Македонија
(Видео) Стоилковски: Навредите кон Украина се дипломатски скандал

Срамот кој што Заев и го приреди на Македонија е меѓународен. Од позиција на премиер го урна достоинството и угледот на државата и кон соседите и кон Европа и кон Украина.Тој во разговорот со лажниот Порошенко крајно недипломатски, како на селска чешма, си дозволува како стрина да го озборува и исмејува некој што е актуелниот претседател на Украина, Владимир Зеленски. Зоран Заев си зема слобода, без да го познава, претседателот Зеленски да го нарекува несериозен ,,комплетен популист“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, Заев констатира „Знам знам, Комплетен популист, ништо повеќе и ништо помалку од тоа. Бидејќи добива поддршка од луѓе кои што се шегуваат, се смеат и не се сериозни … Но граѓаните не секогаш се внимателни за иднината на државата и понекогаш прават проблеми”.
,,Внимавајте, Заев констатира дека граѓаните се несериозни и прават проблеми! Оваа констатација кажана во разговорот со двајцата комичари мислејќи дека разговара со Порошенко Заев само продолжува со она што претходно се сложува, а тоа е предочениот сталинизам за изборите и за тоа дека не е важно кој како гласа туку кој ги брои гласовите!
Пранкерите дури и му се откриваат во разговорот. „Ако биде тој Зеленски избран, кој понатаму би бил претседател, можеби руските комедијанти Вован и Лексус“? А Заев вели Не е шеега, пресериозно е! Пранкерите Да да пресериозно е прашањето.Па почитувани, комедијантите дури во разговорот му се откриваат и Заев и тој продолжува ов негов стил! На нивната констатацијата дека Зеленски можеби не директно, туку преку неговите подржувачи добиваат пари од Русија, Заев повторно се согласува.Да, тој очигледно е против тебе, и Русија очигледно е против тебе, и преземаат такви чекори.Заев оди до таму па се согласува со соговорникот дека Зеленски според неговата логика дека е ,,платеник на Русија“, рече Стоилковски.
,,Замислете Заев, човекот кој цела година разговараше со измислено другарче и во континуитет разговарал со комичари, се дрзнува да го нарекува несериозен претседателот на Украина, Зеленски. Ќе се согласите, и од Заев да е, премногу е.Украина е пријателска земја на Република Македонија, а Украинците се пријателски народ на македонскиот народ. За жал се уште не слушнавме Зоран Заев да се извини и на Зеленски и на украинскиот народ за навредите кои што ги има упатено, а се меѓународно познати. Ова е премногу сериозно за да се сфати како обична шега на која Зоран Заев наседнал. Ова е дипломатски скандал и за ова Зоран Заев мора да понесе одговорност.Неговата неодговорност и несериозност и прави штета на Република Македонија. Тој мора да си поднесе оставка и што побрзо да следат предвремени парламентарни избори, бидејќи секој поминат ден на позицијата премиер штети на државата во целост”, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ЦУК: Пожарот во Самоков веднаш изгаснат, објектите на фабриката не беа во опасност

Пожарот во Самоков е локализиран и веднаш изгаснат. Во ниту еден момент немаше опасност од негово ширење кон објектите на фабриката Самоков, соопшти Центарот за управување со кризи.
Од РЦУК Македонски Брод претходно стигна информација дека е настанат пожар во населбата Самоков, во фабриката „Сувенир“, а опожарен е магацин со хемикалии. Во информацијата беше наведено дека електричната енергија во фабриката е исклучена.
Македонија
„Седи Боби, кец!“, му рече Арсовска на Стефковски за проблемот со водата, па доби одговор

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, преку објава на својот официјален профил на Фејсбук, му возврати на градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, кој претходно ги прозва Градот и ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, за прекините во водоснабдувањето во неколку скопски населби. Тој побара итна интервенција од Градот, предупредувајќи на можни протести ако состојбата не се реши веднаш.
Арсовска му одговори на Стефковски дека и по три години на функција сè уште не прави разлика што е во надлежност на Градот, а што на Општина Гази Баба. Таа појасни дека жителите на Црешево и Смилковци не се корисници на ЈП „Водовод и канализација“, туку на ЈКП „Гази Баба“ – претпријатие под општинска надлежност.
„Ова по три години ќе го знаеше ако паузираше еден ден од сликање по фолклорни манифестации за да сработиш нешто“, напиша Арсовска, посочувајќи дека со средствата добиени од владите на Ковачевски и Мицкоски, Стефковски можел да изгради нова водоводна мрежа за тие населби.
Во продолжение, Арсовска рече дека Град Скопје во изминатите три години не добил ниту еден денар од централната власт, а дека Владата ѝ должи на ЈСП Скопје осум милиони евра.
Градоначалничката ја заврши објавата со саркастичен тон: „Седи Боби, кец!“
Ситуацијата дополнително ја заостри реториката меѓу градоначалниците на Скопје и Гази Баба, отворајќи нова рунда меѓусебни обвинувања. По објавата на Арсовска, повторно се огласи Стефковски кој и’ одговори дека надлежноста за Смилковци и Црешево ја знае многу добро, па ја повика да каже зошто жителите од Автокоманда, Железара, Триангла, Маџари и Ченто немаат вода? За крај по однос на делењето оценки, Стефковски на социјалните мрежи напиша дека граѓаните и’ дале оценка на парламентарните избори на Арсовска. Тогаш таа освои вкупно 3.438 гласови.
Македонија
Гори кај Прилеп, Македонски Брод, Чашка и Велес – пресек на состојбата со пожарите

На територијата на државата се евидентирани вкупно осум пожари на отворен простор, од кои активни се четири, соопшти Центарот за управување со кризи.
Во Општина Прилеп, гори кај селото Бешиште. Се работи за приземен пожар во квалитетна мешана шума. Активен е пожарот и кај Општина Македонски Брод, с. Црешнево, м.в. Церо Поле – пожар во деградирана дабова шума и грмушки. Во Општина Чашка беснее шумски пожар под Солунска Глава, помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина Дупка (моментално нема активен пламен, само чад на карпест дел). Во Општина Велес пожарот избувна во ниска вегетација.
Изгаснати се 4 пожари: Општина Врапчиште, с. Врањовци – ниска вегетација, ѓубриште; Општина Липково, с. Лојане – ниска вегетација и стрниште; Општина Карбинци, с. Радање – блок (површина) посеана со жито и ниска вегетација и ОпштинаАрачиново, с. Орланци – ниска вегетација и отпаден материјал.