Македонија
(Видео) Стоилковски: Единствено што СДС знае е непотизам, партизација, кронизам, Охрид е пример за тоа
„Македонија по 7 години со СДС и ДУИ на власт доби девет нули од ЕК, што значи дека не сработеле ама ништо. По 7 години со СДС, единствен регистриран раст има корупцијата, партизацијата, непотизмот, кронизмот, протекционизмот. Македонија е доволно голема за овие случаите да излезат на виделина, како на пример во Охрид“, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
„И оттука, главен вработувач во Охрид е Миле Зечевиќ, генерален секретар на СДС, чијашто роднина е Кристина Крлеска Деспотоска, главна на охридската филијала на СДС.
Според охриѓани, тоа бил и единствениот услов за поставување на Претседател на ОО СДСМ Охрид, на Деспотоска.
Таа од пред 8 месеци е Директор на централен регистар Охрид, но веќе е покрената истрага од надлежните институции, заради сомнеж за фалсификувани документи.
Лазе Танески, пратеник од СДС, другар на Миле Зечевиќ. Лазе, зетот за ќерка, Антонио Кочоски, заради другарување со Зечевиќ, го вработува во контрола на летање Аеродромот Охрид.
Ниту ќерката Тамара Танеска не е заборавена, таа ја вработуваат како општ лекар и веднаш и се дава државни пари за специјализација. Пратеникот Лазе Танески, другар на Зечевиќ, ги вдомил децата, а ги вдомил и внуките, исто во болница, исто како општи доктори, и двете внуки како и ќерката добиваат специјализација од државата.
Затоа, Асен Шајн, е директор на општа болница Охрид, а неговата сопруга Ирена Шајн, е директор на завод и музеј Охрид.
За роднината на Зечевиќ главна на ОО СДС Охрид да има поддршка, и партискиот секретар, другар на Зечевиќ, Ристе Недески, мора да е добро ухлебен. Тој, директор на Затворот Охрид, а сопругата Соња Недеска е вработена во ЈП Пазар, а сестрата на сопругата, Татјана Шишкоска е вработена во СВР Охрид.
Уште една другарка на Зечевиќ, Елизабета Русевска, станува Претседател на Државна комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекциски надзор и прекршочна постапка, функција, и секако нејзините деца се вработени- Златко Русевски во царина, а Димитар Русевски во СВР Охрид
Цветко Ристески, партиски Шеф на изборниот штаб на СДС Охрид, вработен како Раководител на пазарен инспекторат Охрид, а како докажан другар, синот Петар Ристески, од пред два месеци е вработен во граничната полиција Охрид.
Не е покуса ниту Жаклина Лазаревска, пратеник од редовите на СДС, со пипци во охридското образование. Блиска роднина, нејзина братучетка, Ивана Левеска се вработува како наставник по англиски во ОУ Григор Прличев во Охрид.
Зечевиќ мислел и на членовите на ЦО на СДС, па Љупчо Којчиноски ќерката Даниела Којчиноска Мартиноска ја вработува во Општинската администрација во Охрид.
Додека, Димитар Рилкоски, член на ЦО на СДСМ се вработува како професор по физичко воспитување во Охрид. Сопругата Јана Рилкоска е вработена пред 2 месеци во гранична полиција Охрид.
Очигледно дека МВР е посакувано за СДС Охрид, па има цел кластер на непотизми и партизација таму.
Саше Дончевски командир на ПС Охрид во време на СДС, неговата сопруга Александра Дончевска е директор на АВРМ Охрид.
Жарко Лазороски, началник на СВР Охрид во време на СДС, сега пред три месеци заради блискост со Зечевиќ неговата сопруга Јасмина Лазороска е вработена во АД ПОШТА Охрид како раководител на економско правна служба.
Неговиот брат Павле Лазороски началник на гранична полиција Охрид во време на СДС. Сопругата Катерина Лазороска се вработува како директор на фонд за здравствено осигурување од февруари годинава. И во Февруари со одлука на Влада, сега во 2024, по конкурс кој не е завршен во 2017, таа е назначена за државен правобранител во Охрид.
Единствено што СДС знае е за непотизам, партизација, кронизам, а Охрид е пример за тоа.
Мрежа за партизација и кронизам на Миле Зечевиќ и СДС никогаш не запрел во овие 7 години. И ЕК оцени дека ништо не работеле, ама имале особен интерес и успех во Корупцијата! Не во борбата со корупцијата, туку во корупцијата, партизацијата, непотизмот, кронизмот, протекционизам, клиентелизам.
Никогаш не било полошо, време е да ги поразиме, време е наместо хаосот да завладее ред“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

