Македонија
(Видео) Џафери направи увид на патот Кичево-Дебар: Наместо за одбранбени работи ќе се користи за слободно движење на граѓаните
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/02/Talat-na-uvid.jpg)
Патот Кичево – Дебар би требало да биде завршен до крајот на годинава, најави денес техничкиот премиер Талат Џафери, откако направи увид во градежните работи заедно со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. За техничкиот премиер овој пат е многу значаен бидејќи овозможува поврзување во регионот, односно Кичево – Дебар со сите населени места во регионот, а особено значаен е за бизнисите оти ќе овозможи да се скрати времето од производство до распределба на производите до потрошувачите. Патот, како што нагласи техничкиот премиер, е значаен за поврзувањето со Албанија.
„Делницата е во должина од околу 20 километри и според проекциите би требало да чини околу 20 милиони евра. Реализацијата е предвидена до крајот на годината да се заврши и да се пушти во употреба. Во оваа фаза ги гледаме изведување на работите и колку што може да видиме. За изведба нема многу што да гледаме за око, бидејќи кога ќе биде на крајот завршен проектот ќе може да се види и ситуацијата по однос на квалитетот на извршувањето на работите но тоа е работа која треба секојдневно да ја следи надзорниот орган и гледаме дека е присутен при изведување на работите и нема сомнеж дека соодветно ќе биде изведено според проекциите. Иако оваа делница во 80-те години била дел од оние планови во бившиот систем за одбранбени цели, секако овој проект ја има сосема изменето идејата за користење на патот. Наместо за одбранбени работи ќе се користи за слободно движење на граѓаните и тоа е во контекстот за нашето приближување и достигнување на европските вредности, во смисла на слобода на движење на роба, луѓе, капитал и се што следствено на тоа си оди“, рече техничкиот премиер Џафери.
Џафери очекува на крајот на годинава повторно да дојде и свечено да го пушти во употреба патот кој ќе овозможи блиска и побрза комуникација со Коридорот 8.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.