Контакт

Македонија

(Видео) Претреси во Лојане и Ваксинце, приведени три лица

Објавено пред

Утрово бил извршен претрес во две куќи во селата Лојане и Ваксинце, поради основано сомнение за сторено кривично дело криумчарење мигранти, информираше Сузана Праниќ Талевска.

dobivaj vesti na viber

При претресот во домот и помошните простории во сопственост на лицето Ќ.А.(66) во с.Ваксинце пронајдени се 10 лица мигранти од Бангладеш, поради што се приведени Ќ.А. и Ф.А.(27) од с. Ваксинце. Додека во с. Лојане, при претрес на домот и помошни простории во сопственост на А.А.(48) биле пронајдени вкупно 18 лица мигранти, од кои 16 од Пакистан и две од Авганистан, меѓу кои 4 малолетни лица.

Во врска со настанот приведено е лицето З.А.(53) од с.Лојане.

Во текот на денешниот ден приведените лица ќе бидат изведени пред суд, а мигрантите ќе бидат префрлени во Прифатниот центар „Винојуг“, Гевгелија.

До Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави, поради основано сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.

Македонија

Левица: Фирма од Косово осудена за криминал со токсичен мазут ќе го снабдува РЕК Битола

Објавено пред

Од

Додека граѓаните плаќаат се повисоки сметки за струја и државната ЕСМ тоне во долгови, скандалозното менаџирање со ова енергетско претпријатие под раководство на Лазо Узунчев продолжува, обвинија од Левица.

dobivaj vesti na viber

„Најновиот тендер на ЕСМ за увоз на јаглен – во вредност од 7 милиони евра – го доби контроверзна фирма од Косово со криминално минато. Имено, директорот на ЕСМ, Лазо Узунчев, склучи договор за јавна набавка со компанијата „ХИБ Петрол Груп”, чиј сопственик во 2014 година бил правосилно осуден на четири години затвор и парична казна, затоа што испорачувал мазут со околу 80% повисоко ниво на сулфур од дозволеното, што е енормно штетно за здравјето на луѓето и животната средина. Компанија која е осудена за тешки дела против здравјето на луѓето (со продажба на токсичен мазут) сега ќе треба да обезбеди 150.000 тони јаглен за РЕК Битола! Делењето тендери на фирми со криминално минато стана пракса откако ЕСМ е раководено од директорот Лазо Узунчев, кој без никаква експертиза и искуство во енергетскиот сектор беше поставен да го води ова значајно државно претпријатие – само заради личните односи со Мицкоски. Левица и претходно алармираше дека ЕСМ дели тендери на фирми кои се под истрага за криминал, како што беше договорот за јавна набавка со компанијата „Руд Коп”, која е под истрага за криминал од 3 милиони евра“, велат од партијата.

Тие додаваат дека ваквото расипничко менаџирање го зголемува долгот на ЕСМ, од што, како што велат, најмногу зависи цената на струјата која ја плаќаат домаќинствата и малите потрошувачи – а резултатот е македонските граѓани да плаќаат најскапи сметки за струја во регионот.

„Додека поранешниот директор на ЕСМ – Васко Ковачевски е во бегство токму поради криминални зделки при набавки на мазут, криминалот во ЕСМ продолжува и со кадрите поставени од Мицкоски. Левица апелира финансиската полиција сериозно да ги истражи договорите за јавни набавки и финансиските резултати кои ги остварува ова државно претпријатие кое тоне во долгови, додека дели тендери на компании осудени за криминал“, се наведува во соопштението.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицкоски: Јас бев најнапаѓан човек од Артан Груби, на Прочка се креваа дронови над куќата на мојата сестра

Објавено пред

Од

На денешната седница за пратенички прашања претседателот на Владата, Христијан Мицкоски беше прашан за актуелната тема во јавноста со апсењето на поранешниот вицепремиер Артан Груби. Мицкоски посочи дека ја разбира вознемиреноста и револтот на јавноста, па дури и коментари од различни етнички заедници, затоа што на граѓаните, како што рече, уште им е свежо сеќавањето како во минатото власта се договарала со правосудството.

dobivaj vesti na viber

„Јас како човек бев најнапаѓаниот политичар од истото ова лице, Артан Груби. Се сеќавате на онаа фамозна реплика во еуфорија и хистерија, позната како „па-па Мицко“. Се сеќавате како на ден Прочка се креваа дронови над семејната куќа на мојата сестра и тој имот се претставуваше како мој скриен имот. Се сеќавате колку пати во јавни изјави од страна на Артан Груби и сите тие кои во тоа време беа дел од Владата предводена од СДСМ, ме напаѓаа мене лично и со ниски страсти и со лаги и со клевети и ад хоминем. Впрочем ден денес од страна на ДУИ и одредени нивни функционери, кои за жал не се тука, главниот таргет сум јас. И сега по некоја чудна логика јас како претседател на Владата излегувам и се договорам со овие кои сакаат да го видат мојот политички, а дел од нив и човечки крај. Мислам дека тука нема никаква логика“, рече премиерот Мицкоски.

