Контакт

Македонија

Игротеките почнуваат со работа

Објавено пред

Владата на денешната седница го усвои протоколот за работа на игротеките.

„Владата го усвои протоколот за работа на игротеките во услови на епидемија со Ковид-19 и препорача строго почитување на мерките за спречување на ширење на Ковид-19 инфекцијата и усвоениот протокол при вршење на дејноста. Одговорноста за целосно спроведување на одредбите од протоколот е обврска на вршителите на дејноста“, се наведува во соопштението.

Владата, исто така, ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести да почнат со работа дневните центри за лица со попреченост со стриктно почитување на мерките и веќе усвоениот протоколот за работа на дневните центри во услови на епидемија.

Исто така, на предлог на Комисијата, Владата го усвои предложениот протокол и препорача почнување со организација за снимање со долгометражни филмови, со почитување на мерките.

Македонија

Заев: Директорот на Македонска пошта, Ејуп Рустеми од ДУИ, ќе биде директор на ЈП„Државни патишта“

Објавено пред

Актуелниот директор на Македонска пошта, Ејуп Рустеми од ДУИ, ќе биде назначен за директор на ЈП„Државни патишта“, потврди денеска премиерот Зоран Заев. Рустеми во „Државни патишта“ доаѓа на местото на Зоран Китанов од СДСМ.

Од Кабинетот на Русетми за „Макфакс“ кусо изјавија дека директорот оди во „Државни патишта“ и дека сите прашања околу најавената приватизација на Пошта треба да ги одговори Владата.

Рустеми беше назначен за директор на АД„Пошта на Северна Македонија“ во август 2018 година. Тој си заминува од функцијата само неколку дена по најавата за приватизација. Минатата недела премиерот Зоран Заев го најави процесот и ги задолжи сегашниот директор Рустеми, министерот за економија Крешник Бектеши и заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи да подготват физибилити студија која треба да покаже дали приватизација или јавно приватно партнерство е подобар начин за приватизација на компанијата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Костадиновска: Онлајн настава следат 88 проценти од учениците

Објавено пред

Денес онлајн наставата успешно без поголеми потешкотии ја следат околу 88 проценти од учениците и оваа бројка од почетокот на учебната година до сега е зголемена за 18 отсто, истакна на прес-конференција пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска.

Пратеничката оцени дека секојдневно се докажува оти комбинираниот модел бил повеќе од потребен, а онлајн наставата апсолутно потребна и неизбежна.

„Важно е да се истакне дека во моментот во околу 600 училишни објекти во државата се одвива настава со физичко присуство, под строго утврдени протоколи и алгоритми. Учениците и наставниот кадар кои се вклучени со физичко присуство во образовниот процес треба да продолжат доследно да ги почитуваат мерките за лична заштита од Ковид-19 и со тоа да го заштитат сопственото и јавното здравје. Најважно од сè е образовниот процес да тече непречено во услови на пандемија што не беше ни лесно да се обезбеди“, рече Костадиновска.

Како што додаде, пречките секојдневно се надминуваат, па се очекува наскоро сите ученици да имаат услови за следење на настават непречено, а учебната година да биде успешна и покрај пандемијата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Објавен протокол за заштита од коронавирус во судовите

Објавено пред

Основниот кривичен суд Скопје во согласност со препораките на Светската здравствена организација, мерките и протоколите на здравствените власти во земјава за спречување на вирусот Ковид-19, како и одлуката за постапување на судовите во услови на зголемена опасност во време на пандемија, го објавува Протоколот за спроведување на мерки за заштита од Ковид-19.

Протоколот е изработен од Здружението на судии на РСМ и се однесува на сите вработени ( судии, судски службеници и администрација) како и сите странки (обвинети, адвокати, обвинители и останати претставници на државни органи) кои влегуваат во судот. Протоколот има за цел заштита на здравјето на вработените во судот, но пред сè заштита на здравјето на сите граѓани кои имаат потреба од остварување на правата пред судот.

Воедно протоколот во склоп на сите други мерки кои ги презеде кривичниот суд од прогласување на пандемијата па до денес обезбедуваат функционалност на судот и доследно почитување на уставно загарантираните права и обврски на граѓаните.

