Контакт

Македонија

(Видео) Потпишан етичкиот кодекс, функционерите се обврзаа на транспарентно и одговорно работење

Објавено пред

На седница на Владата денеска беше потпишан кодексот за етичко однесување на носителите на јавни функции. По тој повод, заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, беше назначен за следење и спроведување на новиот кодекс.

Како што беше посочено на седницата, кодексот не ги опфаќа само членовите на Владата, министрите, туку и сите други функционери назначени од Владата. Тоа ќе важи и за директорите на самостојни органи, директори и членови на одбори на јавни претпријатија, раководни лица во акционерски друштва во државна сопственост. Основната намена на кодексот е обезбедување отчетно и транспарентно работење на функционерите на извршната власт, односно градење систем на интегритет и добро владеење.

Премиерот Зоран Заев изјави дека обврзувањето на кодексот значи почитување на уставноста, законитоста, професионалниот интегритет, ефикасноста, лојалноста, одговорноста и транспарентноста на Владата и на сите владини институции.

„Потписот е нашата согласност дека ги прифаќаме сите највисоки етички принципи за заштитата на човековите слободи и права при вршење на нашите функции и должности во рамките на Уставот, законите и меѓународните договори, ратификувани согласно Уставот на Република Северна Македонија“, истакна Заев.

Со донесувањето на новиот кодекс за етичко однесување, рече Заев, исполнета е и препораката на ГРЕКО за практично спроведување на кодексот и насоките преку посебен механизам, воведување мерки за санкции и почнување системско подигање на свеста за добро управување на лицата што вршат највисоки извршни функции.

Николовски, кој беше именуван за одговорен за следење на спроведување на кодексот, денеска на свеченоста се заблагодари за довербата.

Тој говореше за обврските за носителите на јавните функции. Една од нив е доставување на извештаи за службените трошоци на секои шест месеци. Овие извештаи ќе продолжат да се објавуваат на владината алатка за отчетност, која ќе биде надградена за да ги опфати сите функционери именувани од Владата.

Понатаму, функционерите треба да ги објават сите податоци за својата работа и работата на својата институција на веб-страницата. Односно, сите извештаи за работење, планови за работа, ревизорски извештаи, списоци на вработени, завршни сметки, т.е. сè што е од интерес за граѓаните кога станува збор за работењето на институциите финансирани од буџетот. Доколку не го сторат ова, тие ќе одговараат не само согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, туку и пред Владата.

Кодексот предвидува и обврска за функционерите да имаат јавно објавен записник за средбите кои ги имаат со лоби-организации и ќе бидат обврзани да го пријават секој сомнеж дека се во состојба на конфликт на интереси и да побараат препораки.

Заедно со Николовски, спроведувањето на кодексот, дополнително ќе го врши национален координатор за одговорно владеење и транспарентност.

Во случај на непочитување на одредбите од кодексот, претседателот на Владата може изрази несогласување, односно официјална критика за однесувањето на лицето што не го почитувало овој кодекс и укажување да го поправи однесувањето, при што тоа може и јавно да се објави; политичка одговорност, односно барање за поднесување оставка на носителот на извршна функција или предлог за негово разрешување и/или поднесување иницијатива за информирање надлежни институции.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

(Видео) Мицкоски од Прилеп: Ќе направиме автопат од Скопје до Прилеп преку Бабуна

Објавено пред

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од Прилеп вети изградба на автопат од Скопје до Прилеп преку Бабуна и забрана за увоз на тутун додека не се откупи домашниот ако неговата паартија победи на изборите.

„Најпрвин им благодарам на прилепчани што во голем број се денеска овде во Центарот на Прилеп за да може да разговараме за иднината, да зборуваме за тоа како треба Прилеп да изгледа во иднината, а не како што е денеска, би рекол град што е целосно застанат во времето. Град во кој царува криминалот, царува корупцијата, град во кој практично недалеку од оваа бина од овде имаме информации и сознанија дека практично се продаваат и тргуваат наркотични средства. Град што е засрамен од началникот на одделот за внатрешни работи, кој беше уапсен поради основано сомнение дека врши нелегална трговија со наркотични средства и уште многу други работи, кои, за жал, изминативе четири години го ставија Прилеп на дното на приоритетите на оваа Влада“, рече тој.

