Македонија
„Влен“ оддаде почит на жртвите од трагедијата во Кочани

Претставниците на коалицијата „Влен“ одржаа почит во чест на трагично изгубените животи во Кочани.
„Во општините каде што раководиме, со длабока болка и голема почит, со молчење се поклонивме да ја изразиме нашата солидарност со семејствата на жртвите и со сите погодени од оваа трагедија. Оваа катастрофа го потресе секое срце и го допре секое семејство, без разлика на нашата етничка припадност или на јазикот што го зборуваме. Денеска сме обединети во болка и во спомен на оние кои повеќе не се со нас. Ова е момент кој не потсетува на вредноста на животот и важноста на меѓусебната поддршка во тешките денови“, велат од „Влен“.
Во овие моменти на жалост, додаваат, нашите мисли и молитви се со семејствата на жртвите и со сите оние кои се соочуваат со последиците од оваа трагедија. „Влен“ стои покрај нив, споделувајќи ја болката и силата да се справи со оваа тешка загуба.
„Нашата коалиција се води од принципот на солидарност и хуманизам и во овие тешки моменти ја потврдуваме нашата посветеност да бидеме блиску до граѓаните, не само во моменти на радост, туку и во моменти на тага“, се додава во соопштението на коалицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Осамна утрото сончево, а сончевите зраци денес темни црнила“: македонската естрада тагува по изгубените животи во трагедијата во Кочани

Македонската естрада тагува по изгубените животи во трагедијата во Кочани.
Дани Димитровска, Игор Џамбазов, Калиопи, Тамара Тодевска, Ребека, Антониа Гиговска повторно со емотивни зборови се огласија на социјалните мрежи, денеска кога е закажан погребот на загинатите во пожарот во Кочани.
Македонија
Строги контроли не само во локалите, туку и во детските градинки, училиштата и други големи објекти, бара ЛДП

„Не може да се најдат вистинските зборови со кои ќе се опишат траорот и тагата од трагедијата која се случи во Кочани и нашите мисли и молитви во овие тешки моменти се со семејствата и најблиските на погодените во оваа несреќна катастрофа. Додека не е повторно предоцна, како партија бараме зголемување на степенот на безбедност во повеќе места“, велат од ЛДП.
„Строга и итна контрола во детските градинки, основни и средни училишта, но и факултети дали и тие ги почитуваат стандардите за безбедност, како и во колективните станбени и во сите останати објекти, каде вообичаено има голема концентрација и фреквенција на луѓе.
Секој од овие објекти мора да има задолжителна опрема за противпожарна/хидрантна заштита, оспособени и јасно означени повеќе излези за итни ситуации, контрола на капацитетите за прием на луѓе во една просторија, како и редовни обуки на вработените, скалите и ходниците за евакуација мора да бидат чисти и слободни, а секој објект да мора да има на јавно и видливо место истакнат План за евакуација и да се утврди дали се почитуваат стандардите за безбедност воопшто.
Најголем дел од младината во Македонија посетува настава во стари, дотраени и често оштетени објекти, кои дури и при најмалата незгода, може лесно да се претворат во стапици за сите кои во моментот ќе се најдат во нив.
Воедно, апелираме на хумано планирање на инфраструктурата, со цел улиците да се секогаш чисти и слободни за проток на противпожарни, полициски и амбулантни возила.
ЛДП апелира до општините да ги стават во функција своите капацитети и согласно своите законски надлежности, да излезат на терен и да постапуваат секаде каде што ќе се воочат недостатоци, без оглед на партиската припадност на сопствениците и функционерите.
Корупцијата, профитот и алчноста од минатото, денес го земаа данокот со десетиците жртви во Кочани, една од најстрашните трагедии кои ја погодиле Македонија.
Овој трагичен период кој ја зави во црно целата земја, нека биде вечен потсетник и последен пат кога сите ние ќе се соочиме со трагедија од ваков тип и големина.
Да покажеме сите заедно дека како општество од оваа трагедија ја научивме лекцијата, да делуваме и да не дозволиме вакво нешто никогаш повеќе да се повтори“, се наведува во соопштението на ЛДП.
Македонија
„Со срца скинати од болка ги испраќаме нашите деца, другари, роднини, пријатели“, се огласи Игор Стефановски-Иџе

Тажен ден за Македонија… Денес тагува цела нација, со срца скинати од болка ги испраќаме нашите деца, другари, роднини, пријатели, нашите Македонци…, напиша на социјалните мрежи, најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски-Иџе.
„Земјата нека ви биде лесна, а споменот вечен. Почивајте во мир“, додаде тој.