(Напомена  – во однос на точка 1.5 од Правилникот, кривичниот суд ја информира јавноста дека не постојат законски услови за електронски прием на барања за уверенија/потврди од казнена/кривична евиденција, но обезбедени се сите други услови за заштита на барателите кои преку непосреден пристап на шалтерот доставуаат барања)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

1.1 Телесна температура

Согласно здраствените стандарди, нормална телесна температура кај лице се смета температура од 36 до 37 C со која слободно може да се влезе во судската ззграда. На секое лице на кое при влегување во судската зграда ќе му се измери телесна температура од 37.1 до 37.2 C му се укажува дека треба да чека 15-20 минути, па повторно му се мери температура (можност од евентуално телесно загревање од самото доаѓање до судската зграда) и доколку по второто мерење се констатира нормална телесна температура, лицето може слободно да влезе во судската зграда; на секое лице на кое при влегување во судската зграда ќе му се измери телесна температура над 37.3 C, не му се дозволува влез во судската зграда; сите вработени и странки се должни во случај на покачена телесна температура или здравствени проблеми и сомнежи на респираторна инфекција веднаш да се јават на својот матичен лекар;

1.2 Средства за дезинфекција

Средства за дезинфекција кои содржат најмалку 70% алкохол (за дезинфекција на рацете и чевлите), со назнака за задолжително дезинфицирање се поставуваат пред влезовите во судската зграда и судниците;

1.3 Заштитни маски

Носењето хигиенска заштитна маска прописно поставена на лицето е задолжително за сите вработени и странки кои се наоѓаат во која било просторија во судската зграда; доколку вработените или странките при влезот во судската зграда не поседуваат хигиенска заштитна маска, истата ќе им биде обзбедена од страна на судската полиција;

1.4 Социјална дистанца

Одржувањето социјална дистанца (нема ракување, прегрнување или каков било друг контакт) и држење растојание (физичка дистанца) која мора да изнесува најмалку 2 метра помеѓу две лица е задолжително во сите простории во судската зградата, за што секој суд ќе обезбеди самолепливи знаци и истите ќе се постават хоризонтално и вертикално во објектот на судот;

1.5 Електронска комуникација

Се охрабруваат странките, доколку за тоа имаат технички услови, да ги користат судските веб-портали, каде ќе се регистрираат и своите поднесоци ќе ги доставуваат по електронски пат, или доколку немаат технички услови за тоа, поднесоците и барањата да ги испраќаат исклучиво по пошта;
се охрабруваат странките за помош да ги користат службените телефони или официјалната електронска пошта (e-mail) на судот;
се охрабруваат странките сите барања за издавање уверенија и другите судски акти, односно барања за издавање на другите евиденции од судот, да се прават преку поднесено барање по електронски пат во прилог со скенирана уплатница или по пошта;

ПОСЕБНИ ОДРЕДБИ

2.1 Влез во судската зграда

Пред влегување во судската зграда, сите треба да ги поминат здравствено-безбедносни мерки, и тоа:

задолжително држење растојание (физичка дистанца), кое мора да изнесува најмалку 2 метра помеѓу две лица;
задолжителна дезинфекција на рацете од апарат поставен пред влезот на зградата, односно со прскање на дезинфекциско средство на рацете од страна на судската полиција;
задолжително носење хигиенска заштитна маска, прописно поставена на лицето;
задолжително да биде измерена температурата со бесконтактен топломер;
задолжително да поминат на безбедносниот преглед преку метал-детектор;
задолжително по поминувањето на здравствено-безбедносните мерки, странките да се пријават на судската полиција со соодветни документи за лична идентификација со покана за судење, односно со наведување на причините за доаѓање во судот;

Судската полиција е должна во случај на непридржување кон здравствено-безбедносни мерки да опоменува, а во случај на непочитување на овие мерки да не дозволи влез во судската зграда.

