Македонија
(Видео) Полицискиот хеликоптер дејствува врз пожарот на Галичица
Во моментов полицискиот хеликоптер Ми 171 дејствува врз пожарот на Галичица од охридска страна, oбјави Центарот за управување со кризи, споделувајќи видео од гаснењето.
Според последните информации, пожарот е ставен под контрола, но и натаму состојбата се следи будно и се работи на негово целосно гаснење од воздух и земја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Црната листа на САД е многу динамична и отворена за додавање нови имиња, порача Агелер
Американската амбасадорка Анџела Агелер денеска одговарајќи на новинарско прашање околу „црната листа“ на САД кажа дека таа е многу динамична и дека постојано се дискутира за нови имиња.
Во изјавата по отворањето на првата Конференција за борба против корупцијата во Западен Балкан организирана од Амбасадата на САД во Скопје, во соработка со Бирото за меѓународни наркотици и спроведување на законот (INL), амбасадорката посочи дека листата е отворена за дополнувања.
Агелер нагласи дека нема конкретна временска рамка за додавање нови лица на листата, бидејќи тоа е одлука на Вашингтон.
„Црната листа на САД е многу динамична, постојано се разгледуваат и се дискутира за имиња. Јас ја немам временската рамка, бидејќи тоа е одлука на Вашингтон. Но можам да ве уверам дека додека зборуваме има одреден број на имиња кои се земени предвид и како и секогаш сме отворени кон додавање нови лица на листата и ќе се погрижиме да дознаете кога тоа ќе се случи“, кажа амбасадорката.
Последни кои се најдоа на „црната листа“ на САД од земјава беа поранешната шефица на згаснатото Специјално јавно обвинителство (СЈО), Катица Јанева, и актуелниот градоначалник на Општина Карпош и лидер на политичката партија ГРОМ, Стевчо Јакимовски.
Македонија
Лукаревска: Со укинување 5 отсто на ДДВ-то граѓаните ќе имаат заштеда до 2.000 денари месечно
СДСМ поднесе предлог закон со кој ќе се укине 5 посто од данокот на додаден вредност на основните прехранбени производи, со што месечно граѓаните би имале заштеда од 1200 до 2000 илјади денари месечно, бидејќи со овие промени ќе се намали месечната потрошувачка кај секое семејство, рече пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната собраниска седница.
-Во предлогот се опфатени над 250 категории производи, којшто ќе бидат со 0 проценти ДДВ. Ако се земе предвид тоа што учеството на храна и пијалаци во потрошувачката кошничка изнесува околу 23 илјади денари, по направените анализи и статистики, ефектите од намалувањето на ДДВ на 0 проценти ќе донесе, заштеда на граѓаните, дури до 2000 денари месечно, рече Лукаревска.
Таа потенцираше дека она што е најважно во спроведување на овој предлог закон, е што не е потребно обезбедување на финансиски средства и оваа мерка нема да може да биде изиграна од страна на трговците.
Македонија
ЈО: Дадени ѝ се насоки на Управата за финансиска полиција да се испитаат постапките за јавни набавки за горивото за ЈСП
Од државното Јавно обвинителство денеска соопштија дека ги следат сите информации во врска со јавниот превоз во Скопје и дека веќе ѝ се дадени насоки на Управата за финансиска полиција да ги испита постапките за јавни набавки на мазут за потребите на ЈСП.
Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески, за денеска во 18 часот закажа итна вонредна седница, на која треба да се расправа за нефункционирањето на јавниот превоз во градот откако автобусите на ЈСП прекинаа да сообраќаат поради недостиг на гориво.