Контакт

Македонија

Владата одобри 14,4 милиони денари за елаборат и проекти за новиот клинички центар

Објавено пред

Министерството за здравство ќе издвои 14,4 милиони денари за изработка на урбанистички проекти, проекти за инфраструктурата и за елаборат за новиот клинички центар што треба да се гради во Ѓорче Петров.

„На денешната седница прифатена е информацијата за одобрување финансиски средства на Општина Ѓорче Петров од буџетот на Министерството за здравство во износ од 14.400.000 денари, кои ќе бидат наменети за изработка на урбанистичко-проектни документации, основни проекти за инфраструктура и елаборат за геолошки и геомеханички својства на почвата за потребите на урбанистичкиот план надвор од населеното место Веле Поле, општина Ѓорче Петров, каде што треба да се гради новиот клинички центар“, соопштија од Владата.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Од денеска важи изменет режим за повеќе автобуски линии на ЈСП

Објавено пред

Од Јавното сообраќајно претпријатие Скопје информираат дека денеска, петок (30 јули) од 18 часот, поради изведување на градежни активности на дел од булеварот „Кузман Јосифовски Питу“, на потегот од крстосницата со улица „Беласица“ и улица „Никола Карев“ до крстосницата со булевар „Кочо Рацин“, возилата од линиите кои сообраќаат во овој реон во насока кон Бит пазар, мост „Гоце Делчев“, Градска болница, Билна аптека и слично, ќе имаат изменет режим на сообраќање.

Пренасочувањето ќе трае се до завршување на активностите на терен кои се вршат по налог на БЕГ, од каде очекуваат градежните зафати да завршат до недела (1 август).

Линиите 3, 3Б, 5, 15, 23 и 27

*после постојката Железничка станица кон центар од булевар „Кузман Јосифовски Питу“, ќе продолжуваат лево по улица „Никола Карев“, десно по булевар „Трета македонска бригада“, лево по булевар „Крушевска република“, десно по булевар „11 Октомври“ кон Градска болница и ќе продолжуваат по својата редовна траса

Линиите 7, 17 и 33

*по булевар „Трета македонска бригада“ (од Поликлиника Пролет), ќе продолжуваат право, па потоа лево по булевар „Крушевска република“, десно по булевар „11 Октомври“ кон Градска болница и ќе продолжуваат по својата редовна траса

Линиите 31, 41, 51, 51а, 58, 58а, 58б, 67, 70, 74 и 80а

*од Транспортен центар, лево по булевар „Кузман Јосифовски Питу“, десно по улица „Беласица“, лево по булевар „Гоце Делчев“, па лево по булевар „Крсте Петков Мисирков“ (Црква Пресвета Богородица), право по булевар „Кочо Рацин“ (Југодрво) и ќе продолжуват по својата редовна траса

Линиите 21, 21А и 22

*од Транспортен центар ќе продолжуваат лево по улица „Никола Карев“, па десно по булевар „Трета македонска бригада“, лево по булевар „Крушевска република“, па десно по булевар „11 Октомври“ кон Градска болница и ќе продолжуваат по својата редовна траса

Линиите 18а, 20, 45, 47, 47а, 65Б, 65В, 52, 53, 54, 55, 55а, 55в, 61, 62, 63, 63а, 65, 66, 66а, 68, 69, 71 и 81

*од Транспортен центар, лево по булевар „Кузман Јосифовски Питу“, па десно по улица „Беласица“, лево по булевар „Гоце Делчев“, па десно по булевар „Крсте Петков Мисирков“ (Бит пазар) и потоа ќе продолжуваат по својата редовна траса

Линиите 11, 11а, 15А, 18, 118, 32, 35, 56, 56а, 60 и 64а

*од Транспортен центар, после постојката Железничка станица кон центар од булевар „Кузман Јосифовски Питу“, ќе продолжуваат лево по улица „Никола Карев“, десно по булевар „Трета македонска бригада“, лево по булевар „Крушевска република“, десно по булевар „11 Октомври“, десно по булевар „Кочо Рацин“ (Југодрво), потоа кон булевар „Крсте Петков Мисирков“, па лево по булевар „Гоце Делчев“ кон мост Гоце Делчев и ќе продолжуваат по својата редовна траса

Во обратна насока возилата од посочените линии ќе сообраќаат по вообичаената траса.

***

Од ЈСП исто така информираат дека во понеделник (2 август), поради државниот празник Илинден, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, а дежурни ќе бидат три билетарници.

Така, од 7 до 19.30 часот ќе работат билетарниците на Транспортен центар и Зелено пазарче, а од 7 до 13 часот отворена ќе биде билетарницата во Ѓорче Петров.

 

 

Прикажи повеќе...

Македонија

МТСП: Стечајците кои ги исполнуваат условите од новиот закон во рок од 30 дена да се пријават во Агенцијата за вработување

Објавено пред

Министерството за труд и социјална политика ги повикува стечајните работници кои ги исполнуваат условите од новиот Закон за стечајци во рок од 30 дена да се пријават во Агенцијата за вработување.

Со новиот Закон за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, Министерството за труд и социјална политика обезбеди паричен надоместок за уште 1.100 стечајци.

Со Законот за стечајци невработеното лице треба да има најмалку 14 години работен однос во претпријатија со доминантна сопственост на државата.

Останатите услови остануваат исти како и со досегашното законско решение, односно работниот однос на невработеното лице да му престанал по основ на стечај, ликвидација или технолошки вишок, заклучно со 31 декември 2020 година, во претпријатие со доминантна сопственост на државата или на кое работниот однос му престанал по основ на стечај, ликвидација или технолошки вишок, по приватизација на претпријатието, под услов истиот да бил заснован додека претпријатието било со доминантна сопственост на државата.

На денот на поднесување на барањето невработеното лице треба да е на возраст од најмалку 52 години (жена), односно 55 години (маж); да остварило право на паричен надоместок по 1 јануари 1993 година и од 31 декември 2020 година до денот на влегување во сила на овој закон, да не било во работен однос.

За спроведување на овој закон на месечно ниво ќе бидат потребни 13.093.300 денари, односно за 4 месеци од 2021 година околу 52.373.200 денари.

Новиот Закон за стечајци вчера Собранието едногласно го изгласа.

Прикажи повеќе...

Македонија

Сончево и топло време, до следниот петок температури над 40 степени

Објавено пред

Времето ќе биде сончево и натпросечно топло со слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 24, а максималната ќе достигне од 35 до 43 степени. Вредноста на УВ-индексот ќе биде многу висока и ќе изнесува 9.

Во Скопје сончево и натпросечно топло со слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне 42 степена.

Под влијание на многу топла воздушна маса од југ продолжува периодот на стабилно и исклучително многу топло време до 6 август со натпросечни температури за овој период од годината.

Ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури, а вредноста на УВ-индексот ќе изнесува 9. Наместа по должината на Повардарието температурата ќе го надмине и 42. степен.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ42 минути

Возачот кој усмрти пешак во Куманово бил пијан

Седумдесетгодишниот возач М.П. кој удри во пешаци во Куманово, од кои едниот почина, бил пијан, утврди кумановското обвинителство. Несреќата се...

Свет1 час

Во Кина се појави ново жариште на коронавирус, најголемо по Вухан

Жариште на Ковид-19 откриено во кинескиот град Нанџинг се прошири во пет кинески провинции и главниот град Пекинг, а кинеските...

Топ2 часа

Во гостилница во Арачиново специјалците уапсија меѓународен наркодилер кој побегнал од затвор

Во акција во угостителски објект во скопско Арачиново, утрово околу 6 часот и 45 минути бил уапсен 43-годишен арачиновец кој...