Тој потсети дека првичната теза на опозицијата била дека имало договор и Груби бил пуштен, па откако бил уапсен ставот на опозицијата станал дека ДУИ го спасува Мицкоски, за да на крајот од денот кога се случила одлуката на обвинителството и судот кажале дека имало договор помеѓу Мицкоски и Груби.

„Ова беше хронологијата на сите настани и ниту еден нема никаков здрав разум. Само едно можам да заклучам – дека Фројд работи кај нив. Тоа што тие го мислат и тоа што тие го правеле, мислат дека сите ние го правиме. Мислат дека ако тие така фингирале процеси и рушеле влада на времето, преку т.н. обоена револуција, со лаги конструкции, клевети, со фингирани процеси во судството, дека и сега и ние така работиме. Не. Многу е едноставно, бегалецот е обезбеден од органите на редот. Сè понатаму е одлука на друга власт, тоа е судската власт и нема никаква врска со Владата. Но, потсвеста е чудна и сега секој од нив се преиспитува што знае ова лице“, истакна Мицкоски и дополни дека стравот на опозицијата е да не се прошири делото од Лотарија на здравство или на производството на канабис.

„Повеќе го нема Љупчо Коцевски и луѓето околу него, да бидат нивниот последен штит. Сега ќе дојде нов независен обвинител и очекуваме правдата да биде заштитена, а тие на кои совеста им работи, немирни се и тешко спијат, сега велат доаѓа крајот. Фактот е дека лицето е обезбедено и допрва почнува агонијата за поединци. Тоа треба сите да го знаат. Ќе повторам, апсолутно ги разбирам граѓаните кои што се револтирани, апсолутно го поддржувам нивниот револт и емоција, но процесот сам по себе ќе даде одговор. Времето работи на нивна штета. Има една грчка изрека, ‘Големите работи се случуваат во тишина’ и тоа ги мачи“, заклучи премиерот Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Уапсена жена од кривопаланечко, спречувала инспектори да ѝ ги одземат кравите

Објавено пред

Од

Во текот на вчерашниот ден во Крива Паланка инспектори од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и Министерството за внатрешни работи (МВР) беа на терен по пријавите за неконтролираното движење на говеда и нанесувањето штети врз приватни имоти и земјоделски површини на територијата на општината и околината.

dobivaj vesti na viber

Според информациите од МВР, во 9:35 часот, полициски службеници ја привеле Ј.Ѓ. (27) од село Жидилово, Кривопаланечко, бидејќи ги спречувала вработените во Агенцијата за храна и ветеринарство во вршење на службените должности, а кои постапувале по решението за спроведување мерки за одземање на домашен добиток – крави. Таа е приведена во полициска станица и за целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

За денеска во Крива Паланка е најавен мирен протест поради неконтролираното движење на кравите.

„Непочитувањето на институционалните одлуки и продолжувањето на постапки спротивни на закон претставува сериозен преседан што директно ја загрозува безбедноста на граѓаните, имотните права и јавниот ред и стабилноста во локалната заедница. Целосното и неодложно спроведување на донесените решенија не е прашање на избор, туку законска обврска“, велат од општината.

Од таму додаваат дека до нив и понатаму пристигнуваат бројни поплаки и жалби од жителите на месните заедници од селата Дрење, Добровница, Киселица, Голема Црцорија, Трново, Варовиште, Узем, Кркља, Костур, Дурачка Река, Кошари и други околни населени места. Во нив се укажува на уништување на земјоделски култури, пластеници, насади и приватен имот, како и на перцепирано загрозување на безбедноста и зголемени тензии во локалната заедница.

„Општината ја разбира загриженоста на граѓаните и го почитува нивното уставно право на мирно изразување на ставови. Во таа насока, дел од граѓаните најавија организирање мирен протест на 26.02.2026 година, со цел да се укаже на нивната загриженост и да се побара целосно, доследно и навремено спроведување на донесените институционални одлуки. Истовремено, се нагласува потребата за одговорно и законско однесување, со цел решавање на ситуацијата во интерес на сите страни и обезбедување стабилност, безбедност и правна сигурност во локалната заедница. Општина Крива Паланка, заедно со претставниците на 16 месни заедници на својата територија, активно ги следи настаните и ќе преземе сите мерки во рамки на своите надлежности за заштита на јавниот интерес“, се наведува во соопштението од Општина Крива Паланка и Претставниците на 16 месни заедници на територијата на општина Крива Паланка.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 минути

Мицкоски: Јас бев најнапаѓан човек од Артан Груби, на Прочка се креваа дронови над куќата на мојата сестра

На денешната седница за пратенички прашања претседателот на Владата, Христијан Мицкоски беше прашан за актуелната тема во јавноста со апсењето...

