Македонија
Владата на Бугарија: Меркел и Борисов редовно комуницираат, и двајцата сакаат решение со Скопје

Премиерот Бојко Борисов и германската канцеларка, Ангела Меркел, како и нивните тимови, вршат редовна комуникација на сите теми од заеднички интерес. И премиерот Борисов и канцеларката Меркел се заинтересирани да најдат решение за прашањето со Скопје, соопшти бугарската влада.
Од таму велат дека напорите на бугарската страна отсекогаш биле и продолжуваат да бидат насочени кон постигнување дијалог и разбирање за решавање на билатералните прашања со Република Северна Македонија, но, како што се наведува во соопштението, за оваа цел тоа мора да го посакаат и спроведат двете страни.
Претходно, беше објавено дека Меркел разговарала со бугарскиот премиер за блокадата за Македонија.
Одговарајќи на пратеничко прашање во Бундестагот, Меркел изразила очекување за надминување на бугарската блокада во блиска иднина.
Германската канцеларка вчера во Бундестагот беше критикувана од пратеникот од нејзината партија ЦДУ, Гинтер Крихбаум, во врска со неуспехот на германското претседателство со ЕУ да ги почне пристапните преговори со Македонија до крајот на годинава, како што беше ветено.
Крихбаум оцени дека јавноста уште еднаш била сведок на злоупотребата на правата на земјите членки во рамките на ЕУ.
Тој ја праша Меркел како ги оценува шансите во блиска иднина да се надмине блокадата на Бугарија, на што таа кусо одговори: „Уште еднаш разговарав со бугарскиот премиер Бојко Борисов и се надевам дека овие прашања ќе се надминат во блиска иднина“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Пендаровски го потпиша указот за прогласување на Законот за попис

Претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша Указот за прогласување на Законот за попис на населението.
Oд кабинетот на Пендаровски информираат дека указот бил потпишан по извршените консултации со правни експерти.
Пендаровски очекува процесот на спроведување на пописот да не се политизира, а добиените податоци да бидат од корист за севкупниот развој, со што ќе се овозможи формулирање на долгорочни стратегии во виталните области во државата.
Македонија
Од вечерва промена на времето со дожд и снег

Денес во вечерните и ноќните часови од запад ќе се прошират врнежи, кои на планините и на некои повисоки места ќе бидат од снег. Во западните делови врнежите ќе бидат обилни (над 25 л/м2), па таму снежната покривка на планините значително ќе се зголеми, а поради силниот ветер ќе има појава на снежни наноси.
Поради продор на студена воздушна маса утре ќе има повремени врнежи кои на планините и на повисоките места ќе бидат од снег, а попладне ќе преминат во снег и на повеќето пониски места, но ќе слабеат по интензитет. Во западните делови мала снежна покривка ќе се формира и на пониските места, јави УХМР.
Утре, особено попладне и кон крајот на денот, како и в среда ќе дува силен северен ветер, што ќе услови нагло опаѓање на температурата.
Стабилизирање на времето се очекува од четврток.
Македонија
Царовска: Законска обврска е да ја организираме матурата за учениците кои се пријавија за полагање

Министерството за образование и наука има законска обврска да ја организира матурата за учениците коишто планираат да го продолжат образованието, а е услов за запишување на факултетите во државата и во странство. Ова го истакна министерката за образование и наука Мила Царовска на состанокот со директорите на средните училишта на онлајн состанокот што се одржа денес.
Според податоците на училиштата, полагање нматура имаат пријавено над 14.000 матуранти, а испитите ќе се одржат според концепцијата утврдена уште на почетокот на оваа учебна година.
Mатурата е право на избор и на учениците кои избраа да полагаат и ги пријавија испитите ќе им биде овозможено да полагаат. На состанокот беше посочено дека уште во текот на првото полугодие, целосно почитувајќи го демократското право на изразување на учениците, од страна на МОН биле прифатени сите забелешки за олеснување во делот на испитните матурски програми по сите предмети.
Државниот испитен центар, МОН и средношколците заеднички ќе работат на целосно нова концепција за полагање на државна матура која ќе се применува од идната учебна година, за што во тек е формирање на работна груба во која ќе бидат вклучени и средношколците.
Средното образование е задолжително, државната матура е избор и е потребна на учениците коишто планираат да го продолжат образованието на факултетите. Во концептот за матура предвидена е и училишна матура, која е избор на учениците што нема да полагаат државна матура. Таа опфаќа избор само на два предмета (задолжителен и изборен) и проектна задача. Исто така, матурантите од средните стручни училишта имаат можност да изберат и завршен испит, со истиот концепт од два предмета, задолжителен и изборен и проектна задача.
Министерството за образование апелира до матурантите и средношколците да продолжат со наставата по веќе воспоставниот комбиниран модел, затоа што тоа е во најдобар интерес на сите ученици, но во интерес на заштитата на јавното здравје.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот