Македонија
(Видео) Спасовски: Во полн ек е изградбата на социјални станови
Претседателот на Владата, Оливер Спасовски, денеска изврши увид во изградба на станбена зграда во Пробиштип, наменета за социјално ранливите категории граѓани.
Тој во изјава за медиумите рече дека реализацијата на капиталните инвестиции не е сопрена за време на пандемијата. Голем дел од проектите се во тек, а градежните работи се одвиваат непречено. И во овие услови, вели Спасовски, со неопходните мерки за лична заштита на работниците, интензивно се работи на патиштата, на водоводи и канализации и се гради гасоводот.
„Во полн ек е изградбата на социјални станови, кои во делот на градежништвото се значаен сегмент од капиталните проекти. Денеска направивме увид во градежните работи на зградата со станови наменети за нашите сограѓани во социјален ризик. Ова е прв таков објект во Пробиштип во кој свој траен дом ќе најдат 48 семејства од социјално ранливите категории граѓани. Изградбата почна во јуни 2019 година и денеска добивме уверување дека ќе биде завршена според предвидениот план, односно во јануари во 2021 година. Во моментов, социјални згради се градат уште на 4 локации низ државата, и тоа во скопската општина Бутел, објект со 312 станови, во Неготино зграда со 62 станови, во Свети Николе се градат станови за 48 станови, и во Виница зграда со 36 станови“, рече Спасовски.
Првиот човек на Владата додаде дека оваа градежна иницијатива е резултат на интензивното спроведување на утврдените мерки и политики за подобрување на социјалната положба на ранливите категории.
Спасовски најави дека планирани се уште 8 вакви објекти во исто толку градови во земјата, од кои повеќето за првпат ќе добијат згради со социјални станови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

