Македонија
(Видео) Стоилковски: Како е можно транспортна фирма да биде единствена на тендер за машини за перење?
Фатени живи на дело, купуваат две машини за перење за 25.500 евра, цели 10.000 повеќе од пазарната вредност на двете машини, обвини днеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Како што рече тој, по скандалот објавен од ВМРО-ДПМНЕ, градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумовски од редовите СДСМ, во паника порачал дека градинката која што всушност ја прави таа набавка и е потписник на договорот сега немала пари, а договорот ќе се раскинел.
„Како е можно за тендер вреден според Ѓорче Петров 25.500 евра за само две машини за перење да нема други заинтерсирани фирми. Во услови на рецесија, во услови на криза, нема заинтересирани фирми за набавка којашто според документите овозможува разлика во цена од цели 10.000 евра за набавка на две машини за перење?
Дотолку оваа набавка била неатрактивна затоа што за неа се појавила само една фирма, според зборовите на градоначалникот Наумовски, според Централниот регистар, но и според податоци во УЈП, фирма со основна дејност-транспорт. Фирма со седиште во Ѓорче Петров е единствена на тендер со целосна документација за набавка на две машини за перење во вредност од 25.500 евра.
Но, ова е и фирма којашто е добро позната и на Александар Наумоски, градоначалникот на Ѓорче Петров и на директорката на градинката ‘Росица’ која што го прави тендерот, го потпишува договорот. Само во април и во мај годинава имаат потпишано 4 договори, 4 тендери за два месеци вкупно тешки над 180.000 евра. Четири договори на фирмата Дон Холдинг од Ѓорче Петров, два со Александар Наумовски, градоначалникот на Ѓорче Петров, два со градинката водена од директорка, кадар на Александар Наумовски од СДСМ.
Според Наумовски, истата фирма од Ѓорче Петров, може да поставува урбана опрема, може да одржува столарија, да врши браварски услуги, да лепи плочки и може да набавува електрична опрема, две машини за перење, две за 25.500 евра и да нема друга фирма заинтересирана за тој тендер.
Прашање на коешто Наумовски мора да одговори е дали зад овие тендери стои чист бизнис интерес и врски, партиска врска или можеби стојат и некои други семејни врски?
Не е ни чудо што Алексадар Наумовски пишува панични соопштенија по обелоденувањето на скандалот. Самиот факт што е спроведена тендерска постапка, со само една понуда со нереална висока цена, фактот што е потпишан договор, фактот, што сега по објавување на скандалот се најавува дека немало да се реализира набавката, фактот што сега наводно одеднаш по се градинката немала пари за набавка е случај за истражните органи.
Набавката, потпишаниот договор во Ѓорче Петров, реакцијата на Александар Наумовски, покажуваат само едно, дека СДСМ е најлошото што може да се случи во вашата и во секоја општина во Македонија“, порача на денешната прес-кондеренција Стоилковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