Македонија1 час

Цвеќе во помен на Борис Трајковски – 22 години од авионската несреќа

Делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, членови на политички партии, семејството денес оддадоа почит во помен на трагично загубените животи...

Македонија2 часа

Мицкоски до Филипче: Со тоа што ги напаѓате пензионерите, само потврдувате дека сте мекото ткиво на политичката сцена

Мене ми е жал што не ја научивте лекцијата, и удирате повторно по група на луѓе кои што за време...

Македонија3 часа

„Блокадафест“ пред влезот на Усје, целодневен протест со музичка програма

Утре со почеток од 15 до 23 часот ќе се одржи целодневен протест пред влезот на фабриката Усје. „Со нас...

Европа3 часа

Орбан му пиша на Зеленски: Четири години нè туркате во војната меѓу Украина и Русија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави „отворено писмо“ до украинскиот претседател Володимир Зеленски на Икс, обвинувајќи го дека четири години се...

Македонија4 часа

ВЛЕН: Кој од ДУИ му се заканува на Артан Груби?

„Ништо повеќе не е исто како порано. Почнува внатрешната пресметка во Мала Речица. Од една страна се Али Ахмети со...

Регион4 часа

Дачиќ на респиратор, состојбата е сè уште многу сериозна: „Прерано е за било какви прогнози“

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ беше хоспитализиран вчера поради пневмонија и неговата состојба е оценета како многу сериозна....

Свет5 часа

Продолжуваат преговорите за крај на војната во Украина: Трамп му наредил на американскиот тим да се обиде да го спречи убивањето

Американскиот претседател Доналд Трамп му наредил на американскиот преговарачки тим за разговори за завршување на војната во Украина да се...

Македонија5 часа

Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај во официјална посета на Македонија

Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, од денес до сабота престојува во официјална посета на земјата. Бегај денеска ќе се сретне...

Македонија5 часа

„Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби и дали поранешните функционери на СДС се исплашени од неговите искази“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Соработката и партнерството на СДС со екс вицепремиерот Артан Груби излезе на површина. СДС со години молчеа и го толерираа...

Македонија5 часа

„Дури ни Груби првично не се пожалил на безбедносен ризик – ДПМНЕ преку АНБ и МВР без проценка го испратија дома“, велат од Левица

„Фарсата на ДПМНЕ и Артан Груби оди дотаму што, првично, дури ни самиот Груби не пријавил дека се чувствува небезбедно....

Регион6 часа

(Видео) Вучиќ утрово го посети Дачиќ: Неговата состојба е нешто подобра

Српскиот претседател Александар Вучиќ утрово, на пат кон Казахстан, објави дека го посетил министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ и...

Свет6 часа

Клинтонови ќе сведочат за врските со Епстин по заканата со санкции

Четвртина век по напуштањето на Белата куќа, Бил и Хилари Клинтон се само неколку часа од нова правна пресметка со...

Свет6 часа

(Видео) Бројот на жртви во поплавите во Бразил се искачи на 46: потрагата по исчезнатите е во тек

Бројот на жртви од катастрофалните поплави во бразилската држава Минас Жераис се искачи на 46, соопштија пожарникарите во среда. Поплавите...

Регион8 часа

„Следните 72 часа се клучни“: Се огласи доктор од клиниката каде што се лекува Дачиќ

Српскиот вицепремиер и претседател на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ, вчера беше хоспитализиран на Клиниката за пулмологија на Клиничкиот...

Регион8 часа

Ивица Дачиќ итно хоспитализиран, во тешка состојба

Српскиот министер за внатрешни работи и вицепремиер Ивица Дачиќ вчера вечер беше хоспитализиран со билатерална пневмонија, тој е во сериозна...

Македонија20 часа

Уставниот суд: Нема постапка за пензиите, запрена за Кривичниот законик

По 5. седница на Уставниот суд, претседателот Дарко Костадиновски и судијата проф. Осман Кадриу информираа за одлуките по предмети од...

Македонија21 час

Преживеаните музичари од „Пулс“ сведочеа дека не виделе кој ги наместил и активирал прскалките кобната ноќ: „Пожарот почна на рефренот, тргнав кон врата која беше заклучена“

Со опис на првите искри, паниката и стампедото во кое животот го загубија 63 лица, денеска продолжи судењето за пожарот...

Македонија23 часа

Петрушевски: Тужбата за клевета нема да го испере Заев, стојам зад секој кажан збор

Тужбата за клевета нема да го испере Заев, ниту ќе ја сокрие вистината, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, по...

Македонија1 ден

Заев поднесе тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев

Поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев поднел тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев за како што вели,...