Македонија
Владата денеска ќе одлучува за набавка на „ремдесивир“
Владата денеска ќе одлучува за набавката на лекот „ремдесивир“, кој им помага на заразените од Ковид-19, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче.
Тој соопшти дека земјата има обезбедено финансии за набавката на лекот, кој е докажано дека им помага на инфицираните од вирусот.
Филипче најави дека утре пред пратениците во Собранието ќе се најде законот за заштита од заразни болести.
„Се надевам дека пратениците се свесни за состојбата во која се наоѓаме и бргу ќе го изгласаат“, изјави Филипче.
Тој на денешната прес-конференција ја запозна јавноста со состојбата во болниците, модуларната болница до Инфективната веќе почнува да се полни, а одделението во Гостивар е полупразно.
Меѓу другото, Филипче најави дека од НАТО ќе добиеме 60 респиратори и лична заштитна опрема, која ќе биде распределена во здравствените институции во земјата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

