Македонија
Влен: Со „One Stop Shop“ во Табановце, татковината е поблиску од кога било

Стапувањето во функција на системот „One Stop Shop“ на граничниот премин Табановце претставува значаен чекор напред, кој го олеснува преминот на границата, особено за дијаспората што се враќа за време на летната сезона, велат од „Влен“.
„Овој модел, кој веќе успешно се спроведува на граничните премини Блаце и Јажинце со Република Косово, носи ефикасност, побрза процедура и помалку бирократија. Неговата примена и во Табановце е резултат на јасната политичка заложба на Влен за конкретни реформи што директно го подобруваат секојдневието на граѓаните.
За ВЛЕН, владеењето не е само ветување – тоа се конкретни дела во служба на граѓаните.
Нашата дијаспора заслужува почит и достоинствен третман во секој контакт со државата.
Со „One Stop Shop“, татковината е навистина поблиску – добредојдовте дома!“, велат од „Влен“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Три хеликоптери го гасат пожарот кај селата Чучер и Блаце

Утрово трите хеликоптери (два на МВР и еден на АРМ) во 05.00 часот почнаа со дејство над пожарот на територијата на Општина Чучер Сандево, селата Чучер и Блаце, извести ЦУК.
На пожарот дејствуваат и силите на БППЗ на Град Скопје со повеќе екипи и противпожарните возила, ЈКП од Општината, Црвен крст со еден базен од кој хеликоптерите полнат вода, како и тимови со противпожарните возила на ДЗС.
ЦУК е во постојана комуникација и координација со сите надлежни институции на терен.
Македонија
Дел од Сарај и Илинден денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 13:00 часот, дел од корисниците од село Кондово, општина Сарај;
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од ул. 534 и ул. 531 во село Марино, општина Илинден.
Македонија
На Табановце се чека до половина час за влез во државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Се бележи зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце, времето на чекање за влез во државата е околу 15 до 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.