Македонија
ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Спасовски: За еден месец се пријавени 520 кражби во Скопје
Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција побара од министерот за внатрешни работи да поднесе оставка од функцијата и посочи дека само во јануари во Скопје биле пријавени над 520 кражби и тешки кражби.
„Тоа се над 520 семејства кои се ограбени и трауматизирани. Повеќе од 20 на ден. Уште потрагично е што Спасовски седи со скрстени раце. Реализацијата, односно откривачката дејност на полицијата не надминува мизерни 2 отсто. Односно се откриваат само криминалците кои не плаќаат рекет и ме соработуваат со оваа власт“, изјави Ѓорѓиевски.
Додаде дека речиси нема место во Скопје каде последниот месец не се случила кражба.
„Се ограбува на големо, од домови, продавници, автомобили. Впрочем за тоа и алармиравме кога власта на СДСМ ослободи 850 осудени затвореници од затворите и ги пушти на улиците. Заради тоа сега Скопје е во хаос“, изјави Ѓорѓиевски.
Тој и вчера на прес-конференција ја критикуваше работата на МВР, подвлекувајќи дека во Скопје за еден месец биле пријавени 20 разбојништва, на што од владејачката СДСМ реагираа дека полицијата постапува професионално и ужива доверба од грѓаните
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

