Македонија
„Владата ги остави граѓаните сами против пожарите, импровизацијата на Мицкоски скапо ја чини Македонија“, вели СДСМ

„Владата повторно ги остави граѓаните сами да се борат со пожарите, гледаме катастрофална неподготвеност на институциите. Само еден ден откако завршија со ПР и сликање со импровизираните хермелини, реалноста им се удри од глава на Мицкоски и Ангелов. Минатата година изгореа речиси 10% од територијата на државата и тогаш СДСМ им беше крив за пожарите иакко додека СДСМ беше на власт за седум години изгоре помалку шума тколку за една година на ДПМНЕ. Ветуваа дека ова лето „ќе бидат подготвени“, а денес ја гледаме истата неспособност, истата незаинтересираност и истата импровизација“, соопшти СДСМ.
„Цела година имаа да набават опрема, да вработат пожарникари и да го подготват системот. Наместо тоа, Владата ниту набави нови возила, ниту ги сервисираше постојните, ниту навреме обезбеди кадар. Наместо модерни возила, сега ги адаптираат старите армиски хермелини кои не можат ниту да пристапат на тежок терен. Само лани владата набавила возила за функционерите и администрацијата од неколку милиони евра. Наместо да вработат обучени пожарникари со достоинствени плати, дури сега, во средина на летото, нудат сезонска работа за 24.000 денари, импровизација која може да биде и опасна за луѓето.
Владата имаше пари за службени возила за администрацијата, за советници со плати од 100.000 денари, ама за противпожарните бригади не. Оваа неспособност има цена што сите ја плаќаме, горат шуми, се уништува имот и загрозени се животи. Го прашуваме Мицкоски, кој е крив оваа година за пожарите, повторно ли е СДСМ?“, прашува опозициската партија преку своето соопштение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Тошковски: Пожарите можеби се дел од поинакво сценарио, истрагите за подметнувања се во тек

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, изјави дека денеска бил тежок ден со вкупно 20 пожари ставени под контрола, а постојат основани сомневања дека дел од нив биле подметнати.
„Се дадоа натчовечки напори. За повеќето пожари причина беа временските услови и силниот ветер, но имаме сериозни индиции дека човечки фактор стои зад нивното распламтување“, рече Тошковски во денешното обраќање по состанокот на Кризниот штаб.
Министерот посочи дека се истражуваат неколку случаи на пожари во близина на клучни инфраструктурни објекти, патишта, густо населени места и приватни објекти.
„Не сакам да шпекулирам, но можно е да се работи за поинакво сценарио од случајност“, истакна Тошковски, додавајќи дека институциите работат на терен и се надева на брзо расветлување на причините.
Вчера, како што информираше Тошковски, било затекнато едно лице како намерно пали пожар. Истото било приведено, изнесено пред судија и му е изречена најстрога мерка.
Во врска со пожарот кај приватниот отпад во Визбегово, денес се приведени сопствениците на објектот и ќе бидат изнесени пред судија.
Пожарите во Дојран, Николиќ, Паланка, Волково и Визбегово се ставени под контрола. Активиран е и механизмот за европска помош, при што Грција учествува со два канадери и два пешадиски тимови. Тошковски информира дека сите владини институции се мобилизирани.
Македонија
Спој на електричен кабел од бандера разгоре сува трева во Бардовци

Во атарот на село Бардовци, под црквата Св. Троица, од спој на електричен кабел на улична бандера запалена е сува трева која со брза интервенција на мештаните е изгасната.
Општина Карпош соопшти дека своите екипи за косење, денеска и во наредните три дена ги упатувааат да косат сува трева во населеното место Бардовци со цел да се обезбедат куќите кои се наоѓаат во непосредна близина на висока сува трева.
Воедно апелираат до сопствениците на имот во Бардовци да ја окосат тревата, а посеаното жито под итно да се ожнее, како превентива од можни пожари.
Општина Карпош и натаму будно ќе јас следи состојбата во Бардовци и Злокуќани и апелира на поголема будност и од страна на граѓаните.
Македонија
(Видео) СДСМ бара вонредна координативна седница во Собранието за справување со пожарите

Координатрот на пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз, Оливер Спасовски, на денешната собраниска седница за пратенички прашања од опозицијата, го повика претседателот на Собранието, Африм Гаши, да свика итна координативна седница за справување со пожарите.
„Македонија гори во моментот, во Крива Паланка за жал ја имаме првата човечка жртва. Горат неколку куќи во кумановско во село Читирце, под опсада е веќе село Долно Коњае, гори селото Николиќ итн. Затоа барам веднаш претседателот Африм Гаши да се врати во Собранието каде и да е, да свика една ад-хок координација и на таа координација да видиме како Собранието може да помогне во целата оваа ситуација и што е тоа што треба да го да го направиме. Инаку се друго нема поента веќе да да дискутираме и да правиме се додека луѓе умираат од пожарите а нема никој да реагира во овој дел. И навистина мислам дека треба барем ние да покажеме малку поголема одговорност, барем час пауза и Африм Гаши да дојде во Собранито“, рече Спасовски.
При тоа, тој остро реагираше на отсуството на владини министри а од денешната собраниска седница наменета за пратенички прашања од опозицијата. Спасовски посочи дека тоа е грубо непочитување на Деловникот, но и на функцијата на Парламентот како претставнички дом на граѓаните.
„Не треба апсолутно ваков однос да се толерира повеќе, затоа што не е ова прв пат да имаме присутни еден или двајца или тројца министри од 24 министри во владата коишто ги имаме денеска. Што е поважната работа од тоа што денеска треба да работи Собранието, тоа е прво и второ за коешто сакам исто така реагирам, очигледно е дека сето ова што го правиме денеска одговараме поставуваме прашања нема кој да даде одговори“,рече Спасовски.