преживеат од Ковид-19?
Владата и Филипче немаат никаква контрола врз здравствената криза во Македонија. Македонија е помеѓу првите пет земји во Европа по смртноста од Ковид-19. А вчерашниот ден Филипче и Заев го потрошија на сликање, пред комбе од приватна донација. Секоја донација секогаш е добредојдена, но кога сè наоколу е хаос, тогаш пиарот е недозволив. Го повикувам министерот за здравство Филипче да го посети овој објект на Прва помош Струмица за да се видат катастрофалните условите во кои се пружа прва помош. Чиста руина“, изјави пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова.
„Сликањето вчера и трошење цел ден додека луѓе умираат, беше само пиар-стратегија, бидејќи оваа донација никогаш немаше да се случи ако директорот на струмичката болница панично не побараше помош од граѓаните. Уште полицемерно е тоа што во ребалансот ни го одбивте амандманот да се набават амбулантни возила за Струмица. Инаку, болнички возила недостасуваат низ цела Македонија, затоа што четири години не успеавте да набавите ниту едно болничко возило.
Бидејќи Филипче престана со секојдневните прес-конференции, треба да одговори до кога пациентите во јавното здравство ќе имаат различен третман со оние коишто се лекуваат во приватните болници. Нека одговори колку пациенти до денес починале во јавните здравствени установи, а колку во приватните? Треба ли само богатите да имаат можност да преживеат? Во Македонија на големо пациентите купуваат лекови на своја рака. Сами се снаоѓаат. А власта сè уште не кажува зошто терапијата што функционира и дава плод во приватните болници, не се применува и во државното здравство?“, додаде таа.
Според Панова, голем проблем е и бројот на тестови. „Апелирам драстично да се зголеми тестирањето. Не смее тоа да е луксуз и повторно само за оние кои можат да си дозволат 4.000 денари за да можат да се тестираат. Министре Филипче, колку денови се чека за термин за некој да се тестира, а се разбира при тоа да не е функционер на СДСМ?
Се носеа измени во Законот за здравствена заштита и тоа за мерки наменети за дисциплина на граѓаните, но она што е неопходно е и носење измена со која ќе се овозможи под еднакви услови на секој којшто има потреба, да се овозможи итен тест, и тоа истиот ден. Бидејќи повеќе не очекуваме ниту Ваша реакција, ниту одговори. Очекуваме Ваша оставка“, вели таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево време со температута од 17 степени, за утре метеоролозите најавија повремени локални врнежи од дожд
Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 17 степени, јавува УХМР.
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност, освен во четврток кога ќе има повремени локални врнежи од дожд. Утре и во четврток по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos

