Македонија
(Видео) Старото матично стана младински центар

Градоначалникот Петре Шилегов и градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, денеска го пуштија во употреба новиот младински центар „Матично“, сместен во објектот на поранешната Управа за водење на матичните книги, на улицата Михаил Цоков.
Станува збор за култен објект на кој му беше неопходна целосна реконструкција, а сега прераснува во младински центар, во кој разни младински и извиднички организации, но и неформални групи, ќе може да ги реализираат своите едукативни и културни активности.
„Иницијативата за овој проект дојде токму од младите од општината Центар, што е доказ за инклузивноста што сакаме да ја внесеме во секој сегмент од општеството. Станува збор за еден од култните објекти во нашиот град, објектот на Матичното, што 52 години не беше реновиран, а сега може да го видиме во едно сосема поинакво и поубаво светло. Она што мене ме радува е што прифатената иницијатива од младите е доказ како со интеринституционална соработка можеме и од нешто што било руинирано да создадеме квалитет повеќе. Тука, пред сè, мислам на соработката што ја остварија Владата на Република Северна Македонија и Општина Центар со доделувањето на овој објект на трајно користење на Општината, внесувањето разни организации и донаторска помош, која беше дел од овој процес, како и индиректната помош што Град Скопје ѝ ја дава на Општината Центар, особено во реализацијата на програмите што се однесуваат на младите луѓе во нашата држава“, рече градоначалникот Шилегов на денешната прес-конференција.
Шилегов нагласи дека се гордее што ваков Младински центар излегува токму од срцето на Скопје, од општината Центар, како пример што треба да го следат сите единици на локална самоуправа.
„Ние пред неколку месеци имавме заедничка прес-конференција, на која почна реновирањето на овој објект, сега го гледаме во сосема ново светло, што значи дека можеби не се потребни толку многу материјални средства, не е потребен толкав ангажман, колку што е потребна креативност во реализацијата на определени проекти. Токму поради тоа, младите треба да бидат дел од тој процес зашто нивната креативност ни помага нам кои ги водиме институциите да ја промениме перспективата. Градот Скопје и тоа како ги поддржува младите во нашиот град. Досега неколкукратно, повеќе од 4 пати, ги имаме зголемено буџетските средства во споредба со минатото, со кои ги поддржуваме младите скопјани во областа на спортот и во областа на културата. Ги поддржуваме и добрите ученици со давање стипендии. Тоа се политики што јас мислам дека се вистинските политики и се влог во иднината, а дел од нашата работа е да мислиме на иднината. Токму овие деца, кои сега ја даваат оваа креација, за десетина години ќе бидат носители на општествениот живот“, рече Шилегов.
На денешниот настан присуствуваа и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски, и заменик-министерот за локална самоуправа, Зоран Димитровски.
Општина Центар е првата општина на територијата на Скопје, а и во државата, која отвора ваков младински центар како обврска што произлегува од Законот за младинското учество и младинските политики.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Почина новинарот Драган Ристов, ја изгуби битката со коронавирусот

