Македонија
(Видео) Пендаровски: Не очекуваме блокада од Бугарија за членството во ЕУ
Северна Македонија е целосно подготвена за почеток на преговорите. Не очекуваме нова блокада, овој пат од Република Бугарија, рече претседателот Стево Пендаровски на Глобалниот безбедносен форум ГЛОБСЕК 2020 во Братислава, на тема „Западен Балкан по Ковид-19“.
Тој рече дека кон средината на овој месец предвидена е нова средба на македонско-бугарската Комисијата за историски и образовни прашања.
„Како што договорот од Преспа реши повеќедецениски проблем, верувам дека во духот на договорот за пријателство и добрососедска политика, Република Бугарија нема да биде причина за ново разочарување за сите нас. Бидејќи ако се случи тоа, незадоволството кај нашите граѓани и кај политичарите ќе биде големо“, рече Пендаровски.
Осврнувајќи се на дијалогот помеѓу Србија и Косово, претседателот Пендаровски истакна дека ќе ја поддржи одлуката на двете земји, каква и да е, сè додека таа одлука придонесува за регионалната стабилност и не ги допира суверените права на соседните држави.
„Мојата главна улога како претседател на државата е да ги штитам националните интереси на мојата држава. Затоа, од меѓународната заедница бараме кое било решение што ќе го постигнат Белград и Приштина, да содржи гаранции за регионалната стабилност. За доброто на целиот регион, секако би сакале што побргу да се постигне договор помеѓу Србија и Косово“, заклучи претседателот во своето обраќање на Глобалниот безбедносен форум ГЛОБСЕК 2020.
Прашан за иницијативата „Мини шенген“, претседателот Пендаровски повтори дека ја поддржува бидејќи иницијативата е автентична идеја на нашите држави и ќе придонесе кон економската соработка во регионот и креирањето на регионален пазар. Секако, рече тој, крајната цел е целосна интеграција во Европската Унија на сите држави од Западен Балкан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