Денеска, тука, во Прилеп, додаде Мицкоски, ќе имаме можност да го промовираме проектот што почна овде од Прилеп, а тоа е проектот за изградба на ново автопатско решение Скопје – Велес преку Бабуна, Прилеп, Битола, Меџитлија.

„Но, исто така ќе зборуваме за концептот на целосно дигитализирана општина. Тука до мене е и идниот градоначалник на Прилеп, доктор Борче, кој е човек за кој овде веќе сите гласно зборуваат дека е идниот градски татко за идните четири години, а зошто да не и понатаму да го препороди навистина Прилеп и да го крене од ова мочуриште во кое денеска се наоѓа“, рече Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Утре сончево и многу топло со температура до 43 степени

Објавено пред

Утре ќе биде сончево и натпросечно топло со слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 24, а максималната ќе достигне од 35 до 43 степени. Вредноста на УВ-индексот ќе биде многу висока и ќе изнесува 9.

Во Скопје сончево и натпросечно топло со слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне 42 степена.

Под влијание на многу топла воздушна маса од југ продолжува периодот на стабилно и исклучително многу топло време до 6 август со натпросечни температури за овој период од годината.

Ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури, а вредноста на УВ-индексот ќе изнесува 9. Наместа по должината на Повардарието температурата ќе го надмине и 42. степен.

Прикажи повеќе...

Македонија

МОН: ВМРО-ДПМНЕ нема почит кон наставниците

Објавено пред

Министерството за образование и наука изразува жалење што денеска, поради опозициската ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, како што се наведува, испуштена е можноста за усвојување на измените на Законот за наставниците и стручните соработници, со кои се обезбедуваат повеќе права и се унапредува економскиот и општествниот статус на наставниците.

„Очигледно е отсуството на интерес кај претставниците на најголемата опозициска партија во парламентот за придонес кон подобрување на состојбите во областа на образованието, првенствено преку подигнување на мотивацијата за работа на наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта во државата. А тоа е нешто што го обезбедува ова современо законско решение“, велат од МОН.

Од МОН појаснуваат дека законот уредува дека сите нови вработувања во училиштата ќе бидат директно на неопределено време наместо како досегашната практика да се чекаат две години за почнување процес на трансформација, а воедно и сите наставници и стручни соработници, кои во овој момент се ангажирани на определено време, со стапувањето во сила на законските измени ќе добијат решение за трајно вработување доколку ги исполнуваат предвидените законски услови.

Законското решение, додаваат од МОН, овозможува професионален и кариерен развој за вработените во училиштата, како и следење и оценување на работата уште од првиот ден на стапувањето во редовен работен однос. Воедно, првпат законски се дефинираат компонентите на платата на наставниците и стручните соработници, со што се овозможува исплата на додатоците на плата за претходно стекнатите педагошки звања како резултат на успешност во работењето, додатокот за одделенско, односно класно раководство, за работа во комбинирана паралелка и за работа во ридско-планинско подрачје за кои во минатото имаше реакции дека не се исплаќаат од страна на училиштата.

Решението предвидува и исплата на целосна плата за неполн неделен фонд на часови на наставниците кои ќе реализираат воспитно-образовна работа според наставен план и програми донесени во согласност со Концепцијата за основно образование и воспитание доколку имаат минимум 10 наставни часа во неделата. А предвидено е и покачување на платите на наставниците со секое зголемување на минималната плата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

(Видео) Три лица загинаа, десетици се повредени во големиот пожар кај Анталија

Три лица загинаа, а повеќе десетици се во болница во шумскиот пожар што се прошири во одморалиштето Манагвата, во близина...

Свет3 часа

Истрагата утврди дека државата е одговорна за убиството на малтешката новинарка

Истрагата за убиството на малтешката новинарка Дафне Каруана Галиција во 2017 година покажа дека државата е одговорна за нејзината смрт,...

Македонија6 часа

300.000 денари од Град Скопје како награда за олимпискиот вицепрвак Дејан Георгиевски

Град Скопје ќе му додели парична награда во износ од 300.000 денари на добитникот на сребрениот медал во теквондо (категорија...

