Контакт

Македонија

Викендов посебен режим на сообраќај во центарот на Скопје

Објавено пред

Министерството за внатрешни работи соопшти дека викендов ќе биде воведен посебен сообраќаен режим во центарот на Скопје.

Утре од 13.30 часот на потегот од  улицата Кирил и Методиј, пред  канцеларијата на Европската Унија, ќе се поставува бина, при што сообраќајот ќе биде пренасочен по булеварот Кочо Рацин и улиците 11 Октомври, Даме Груев, како и други споредни улици.

В недела, во периодот од 12.30 часот, поради одржување јавен собир, сообраќајот ќе биде пренасочен, односно забаранет за сообраќај ќе биде потегот од раскрсницата на булеварот Кочо Рацин со улицата Кирил и Методиј (поранешна Мито Хаџи Василев-Јасмин) до раскрсницата на оваа улица со булеварот Свети Климент Охридски. По потреба сообраќајот ќе биде пренасочен и на потегот од булеварите Партизански одреди, Крсте Мисирков, Кузман Јосифоски-Питу и Борис Трајковски.

МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај.

Македонија

Утре променливо облачно време со повремени врнежи од дожд

Објавено пред

Времето утре ќе биде променливо облачно и значително посвежо со повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец, информира УХМР. Утринската температура ќе се движи од 8 до 15, а дневната од 20 до 28 степени.

Во Скопје утре променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен северн ветер. Температурата ќе биде во интервал од 12 до 24 степени.

Во петок времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, кои на места ќе се спуштат и до нула степени.

Прикажи повеќе...

Македонија

МЗШВ: Не е точно дека не сме реагирале за случајот со Сојузот на тутунопроизводителите

Објавено пред

Изнесените информации дека не е постапено по случајот за поранешниот претседател на Сојузот на тутунопроизводители Кире Неделковски, се уште една дезинформација и лага на ВМРО ДПМНЕ, во обид да соберат политички поени и да ги придобијат земјоделците, реагираат од Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство  на обвинувањата од  Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, дека близок човек на Заев проневерил 300.000 евра од Сојузот на тутунопроизводителите.

„Не е точно дека Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство не реагирало за случајот со Сојузот на тутунопроизводителите како што тврди, членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Цветан Трипуновски. Добиеното известување од Сојузот на тутунопоризводители, тогашниот министер за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Николовски на 18.02.2019 веднаш го препрати до Управата за финансиска полиција што јасно се гледа и во приложениот документ. Надлежната институција е навремено информирана и од страна на МЗШВ и е укажано во согласност со законските надлежности да ги испита и утврди сите сознанаија за финансиска проневера“, велат од МЗШВ.

Според надлежностите, доадаваат од таму, од страна на МЗШВ е постапено соодветно законите и за случајот била информирана надлежна институција за справување со финансиски криминал.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ: Трипуновски лаже, случајот е пријавен во февруари

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ доцни седум месеци, случајот за кој денеска лаже е пријавен од тогашниот министер Љупчко Николовски уште во февруари оваа година, реагираат од СДСМ, на обвинувањата од  Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, дека близок човек на Заев проневерил 300.000 евра од Сојузот на тутунопроизводителите.

„Денес ВМРО-ДПМНЕ алармира за незаконско постапување неколку месеци откако е отворена истрага за случајот. Лаже ВМРО-ДПМНЕ дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство не реагирало на известувањето од Сојузот на здруженија на тутунопроизводители. Вистината е дека на 18.02.2019 година, или пред точно седум месеци, тогашниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, известувањето од Сојузот го препратил до надлежна институција, односно до Управата за финансиска полиција“, велат од СДСМ.

Од таму додават дека како одговорна партија, алармираат и пријавуваат незаконско работење, без разлика кој е извршителот на незаконските дејствија и дека СДСМ е за бескомпромисна борба против криминалот.

„СДСМ не ниту суд, ниту обвинителство има надлежни институции за истраги кои водат предмети. Заврши времето кога белиот дворец беше и полиција и суд и обвинителство. Денес, правосудните институции работат професионално и независно во интерес на правдата. Секој одговара. Оттука, апелираме до надлежните институции, за брзо расчистување на овој случај и соодветно санкционирање на виновниците“, се вели во реакцијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Продолжен притворот на Катица Јанева

Судот ѝ го продолжи притворот на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, која е осомничена во случајот „Рекет“ на Основното јавно...

