Македонија
(Видео) Ѓорѓиевски: Оливер Спасовски да преземе одговороност, улиците на Скопје се претворени во бојно поле
Улиците на Скопје се претворени во бојно поле, веќе не владеат законот и полицијата, туку оружјето и мафијата, изјави Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ по синоќешната крвава пресметка на улица „Рузвелтова“.
„Безбедносната состојба е сериозно нарушена. Улиците секој ден стануваат се повеќе крвави. Никој не се чувствува сигурен на улица. ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше дека е нарушена безбедноста, Оливер го злоупотребувавте МВР за да испраќате соопштенија дека тоа било само во главите на вмровците. Ги лажеше граѓаните, а сега неговите лаги се плаќаат со човечки животи. Нашите граѓани се плашат да излезат од дома“, изјави изјави Ѓорѓиевски.
Член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ додава дека наместо Македонија да оди напред, „неспособноста и корумпирано раководство на МВР“, како што наведе не враќало 30 години назад. Ѓорѓиевски побара министерот за внатрепни работи, Оливер Спасовски да излезе и да објасни што се случува, и да преземе одговороност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