Македонија7 часа

Мицкоски: Некои Резолуцијата ја поддржаа искрено, други помалку искрено, но благодарност до сите

ВМРО-ДПМНЕ го поздравува донесувањето на Резолуцијата во македонското Собрание со која јасно се оцртуваат национални и државни позиции во однос...

Македонија8 часа

Регистрирани нови 54 случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.764 тестирања, а регистрирани се 54 нови случаи на...

Македонија8 часа

Новото име на мини шенген е Отворен Балкан, потпишани првите официјални договори

Како дел од церемонијата на Економскиот форум во Скопје денеска беше објавено новото име на иницијативата позната како мини шенген,...

Македонија8 часа

УНЕСКО ги призна буковите шуми на Длабока Река како светско природно богатство

Македонија доби ново подрачје признато од УНЕСКО како светско природно наследство, буковите шуми на Длабока Река како дел од Националниот...

Македонија9 часа

Рама од Скопје: Изгубивме векови, наместо грб со грб време е да се свртиме кон соработка

Премиерот на Албанија, Еди Рама, во воведното обраќање на Економскиот форум во Скопје порача дека „нема зошто да останеме затворени...

Македонија9 часа

Заев: Западен Балкан не може да чека ЕУ да ги реши внатрешните проблеми за да оди напред

Со обраќања на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, и...

Економија10 часа

Пониски сметки за граѓаните приклучени на парно

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлуки со кои се намалува во просек за 4% крајната цена на...

Македонија10 часа

Вучиќ на форумот во Скопје: Целта е од 2023 да нема граници помеѓу нашите земји

Во Скопје денеска се одржува голем регионален Економски форум, како дел од иницијативата мини шенген, каде што учествуваaт и претседателот...

Свет12 часа

Најголемата австралиска сојузна држава пријави рекорден број на новозаразени

Австралиската сојузна држава Нов Јужен Велс пријави најголем дневен број луѓе заразени со коронавирус, само еден ден откако карантинот во...

Свет12 часа

(Видео) Земјотрес со јачина од 8 степени по Рихтер ја погоди Алјаска, издадено предупредување за цунами

Земјотрес со јачина од 8,2 степени според Рихтер се случи во близина на Алјаска, а издадено е предупредување за цунами...

Македонија14 часа

Заев, Вучиќ и Рама на Економски форум во Скопје

Денеска во Скопје ќе се одржи Економски форум за регионална соработка на кој се очекува да учествуваат над 300 компании...

Македонија1 ден

Груевски ќе развива бизнис во Унгарија, на 15 јули регистрирал фирма со широк опсег на дејности

Поранешниот македонски премиер, Никола Груевски, регистрирал фирма со широка деловна активност во гратче во близина на Будимпешта, три години по...

Топ1 ден

(Видео) Полицаец бил дел од скопска банда за шверц на дрога и оружје, користеле и блиндирано возило

По повеќемесечно криминалистичко истражување, денеска Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал во координација со Единицата за специјални полициски операции...

Свет1 ден

Кинезите бараат СЗО да испита дали коронавирусот настанал во Америка

Повеќе од 15 милиони корисници во Кина потпишаа онлајн петиција за истрага на лабораторијата „Форт Детрик“ во Соединетите Американски Држави...

Домашен1 ден

Државата ќе ги награди Дејан Георгиевски и неговиот тренер со 2,4 милиони денари за среброто на Олимписките игри

Државата ќе ги награди Дејан Георгиевски и неговиот тренер со 2,4 милиони денари за освоениот сребрен медал во дисциплината теквондо...

Македонија1 ден

Заев и Тачи договорија соработка за локалните избори

Лидерите на СДСМ и на ДПА, Зоран Заев и Мендух Тачи, договорија соработка за локалните избори. Заев соопшти дека СДСМ...

Македонија2 дена

Бремените жени и лицата над 60 години да се ослободат од работа, владата со препораки за заштита од топлотниот бран

Владата издаде препораки како заштита на населението од топлотниот бран и од денеска-среда до недела (29.07-01.08.2021 година) се препорачува: ослободување...

Досие