2.2 Чекалници, ходници, скали и лифтови

При користењето на хоризонталните и вертикалните комуникации, сите треба да се придржуваат до следните мерки, и тоа:

задолжително држење растојание (физичка дистанца), кое мора да изнесува најмалку 2 метра помеѓу две лица;
задолжително носење хигиенска заштитна маска, прописно поставена на лицето;
задолжително користење на лифтовите со намален капацитет (најмногу до две лица);
задолжително континуирано проветрување на овие простории по природен пат (со отворање на прозворците) и дезинфекција со дезинфекциски средства;

2.3 Писарници и приемни одделенија

При користењето на писарниците и приемните одделенија на судот сите треба да се придржуваат до следните мерки, и тоа:

задолжително носење хигиенска заштитна маска, прописно поставена на лицето;
бројот на странките во овие простории треба да биде усогласен со големината и капацитетот на истите, со што ќе се овозможи држење растојание (физичка дистанца), кое мора да изнесува најмалку 2 метра помеѓу две лица;
задолжително континуирано проветрување на овие простории по природен пат (со отварање на прозворците) и дезинфекција со дезинфекциски средства;
се забранува непотребно влегување и задржување на шалтерите во писарниците и приемните одделенија доколку тоа не е потребно;

2.4 Судници

При влезот во и користењето на судниците сите треба да се придржуваат до следните мерки, и тоа:

задолжително да извршат дезинфекција на рацете од апарат поставен пред влезот во судницата;
задолжително да носат хигиенска заштитна маска, прописно поставена на лицето;
задолжително да се проветруваат судниците за време или по завршувањето на секое судење, по природен пат (со отворање на прозорците) и дезинфекција со дезинфекциски средства (бришење на работните површини и на сите средства и површини коишто биле користени во текот на постапката);
бројот на странките во судницата треба да биде усогласен со големината и капацитетот на просторијата, со што ќе се овозможи држење растојание (физичка дистанца), која мора да изнесува најмалку 2 метра помеѓу две лица;
се забранува влегување и задржување на странките во судницата доколку претходно не бидат повикани и доколку тоа не е потребно;
влегувањето на странките на закажаните рочишта и главни расправи ќе се спроведува по приоритет и неопходност за присуство на судењето, а предност ќе имаат странките во постапката, нивните полномошници, како и другите лица коишто се повикани со судска покана;
за присуство на останатите лица во судниците доколку не се исполнети условите за безбедна оддалеченост и примена на мерките за заштита, одлучува судијата, односно Судскиот совет кој постапува по предметот;
по завршување на расправите странките се должни веднаш да ја напуштат судницата и судската зграда, односно да го ограничат престојот на неопходниот минимум;

2.5 Канцеларии и кабинети

При користењето на административните простории, сите треба да се придржуваат до следните мерки, и тоа:

задолжително носење хигиенска заштитна маска, прописно поставена на лицето доколку во просторијата се наоѓаат повеќе од две лица;
држење растојание (физичка дистанца), кое мора да изнесува најмалку 2 метра помеѓу две лица;
задолжително континуирано проветрување на овие простории по природен пат (со отварање на прозворците) и дезинфекција со дезинфекциски средства;
се забранува влегување и задржување на странките во овие простории доколку претходно не бидат повикани и доколку тоа не е потребно;

2.6 Санитарии

При користењето на санитарните јазли (тоалети) за странките коишто доаѓаат во судската зграда се одредува еден тоалет, кој треба да се наоѓа во приземјето или во неговата непосредна близина;

Претседателите на судовите ќе имаат можност овој протокол да го дополнат или изменат во зависност од организациската и просторната поставеност на судовите со кои раководат.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 минути

Заев: Директорот на Македонска пошта, Ејуп Рустеми од ДУИ, ќе биде директор на ЈП„Државни патишта“

Актуелниот директор на Македонска пошта, Ејуп Рустеми од ДУИ, ќе биде назначен за директор на ЈП„Државни патишта“, потврди денеска премиерот...

Македонија42 минути

За една недела 49 лица починале од коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 12 до...

Европа1 час

Ломбардија воведува полициски час од 22 октомври

Од 22 октомври ќе се воведе полициски час во северната италијанска покраина Ломбардија, која се смета за „локомотива“ на италијанската...

