Македонија
(Видео) Шахпаска: Законот за спречување дискриминација ја вклучува и сексуалната ориентација
 
																								
												
												
											Законот за спречување и заштита од дискриминација во дискриминаторските основи ги вклучува и сексуалната ориентација и родовиот идентитет, за нас сите граѓани се еднакви, истакна министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, која денеска учествуваше на онлајн настан како дел од завршната конференција во рамки на проектот „Сексуална ориентација и родов идентитет (СОРИ) – Заштита од дискриминација “, во организација на Институтот за човекови права.
Министерката ја потенцираше важноста од носењето на Законот за спречување и заштита од дискриминација.
„Законот за спречување и заштита од дискриминација во дискриминаторските основи ги вклучува и сексуалната ориентација и родовиот идентитет. За нас сите граѓани се исти и секој има право да се определи како се чувствува и треба да биде почитуван затоа што е различен. Убавината на општеството ја прават различностите“, истакна министерката Шахпаска.
Таа воедно зборуваше и за активностите и политиките кои во моментот се реализираат, како што е Акцискиот план за унапредување на правата на ЛГБТИ-заедницата, а она на кое треба да се работи периодот кој доаѓа е Евалуација на стратегијата за еднаквост и недискриминација којашто ќе претставува темел за создавање нова стратегија. Воспоставувањето на СОС линијата за ЛГБТ-заедницата и првиот шелтер-центар за лицата од ЛГБТ-заедницата се дел од проектите кои се реализирани.
Министерката го истакна значењето на секој од нас од својата позиција, а особено вршителите на јавни функции, граѓанскиот сектор, да придонесат во овозможувањето на уживање на сите права на еднакви основи за сите граѓани, како правото на образование, здравствена заштита, правата на учество во јавниот и политичкиот живот. Таа додаде дека без разлика дали се работи за лица од ЛГБТ-заедницата, лицата со попреченост, политичари или работници, дискриминација не смее да постои.
Таа сосема на крајот го потенцираше успехот на нашата земја на картата на Reinbow за 2020 година карта која ги рангира земјите во однос на напредокот во почитувањето на лицата на ЛГБТ-заедницата, каде сме рангирани на 33 позицијата односно бележиме скок за 12 позиции во однос на минатата година.
„Тоа значи дека нашата земја сериозно чекори во имплементацијата на човековите права како еден од условите да станеме рамноправен член на големото европско семејство“, заклучи Шахпаска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
 
																	
																															Македонија
Делови од Кисела Вода, Ѓорче Петров и Карпош денеска без струја
 
														Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот корисниците од бул. Борис Трајковски бр.1 (Пеглата) влез 2 (општина Кисела Вода)
– во периодот од 09.00 до 10.00 часот корисниците од Новоселски Пат, како и објектите на Стокомак, КАМ Маркет, бензинската пумпа ОКТА и објектите во нивна близина. (општина Ѓорче Петров)
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од ул. Леринска, лоцирани во околината на бр. 3. (општина Карпош)
Македонија
Без вода дел од Чаир
 
														Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на приклучна цевка од ф – 150 мм на раскрсница меѓу улиците Челопек и бр. 157 без вода ќе останат корисниците од улиците Челопек и бр. 157, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот.
Македонија
Претежно облачно со краткотрајни сончеви периоди
 
														Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде претежно облачно со краткотрајни сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 4, а максималната ќе достигне од 17 до 20 степени.
Во Скопје, утрото постудено, во делови од котлината магливо. Преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Времето во наредните денови
За време на викендот времето ќе биде стабилно и суво, а во утринските часови ќе има појава на магла во одредени котлини. Во понеделник кон крајот на денот, најпрвин во западните делови, а во вторник и среда насекаде ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни.


 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											