Контакт

Македонија

(Видео) Јанушев: „Талир“ е уште еден обид за груб политички притисок во пресрет на уставните измени

Објавено пред

Фабрикуваното обвинение за случајот „Талир“, кое според информациите во медиумите е прифатено од Кривичниот суд, е уште еден обид за груб политички притисок за брутално замолчување на ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на уставните измени за промена на името и идентитетот, изјави генереалниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

Изјавата на Јанушев следува откако судот денеска го одобри обвинението за случајот „Талир“ во кој поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, ексгенералниот секретар на Владата, Кирил Божиновски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеникот Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска се обвинети дека незаконски добиле најмалку 4,6 милиони евра во кеш за партијата, а потоа организирале тие пари да бидат уплатени на жиро-сметката на партијата преку уплатници на име на различни луѓе.

„СЈО по директива на власта создава механизми за пазарења, уцени и притисоци врз ВМРО-ДПМНЕ за да ги прифати уставните измени, кои за нас по ниту една цена не се прифатливи.

Случајот „Талир“ е чиста политичка конструкција, која нема врска со правото туку со политиката на Заев за уцени и притисоци.

Власта соочена со неприфаќањето на граѓаните на уставните промени се обидува со секое можно средство да ја угуши секоја критична мисла и сила што се спротивставува на антидржавните политики на СДСМ и Заев, кои одат во спротивност со македонските национални интереси.

Случајот „Талир“ е директен доказ дека СЈО и Кацарска судството се само неми извршители на наредбите на Заев и СДСМ кои имаат за цел да ја зацрнат и уништат државата“, изјави Јанушев.

Македонија

Пешов: Нухиу на 27 април не ми даде команда за делување

Објавено пред

При упадот во Собранието на Република Македонија на 27 април 2017 година, тогашниот министер за внатрешни работи, Агим Нухиу не ми даде никаква команда за делување, рече Митко Пешов, поранешен началник на Одделот за специјални полициски сили, обвинет за насилниот упад во македонскиот парламент.

„Никогаш немам влезено во штаб на политичка партија. Никогаш не сум имал поттик да се впуштам во нешто незаконско, на никој не должам ништо. Од секогаш сум ги почитувал наредбите. Ниту во еден момент на 27 април не добив законска наредба“, рече Пешов.

Пешов е обвинет дека на критичниот ден, 27 април, не ги извршил дадените команди од страна на Нухиу за делување на полициските сили со што дозволил насилен упад во Собранието каде физички беа нападнати пратеници и новинари.

Во воведните зборови на стартот од судскиот процес, Пешов истакна дека ги извршил сите наредби од надлежните старешини и дека откако бил повикан за 1 час, дошол во оперативниот штаб во МВР од својот дом во Кавадарци. Во тек се завршните зборови на обвинетите за крвавиот четврток.

Судскиот процес започна со 33 обвинети, но по донесувањето на Законот за амнестија, амнестирани беа 15 обвинети меѓу кои и пратениците Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Љупчо Димовски и Љубен Арнаудов. Амнестија добија и организаторите на протестите „За Заедничка Македонија“, Владо Јовановски, Борис Дамовски и Богдан Илиевски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Утре и задутре затворен патот Велес – Градско

Објавено пред

Од АМСМ информираат дека утре и задутре ќе се изведуваат градежни активности на регионален пат Р1102, делница Велес – Градско во времетраење од два дена.

Прикажи повеќе...

Македонија

Формирана Женска организација на Партијата за движење на Турците

Објавено пред

Викендов во Скопје е одржан основачкиот состанок на Женската организација на Партијата за движење на Турците (ТХП), со што по 20 години, првпат една турска политичка партија дава особена поддршка и поттик на жените од турската националност за нивното активно учество во политичкиот живот.

„Жално е што до ден денес не е направено доволно за интеграција на Турчинките во општеството. Со формирањето на Женската организација на ТХП, веруваме дека жените ќе добијат поактивна улога во општествено-политичкиот живот и заедно ќе развиваме поуспешни политики.На основачкиот состанок со своето присуство не` почести потпретседателката на МХП, Дениз Депбојлу. За претседател на ЖО на ТХП е избрана Ајсел Сејфулах”, соопшти партијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 минути

Пешов: Нухиу на 27 април не ми даде команда за делување

При упадот во Собранието на Република Македонија на 27 април 2017 година, тогашниот министер за внатрешни работи, Агим Нухиу не...

Македонија1 час

(Видео) Илија Димовски не дојде на судење – бил во Брисел на состанок на НАТО

Пратеникот Илија Димовски не беше присутен на денешното рочиште за предметот „Талир“. Тој на 13 февруари со писмен поднесок го...