Македонија1 час

Заев: Оваа Влада ќе го негува и унапредува македонскиот јазик

Сè дури постои македонскиот јазик ќе постојат и Македонците, сè додека постојат Македонците ќе постои и македонскиот јазик, изјави премиерот...

Македонија2 часа

МОН објави упатство: Наставниците да го прилагодат оценувањето согласно учењето на далечина

Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образование ги известија училиштата за начинот на следење и оценување...

Европа3 часа

Курц: До следното лето ќе се вратиме во нормала

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, верува дека вакцината против коронавирус ќе биде достапна во првата половина на следната година. „До следното...

Македонија3 часа

Весковски: Водоснабдувањето во Скопје нормализирано, ваков дефект се јавува еднаш на 10 години

Водоснабдувањето кое во текот на вчерашниот ден беше прекинато во голем дел од Скопје, како резултат на голем дефект на...

Македонија3 часа

Новите мерки против коронавирусот на дневен ред во Владата и Собранието

Новите мерки во борбата против коронавирусот денеска ќе се најдат на седници на Владата и на Собранието. Владата треба да...

Свет4 часа

Во Москва 49 нови смртни случаи од коронавирус за 24 часа

Рускиот главен град во понеделникот регистрираше 49 нови смртни случаи поврзани со коронавирус, соопшти Московскиот кризен штаб. „Четириесет и девет...

Свет4 часа

Ирска воведе најстроги мерки против коронавирусот во Европа

Ирскиот премиер Михаел Мартин го потврди враќањето на највисоко, петто, ниво на ограничувања во борбата со коронавирусот, кое ќе трае...

Свет4 часа

Норвешки лекар тврди дека коронавирусот мутирал

Нова мутација на САРС-КоВ-2 коронавирус е откриена во Норвешка, тврди главниот лекар на општината Трондхајм, Тове Рестад. Од друга страна,...

Македонија18 часа

Во Скопје 2.674 активни случаи на коронавирус, најмногу во Аеродром, Карпош и во Центар

Во Скопје во моментот има 2.674 активни случаи на коронавирус од вкупно 5.550 во целата држава. Најмногу активни случаи во...

Свет19 часа

Студија: повеќе од половина од луѓето што прележале Ковид-19 чувствуваат симптоми и по неколку месеци

Повеќе од половина од луѓето што биле отпуштени од болница по заболувањето од Ковид-19, чувствуваат симптоми, како што се отежнато...

Македонија21 час

Дванaесет починати и 161 нов случај на коронавирус во Македонија

Дванaесет лица починаа, а потврден е 161 нов случај на коронавирус во земјата во последните 24 часа, соопшти Министерството за...

Македонија22 часа

Кумот на Груевски во притвор поради плацовите на Водно

Кривичниот суд во Скопје му изрече 30 дена притвор на Ристо Новачевски, кој се товари за сторено кривично дело перење...

Македонија22 часа

Филипче: Ситуацијата е навистина сериозна, следен чекор би бил полициски час

Министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти дека утре до Владата ќе биде предложен дополнителниот сет мерки за превенција од коронавирусот....

Свет23 часа

Европската агенција за лекови ќе ги разгледа резултатите од студијата на СЗО за лекот ремдесивир

Европската агенција за лекови (ЕМА) ќе ги разгледа резултатите од студијата на Светската здравствена организација (СЗО) за антивирусниот ремдесивир, што...

Македонија23 часа

(Видео) Пендаровски: Научните аргументи и вистината за јазикот се на наша страна и од нив никој разумен не може да се откаже

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на отворањето на манифестацијата Отворени денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“. Овогодишниот...

Топ23 часа

Инспекторите растурија свадба во Глумово со 250 гости, следи кривична пријава

Инспекторите откриле уште еден случај на масовно непочитување на мерките против коронавирус во околината на Скопје. Синоќа во периодот од...

Македонија23 часа

Од отворањето на градинките, од корoнавирус заболеле 18 деца и 55 вработени

Од отворањето на градинките на 9 септември досега од коронавирус заболеле 18 деца и 55 вработени, информира министерката за труд...

Досие