Контакт

Македонија

(Видео) Пендаровски на конференцијата „Украина – две години хероизам“: Оваа војна е најголемата закана за мирот и за европската безбедност

Објавено пред

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на конференцијата „Украина – две години хероизам“, организирана од Амбасадата на Украина во Република Северна Македонија во соработка со невладината организација ЦИВИЛ – Центар за слобода, а која се одржа по повод 2 години од почнувањето на руската инвазија врз Украина.

„Минатата година, на овој ист ден, посакавме никогаш повеќе да не се собираме за да ги одбележуваме годините на борбата за слобода на Украина, туку да ги прославиме ослободувањето од рускиот окупатор и хероизмот на украинскиот народ.

За жал, денес, бруталната агресија врз оваа наша пријателска држава од страна на режимот на Путин навлегува во третата година, а загубите во човечки животи, страдањата на милиони луѓе во целата земја, девастирачките последици и разрушувањата не се намалуваат“, рече Пендаровски.

„За овие две години, сведоци сме на целата нечовечност на еден режим отсечен од реалноста, кој како да е излезен од најтемните времиња на европската историја од минатиот век, во целосен расчекор со реалноста на 21 век. Таа персонална диктатура се обидува не само да наметне ревизија на историјата туку и да ги промени границите на Европа во спротивност на сите меѓународно-правни договори што ги гарантираат мирот, стабилноста и безбедноста на континентот по крајот на Втората светска војна.

Истиот тој режим, кој ги гази правдата и човечкото достоинство и во сопствената држава, кој секојдневно ги прогонува, затвора и убива своите опоненти, се обидува да наметне визија за светот во кој деспотите и слични на нив ќе бидат во позиција да ја одредуваат судбината на сегашните и на идните генерации.

На патот на тие обиди, проследени со невидена бруталност, на првата линија на отпорот, веќе десетина години стои херојскиот украински народ поднесувајќи огромна жртва и покажувајќи истрајност и постојана верба дека доброто може да го победи злото. Затоа, војната за слобода, која Украина ја води денес, е за праведна кауза, во името на целиот демократски и цивилизиран свет, кој мора да продолжи да помага сè до целосно ослободување на Украина, просто затоа што во таа борба сите ние немаме право на пораз.

Оваа војна е најголемата закана за мирот и за европската безбедност, чиј исход ќе влијае врз поредокот не само на нашиот континент туку и во меѓународните односи во годините што доаѓаат. Војна што ќе покаже дали годините на демократски развој во Европа, по крајот на Студената војна, се залудно потрошени за реализација на една апстрактна идеја или, пак, демократијата сè уште е жилава и доволно силна да покаже отпорност кон ретроградните и авторитарни режими и предизвиците што тие ги создаваат“, изјави Пендаровски.

Најново

Македонија54 минути

Герасимовски: Нема цензура, туку политички театар, ЗНАМ и Левица глумат жртви и ја манипулираат јавноста

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги отфрли обвинувањата од „ЗНАМ“ и советникот на Левица, Куцуловски, дека имало цензура на...

Спорт1 час

Тотенхем во историска криза: Четири кола, нула победи и нула голови

Тотенхем по четири рунди во Премиер лигата е единствениот тим што не успеал да постигне гол. Вечерва, Тотенхем одигра 0:0...

Спорт2 часа

(Видео) Милан со блиц криг до бод против Лацио

Лацио и Милан одиграа 2:2 во четвртото коло на Серија А на „Олимпико“. Домашниот тим имаше предност од два гола...

Македонија2 часа

(Видео) Подметнат е пожарот во Шутка: доаѓаат со тротинети, потураат течност, палат и си одат

Безбедносна камера снимила две момчиња кои, според снимката, доаѓаат со електрични тротинети пред неколку дуќани во Шуто Оризари, го потпалуваат...

Спорт3 часа

(Видео) Попладне на гостинските тимови во Премиер лигата

Воведните пет натпревари од четвртото коло од Премиер лигата, минаа во знакот на гостинските тимови, не им дозволија победа на...

Спорт4 часа

(Видео) Фрајбург го растури Менхенгладбах, сигурни победи на Дортмунд и Ајнтрахт

Пет натпревари од 3. коло од Бундеслигата беа одиграни попладнево, а натпреварите беа одбележани со голови, пресврти, но и убедливи...

Македонија4 часа

Досега регистрирани 138 шумски пожари во државава, до крајот на јули штетата изнесува четири милиони евра

Јавното претпријатие „Национални шуми“ досега има регистрирано 138 шумски пожари. Заменик директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов вели дека...

Спорт4 часа

Фантастична круг и пол позиција за Ландо Норис

Возачот на Мекларен, Ландо Норис ќе стартува од пол позицијата на утрешната трка за Големата награда на Шпанија, која се...

Македонија4 часа

Николоски: Економскиот напредок на Македонија во фокусот на соработката со Фондацијата „Конрад Аденауер“

Економскиот напредок на Македонија, ефективното владеење на правото и подобрата комуникација со граѓаните биле во фокусот на тридневниот настан, организиран...