Новинарот Драган Ристов ја загуби битката со коронавирусот.
Тој беше хоспитализиран на Клиниката „Жан Митрев“ и за неговото лекување се собираа финансиски средства.
Ристов почина на 47-годишна возраст поради сериозни компликации од коронавирусот.
Тој беше татко на две деца и дологогодишен новинар, сликар и советник за односи со јавност во општина Штип.
На македонската јавност ѝ е познат по тоа што секоја година беше одговорен и за прес-конференциите на Фестивалот за забавна музика „Макфест“.
Македонија
11 починати и 843 новозаразени од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени вкупно 3.519 тестирања, а регистрирани се 843 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје – 360, Прилеп – 66, Неготино – 54, Куманово – 51, Кавадарци – 44, Струмица – 33, Велес – 30, Тетово – 26, Охрид – 25, Гевгелија – 22, Крива Паланка – 20, Гостивар – 18, Кочани – 16, Штип – 12, Богданци – 11, Битола – 9, Крушево – 8, Кичево и Пробиштип по 6, Струга – 5, Ресен и Демир Капија по 4, Валандово и Демир Хисар по 3, Свети Николе, Берово и Кратово по 2 и еден во Македонски Брод.
Регистрирани се 333 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 115, Кавадарци – 64, Неготино – 26, Прилеп – 25, Тетово – 18, Куманово – 15, Велес и Гевгелија по 10, Штип и Струмица по 9, Гостивар, Битола, Дебар и Берово по 4, Кочани и Крушево по 3, Кичево и Кратово по 2 и по еден во Охрид, Ресен, Делчево, Валандово, Богданци и Демир Капија.
Пријавени се вкупно 11 починати лица – 5 пациенти од Скопје (77, 73, 63, 63 и 39 години), по 2 пациенти од Кавадарци (77 и 71 година) и од Неготино (77 и 63 години) и по еден пациент од Куманово (75) и Кочани (72). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Направени се 3.519 теста преку: ИЈЗ – 818, ЦЈЗ Скопје – 75, „Авицена“ – 308, „Биотек“ – 306, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 176, „Систина“ – 306, лабораторија „Лаор“ – 248, Судска медицина – 12, ЦЈЗ Битола – 98, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 1, „Синлаб“ – 59, „Ремедика“ – 21, лабораторија во болницата во Козле – 18, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 1.056, УК Пулмологија со алергологија – 2 и ГОБ „8 Септември“ – 15.
Досега во земјата се направени вкупно 537.024 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 106.110, бројката на оздравени пациенти е 94.275, на починати е 3.176, а бројот на активни случаи изнесува 8.659.
Според досега завршените епидемиолошки анализи ова е статистиката по градови. За секој град првин се наведени бројките на нови случаи, а потоа и вкупниот број активни случаи:
Скопје 360, активни 3.988
Куманово 51, активни 349
Прилеп 66, активни 704
Тетово 26, активни 254
Гостивар 18, активни 159
Штип 12, активни 105
Велес 30, активни 243
Кавадарци 44, активни 539
Битола 9, активни 188
Охрид 25, активни 428
Струмица 33, активни 182
Струга 5, активни 168
Кочани 16, активни 100
Кичево 6, активни 44
Неготино 54, активни 305
Гевгелија 22, активни 255
Свети Николе 2, активни 21
Крива Паланка 20, активни 126
Ресен 4, активни 50
Дебар, активни 17
Делчево, активни 65
Радовиш, активни 10
Берово 2, активни 28
Пробиштип 6, активни 37
Виница, активни 23
Валандово 3, активни 35
Крушево 8, активни 81
Богданци 11, активни 62
Кратово 2, активни 26
Демир Хисар 3, активни 25
Македонски Брод 1, активни 5
Демир Капија 4, активни 30
Македонска Каменица, активни 2
Пехчево, активни 4
Дојран, активен 1
Македонија
Убиецот на Мартин Нешкоски од Бугарија спроведен во затворот „Идризово“

За помалку од месец по апсењето, Бугарија го екстрадира специјалецот Игор Спасов, убиецот на Мартин Нешкоски.
Пред 25 дена тој беше уапсен во Софија, а денеска бугарските власти го испорачаа на граничниот преми Деве Баир. Од таму го презеде македонското МВР и го спроведе во затворот „Идризово“.
При преземањето на гриничкиот премин имаше засилено полициско присуство. Постапката за екстрадиција ја водеше Министерството за правда, а кога, по потерница од МВР, бегалецот Игор Спасов беше уапсен во соседна Бугарија. Тој треба да доиздржи затворска казна од седум години и три месеци во „Идризово“, според веб-страницата на МВР.
За Спасов имаше меѓународна потерница повеќе од една година за доиздржување на затворската казна.
Тој беше пуштен од затворот „Идризово“ на лекување со одлука на штипскиот суд поради лоша здравствена состојба во 2018 година. Кон крајот на септември 2019 година од затворот беше испратено известување до судот дека Спасов не се јавил на доиздржување на затворската казна.
Спасов беше уапсен на почетокот на февруари во софиската населба Младост од страна на бугарската полиција по добиена пријава за семејно насилство. По неговото пронаоѓање, беше известена Македонија, а Министерството за правда за осум дена испрати барање за екстрадиција со сите придружни документи.
Поранешниот специјалец Спасов е осуден на казна затвор од 14 години за убиството на Мартин Нешкоски, а кое се случи вечерта по прославата на ВМРО-ДПМНЕ по победата на парламентарните избори во 2011 година. Казната затвор ја издржуваше од 2011 година.
По неговото бегство, кружеа шпекулации дека тој е во Турција, но и дека во акцијата се вмешани полициски службеници. Јавното обвинителство во Штип во 2019 отвори и истрага за да утврди кој сè е вмешан, но и како Спасов успеал да ја напушти државата. До сега резултати од неа нема.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија3 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“