Македонија
(Видео) Царовска: Езерото Младост станува паметно езеро – прва иновативна туристичка атракција во земјата
Вицепремиерката задолжена за економски прашања и координација со економските ресори, Мила Царовска, придружена од повеќечлена делегација, денес го посети езерото Младост, каде што се спроведува прокет за локлана и регионална конкурентност, со кој се подобрува туристичката понуда.
Со проектот со вкупна вредност од речиси милион евра, односно 62 милиона денари, од кои 55,5 милиони денари се грант, а другите се обезбедени од Општината, езерото Младост станува паметно езеро, кое ќе биде прва иновативна туристичка атракција во земјата, објаснуваат од владината прес-служба.
„Со поддршка од ваков тип на проекти создаваме атрактивни локации, кои секако ќе бидат посетени од домашни посетители, но и од странски. Со воведувањето на овие паметни елементи во опркужувањето на езерото, како што е менаџирање со паркингот, детско игралиште, велосипеди што исто така се управуваат преку одредени паметни модели, сметам дека на општините им се олеснува менаџирањето со ваков тип туристички локации, кои се многу значајни. Значајноста не е само поради тоа што тие стануваат актрактивни и ќе бидат посетени од повеќе посетители, туку директно влијаат и на економскиот развој, но со тоа директно влијаат и на регионалниот развој“, рече Царовска.
Покрај вицепремиерката, дел од делегацијата беа и министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, преставникот на Европската комисија, Никола Бертолини, и градоначалникот на Велес, Аце Коцевски.
Министерот Манчевски истакна дека станува збор за извонреден пример како дигитализацијата и интернетот на нештата може да се примени и во рурални средини и во туристички места.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Карпош и Кисела Вода денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Нобелова крстосница со ул. Хелсинки, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Нобелова, Виенска, дел од ул. Хелсинки и дел од ул. Лондонска. (Општина Карпош)
· поради изведување приклучок на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Жил Верн бр. 10, од 10:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Жил Верн и ул. Есенинова. (Општина Кисела Вода)
Македонија
Делови од неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од с. Ќојлија. (Општина Петровец)
· од 08:30 до 09:30 часот, корисниците од селата: Драчевица и Цветово. (Општина Студеничани)
· од 08:55 до 09:55 часот, корисниците од селата: Горно Соње, Долно Соње , Чифлик и Света Петка. (Општина Сопиште)
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Веле Марков. (Општина Ѓорче Петров)
· од 12:30 до 14:30 часот, корисниците од дел од улиците: Димо Хаџидимов и Христо Татарчев. (Општина Кисела Вода)
Македонија
Претпладне сончево со умерена облачност, попладне зголемување на облачноста
Претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб локален снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 0, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.
Во Скопје, претпладне сончево, попладне ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на студена воздушна маса во среда ќе дува засилен до силен северен ветер што ќе услови и дневната температура на повеќе места да остане под нула. Во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, а во петок ветерот ќе го смени правецот во јужен и ќе има услови за слаб дожд и снег на планините. За време на викендот ќе биде претежно сончево со пораст на температурата.