Свет3 часа

Сè поголем притисок врз невакцинираните војници и државни службеници во САД

Американскиот претседател, Џо Бајден, донесе серија мерки за поттикнување на вакцинацијата во САД, вклучително и задолжителна вакцинација за милиони федерални...

Свет3 часа

Израел почнува со вакцинација со трета доза од вакцината

Израелскиот премиер, Нафтали Бенет, објави дека земјата ќеапочне да дава трета доза од вакцината против коронавирус на лица постари од...

Македонија4 часа

СДСМ објави уште петмина кандидати за градоначалници

СДСМ објави уште пет имиња на кандидати за градоначалнци за претстојните локални избори што ќе се одржат во октомври. Партијата...

Свет14 часа

Американски дипломат 14 години дрогирал и силувал жени, му се заканува доживотен затвор

Поранешен службеник на американската амбасада во Мексико се изјасни за виновен за дрогирање и сексуална злоупотреба  на најмалку 23 жени...

Свет16 часа

(Видео) Три лица загинаа, десетици се повредени во големиот пожар кај Анталија

Три лица загинаа, а повеќе десетици се во болница во шумскиот пожар што се прошири во одморалиштето Манагвата, во близина...

Свет18 часа

Истрагата утврди дека државата е одговорна за убиството на малтешката новинарка

Истрагата за убиството на малтешката новинарка Дафне Каруана Галиција во 2017 година покажа дека државата е одговорна за нејзината смрт,...

Македонија20 часа

300.000 денари од Град Скопје како награда за олимпискиот вицепрвак Дејан Георгиевски

Град Скопје ќе му додели парична награда во износ од 300.000 денари на добитникот на сребрениот медал во теквондо (категорија...

Македонија21 час

Мицкоски: Некои Резолуцијата ја поддржаа искрено, други помалку искрено, но благодарност до сите

ВМРО-ДПМНЕ го поздравува донесувањето на Резолуцијата во македонското Собрание со која јасно се оцртуваат национални и државни позиции во однос...

Македонија22 часа

Регистрирани нови 54 случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.764 тестирања, а регистрирани се 54 нови случаи на...

Македонија22 часа

Новото име на мини шенген е Отворен Балкан, потпишани првите официјални договори

Како дел од церемонијата на Економскиот форум во Скопје денеска беше објавено новото име на иницијативата позната како мини шенген,...

Македонија23 часа

УНЕСКО ги призна буковите шуми на Длабока Река како светско природно богатство

Македонија доби ново подрачје признато од УНЕСКО како светско природно наследство, буковите шуми на Длабока Река како дел од Националниот...

Македонија23 часа

Рама од Скопје: Изгубивме векови, наместо грб со грб време е да се свртиме кон соработка

Премиерот на Албанија, Еди Рама, во воведното обраќање на Економскиот форум во Скопје порача дека „нема зошто да останеме затворени...

Македонија24 часа

Заев: Западен Балкан не може да чека ЕУ да ги реши внатрешните проблеми за да оди напред

Со обраќања на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, и...

Економија1 ден

Пониски сметки за граѓаните приклучени на парно

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлуки со кои се намалува во просек за 4% крајната цена на...

Македонија1 ден

Вучиќ на форумот во Скопје: Целта е од 2023 да нема граници помеѓу нашите земји

Во Скопје денеска се одржува голем регионален Економски форум, како дел од иницијативата мини шенген, каде што учествуваaт и претседателот...

Свет1 ден

Најголемата австралиска сојузна држава пријави рекорден број на новозаразени

Австралиската сојузна држава Нов Јужен Велс пријави најголем дневен број луѓе заразени со коронавирус, само еден ден откако карантинот во...

Свет1 ден

(Видео) Земјотрес со јачина од 8 степени по Рихтер ја погоди Алјаска, издадено предупредување за цунами

Земјотрес со јачина од 8,2 степени според Рихтер се случи во близина на Алјаска, а издадено е предупредување за цунами...

Досие