Македонија
(Видео) Јанушев: Заев не набавува фингерпринт терминали зошто знае дека ќе доживее дебакл на фер избори
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, на денешната прес-конференција повторно ја наметна темата за гласање со отпечаток од прст, нагласувајќи дека кај опозициската партија постојат сомнежи дека премиерот Зоран Заев не сака договор за Изборниот закон.
„Се сомневаме дека намерно и свесно го одолговлекува спроведувањето на законот во делот на отисокот од прст, само и само за да има полнење на кутии и групно гласање. Ова е последица на тоа што и Заев знае дека на фер и демократски избори ќе доживее дебакл“, изјави Јанушев.
Тој потсети дека Изборниот законик кој лани пред изборите беше донесен акламативно од страна на партиите во Собранието е дециден и тој наложува задолжително користење на опрема за отчитување на отпечатоци од прсти и тоа од две причини: за потврдување на идентитетот на гласачите и за утврдување дали гласачот веќе го има остварено гласачкото право.
„Системот практично овозможува во никој случај да не може да дојде до двојно гласање, односно едно лице да гласа за друго, ниту едно лице да гласа на повеќе избирачки места и во никој случај не може да дојде до полнење на кутии, бугарски возови итн“, истакна претставникот на ВМРО-ДПМНЕ.
Јанушев воено нагласи дека набавката на фингерпринт терминалите е законска обврска и истата мора да се исполни.
„Одржување на избори без фингерпринт терминали е спротивно на Изборниот законик и истото претставува кривично дело. Владата имаше повеќе од доволно време да набави фингерпринт терминали и ништо не може да биде изговор“, порача тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно и студено со сончеви периоди, повремено ќе дува засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 2 степена.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во вторник наместа дневните температури ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.