Македонија2 часа

Со лажна диплома од Приштина работел како професор по математика во Куманово

Педесет и едногодишен маж со фалсификувана диплома од универзитет во Приштина, Косово, се вработил како професор по математика во основно училиште во...

Македонија4 часа

Ексминистерот за правда, Беџети, одбил да ја потпише екстрадицијата за обвинети во „Монструм“

Ексминистерот за правда од ДУИ, Блерим Беџети, одбивал да го потпише барањето за екстрадиција за двајцата обвинети во „Монструм“, Африм...

Македонија5 часа

Случај „Монструм“: во судницата се слушаат разговори во врска со настанот на луѓе блиски до Груевски

Приватни и несуштински разговори беа пуштени во 13 од 25 бомби во судницата за случајот „Монструм“. Во разговорите се слушаат...

Македонија6 часа

(Видео) Филипче: Полицајци ќе патролираат кај најкритичните здравствени објекти

Министерот за здравство, Венко Филипче, го поддржа денешниот протест на здравствените работници против насилството врз нив. Тој рече дека почнале...

Македонија6 часа

(Видео) Лекарите на протестот предупредија: Ако не се спречи насилството, ќе престанеме со работа

Медицинските работници, во организација на Асоцијацијата на специјализантите и младите лекари, денеска излезегоа на протест во Клиничкиот центар по повод...

Топ7 часа

Воз прегази маж кај надвозникот на булеварот Србија

Триесет и едногодишен скопјанец загина кога во него удри воз на железничката пруга, пред надвозникот на булеварот Србија. Според информациите,...

Свет8 часа

Би-би-си: Зошто Саудиска Арабија и Иран се лути ривали?

Саудиска Арабија и Иран се два силни соседа и повеќегодишни ривали во борбата за регионална доминација, а неодамнешните напади врз...

Свет9 часа

Макрон испраќа експерти во Саудиска Арабија да испитаат кој го извршил нападот

Франција ќе испрати експерт во Саудиска Арабија, кој ќе помогне во истрагата за нападот на нафтеното постројување во Саудиска Арабија...

Свет9 часа

САД бараат конфискација на приходите од продажбата на книгата на Сноуден

Министерството за правда на САД соопшти дека поднеле тужба против Едвард Сноуден и бараат конфискација на сите приходи од продажбата...

Свет21 час

Поради лекарски грешки годишно умираат 2,6 милиони луѓе

Околу 2,6 милиони луѓе годишно умираат од ненамерни грешки во амбулантите и болниците низ светот, се вели во анализата на...

Спорт22 часа

Драма во Љубљана! Македонија ја „собори“ и Словенија, остана во игра за осминафинале!

Откако вчера македонските одбојкари ја забележија историската прва победа на едно Европско првенство, денеска повторно на „крилата“ на Никола Ѓорѓиев,...

Регион23 часа

Кучиња намирисаа 11 килограми хероин во возило кај Драч

Албанец од Косово, Агим Сиљејмани (50), кој веќе неколку години живеел во Швајцарија, е уапсен во албанскиот пристаништен град Драч...

Македонија1 ден

Нов пожар во околината на Прилеп, гори шумата над манастирот во село Селце

Нов голем пожар денеска се појави кај село Селце, во непосредна близина на манастирот „Св.Димитрија“. Со пожарот е зафатена густа...

Македонија1 ден

Иванов: Антикорупциска манипулира, закупот е 1.950, а не 4.500 евра

Експретседателот Ѓорге Иванов реагира откако антикорупциската комисија даде препорака до Владата да се раскине договорот за закуп на неговите деловни...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ предлага анкетна комисија за работењето на СЈО

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска до Собранието поднесе предлог-одлука за основање анкетна комисија за утврдување на евентуалното нестручно, несовесно и...

Македонија1 ден

Апелациониот суд ги потврди доживотните затворски казни за „Диво Насеље“

Апелациониот суд Скопје ги одби жалбите на обвинетите во предметот „Диво Насеље“ и во целост ја потврди првостепената пресуда за...

Македонија1 ден

Антикорупциската комисија ќе побара Иванов да ја пресели канцеларијата од „Џеваир“

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ќе побара од Службата за општи и заеднички работи при Владата (СОЗР) да...

Македонија1 ден

(Видео) Туск: Северна Македонија направи сè што се очекуваше за влез во ЕУ

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, по денешната средба со премиерот, Зоран Заев, изјави дека Северна Македонија направила сè што...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: „Рекет“ е силен тест за судството

„Рекет“ е силен тест за судството и успехот во правосудните реформи. Со решавање на овој случај и законот за Јавното...

Досие