Свет2 часа

Шест загинати и тројца повредени во престрелка во Мексико Сити

Шест лица загинаа, а тројца други се повредени во вооружена престрелка на криминална банда во предградието Изтапалапа во Мексико Сити,...

Македонија3 часа

Заев и Ахмети ги почнуваат разговорите за консензуален претседателски кандидат

Лидерите на СДСМ и на ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, денеска во Клубот на пратениците треба да одржат средба...

Свет3 часа

Влошена здравствената состојба на Сергеј Скрипал

Здравјето на поранешниот руски полковник на ГРУ Сергеј Скрипал, кој во март минатата година во Лондон беше затруен во обид...

Свет4 часа

ОБСЕ побара од Киев да ѝ дозволи на Русија да ги следи изборите

Претседателот на ОБСЕ, словачкиот министер за надворешни работи, Мирослав Лајчак, му посочи на својот украински колега Павло Климкин дека одбивањето...

Свет5 часа

Голем шумски пожар ја зафати ,,мртвата зона” во Чернобил

Голем пожар избувна во чернобилската Зона на исклученост, местото на најлошата нуклеарна катастрофа во историјата на човештвото, на околу 20 километри од...

Свет5 часа

Европа не ги сака назад своите граѓани борци на ИД како што бара Трамп

Трамп побара од европските земји да ги вратат дома и судски да ги гонат џихадистите заробени во Сирија, но барањето...

Македонија14 часа

Заев и коалиционите партнери се договорија да настапат со заеднички кандидат за претседател

Владејачката СДСМ и коалиционите партнери на вечерашната средба постигнале согласност за заеднички кандидат за претседател. Како што соопшти партијата, ваквата...

Македонија17 часа

Седат ја пронајде девојката којашто ја извлекол од автобусот: ,,Никогаш нема да заборавам како ме молеше да ѝ помогнам”

Седата успеа да ја најде патничката на која ѝ помогнал да преживее под автобусот кој се преврте кај Ласкарци. Само...

Македонија19 часа

Реакции по навредите кон Силјановска: Срамно е да сатанизирате личност по возраст и пол

По серијата навреди на социјалните мрежи кон професорката по уставно право и претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, невладини...

Македонија23 часа

Неколкумина повредени кај Ласкарци се во критична состојба, една пациентка е на операција

Во Градската општа болница „8-ми Септември“ од повредените од тешката автобуска несреќа на автопатот Скопје-Тетово, во моментов се лекуваат 18...

Свет1 ден

Од Пентагон уште не знаат колку пари ќе му дадат на Трамп за изградба на ѕидот

Вршителот на должноста министер за одбрана на САД, Патрик Шенахан, синоќа изјави дека се уште не утврдил колку пари ќе...

Македонија1 ден

Заев за наградата „Евалд Фон Клајст“: Со Ципрас поставивме основа за тоа како треба да работат идните генерации

На свечена церемонија, во присуство на дел од највисоките гости на годинешната Минхенска конференција за безбедност, на премиерите на Северна...

Свет1 ден

Аргентина: Последно испраќање на починатиот фудбалер Емилијано Сала

Семејството, пријателите, навивачите и поранешните соиграчи се простија од фудбалерот Емилијано Сала (28) во неговиот роден град во Аргентина, четири...

Македонија2 дена

Силјановска е претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ: Македонија многу ми даде, сега е ред јас да вратам

Гордана Силјановска и официјално е избрана за претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ од страна на делегатите на партијата на денешната конвенција...

Македонија2 дена

Мицкоски: Да се обединиме и да му дадеме црвен картон на Заев

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на конвенцијата во Струга, на која партијата избира кандидат за претседател, повика на обединување на...

Свет2 дена

(Видео) Работник кој добил отказ застрела петмина колеги во Чикаго

Пет лица се убиени и пет полицајци се повредени во предградието на Чикаго, кога 45-годишн маж пукал во индустриско складиште...

Македонија2 дена

Притвор за 11 членови на криминална група, разработиле шема за шверц на мигранти од Грција кон Србија

Единаесет членови на криминална група кои што разработиле шема за шверц на мигранти од Грција, преку земјава, кон Србија, завршија...

Македонија2 дена

Почина уште еден повреден во несреќата кај Ласкарци, бројот на жртви се искачи на 15

Изутринава почина уште еден од повредените во тешката сообраќајна несреќа која што се случи на патот Скопје – Тетово, со...

Досие