Македонија
(Видео) ВМРО-ДПМНЕ бара прегласување во Ново Село
Пред Управниот Суд во Скопје е тужбата поднесена од ВМРО-ДПМНЕ која се однесува на одбиениот приговор од Државната изборна комисија за гласачко место во Ново Село. Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски истакна дека тие бараат да се поништи гласањето на Избирачкото место број 1789 во постапката за избор на градоначалник на општина Ново Село и гласањето да се повтори во законски определениот рок утврден со Изборниот законик.
Одбиениот приговор на ВМРО-ДПМНЕ се однесува на постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултатите на избирачкото место.
„На ова избирачко место се случиле прекршувања на Изборниот законик, но и текот на движењето на изборниот материјал отвора многу голем сомнеж пред јавноста. Избирачкиот одбор не бил во можност веднаш по завршување на гласањето да го состави Записникот со правилен внес на податоците за искористени гласачки ливчиња и за лица потпишани во избирачкиот список за тоа ИМ. Односно, по повеќекратно, дури пет пати, по 5 пребројувања, констатирано е дека во избирачкиот список се потпишале вкупно 411 избирачи, додека во гласачката кутија биле пронајдени 412 ливчиња. Значи, по неколку пребројувања има едно ливче повеќе во кутијата“, рече Стоилковски.
Тој додаде дека избирачкиот одбор заедно со севкупниот доверлив и недоверлив изборен материјал се упатил во Општинската изборна комисија во Ново Село. Со тоа, нагласи Стоилковски, членовите на комисијата од ИМ, не го почитуваат законикот, каде стои дека одборот го составува записникот и заедно со изборниот материјал во строго утврден начин го доставува до Општинската изборна комисија.
„Во општинската комисија повторно се броеле гласачките ливчиња во кутијата и лицата кои се потпишале во избирачкиот список. Тоа е прекршување на член 40 од Изборниот законик, каде јасно е наведено дека избирачкиот одбор го утврдува и сумира резултатот од гласањето на гласачкото место и резултатите од гласањето ги објавува на самото место каде што се спроведува гласањето. Државната изборна комисија констатира дека ниту пребројувањето ниту пополнувањето на записникот не е извршено од Избирачкиот одбор во избирачко место број 1789 во Ново Село, туку дека пребројувањето на изборниот материјал и пополнување на записникот е извршено во Општинската изборна комисија. Факт е дека спротивно на законот, составен е Записник за сумирање на резултатите од гласањето во просториите на Општинската изборна комисија односно во присуство на членовите на Општинската изборна комисија, но на истиот се потпишани членовите на Избирачкиот одбор. со што е направена повреда на член 117 став (4) од Изборниот законик. Сето ова е спротивно на одредбите од Изборниот законик и на Упатството на општинските изборни комисии за ракување со изборниот материјал. Токму тоа го утврдува и Државната изборна комисија и го разрешува и избирачкиот одбор за ИМ 1789 во Општина Ново Село, како и целата Општинска изборна комисија за Ново Село“, нагласи Стоилковски.
Тој оцени дека ДИК не постапува согласно одредбите од Изборниот законик, каде предвидено е дека: „Државната изборна комисија по службена должност, или по поднесен приговор, со решение го поништува гласањето на гласачкото место ако избирачкиот одбор не го спроведува гласањето на начин утврден со овој законик“.
„Почитувани, јасно е дека е прекршен и изборниот законик и е постапувано спротивно од Упатството за ракување со доверливиот материјал. Јасно е дека и ДИК увидела повеќекратно прекршување, заради што се и разрешени и членовите на Избирачката комисија за Избирачкото место и членовите на Општинската Комисија. Исто така Факт е дека резултатот од гласањето на ова Избирачко место влијае на конечниот резултат за избор на градоначалник на општина Ново Село. Но најголем факт е дека во државата во повеќе наврати се спроведува изборен инженеринг од актуелната власт, а третиот столб на демократијата, правосудството молчи. Јасен и гласен е ставот на граѓаните кои во огромен број дадоа поддршка на концептот за право и правда. Време е правосудниот систем да го слушне тој глас. Судиите од Управниот Суд се оние кои ќе ја вратат, ја имаат можноста да ја вратат вербата дека е можно остварување на право и правда во Република Македонија“, додаде Стоилковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски.
„Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги бара две години, Мицкоски нуди само изолација и анти-ЕУ кампања. Преку 70% од граѓаните сакаат ЕУ – а тој зборува за „булинг“ и „прва и втора лига“. Тоа не е булинг, тоа е последица од неисполнување на обврските: правда, слобода на медиуми, борба против корупција. ВМРО секојдневно создава конфликти со соседите а на критиките од Брисел одговара со напади врз ЕУ. Затоа нема напредок, затоа 5 тони дрога излегуваат преку македонската граница неказнето, затоа судството и обвинителството се под контрола, а медиумите се задушени преку моделот на Орбан. Европа ни даде јасна шанса до 2027, заедно со регионот! Црна Гора и Албанија напредуваат. Ние? Само ако престанеме со оваа политика на изолација што намерно ја турка Мицкоски. Мицкоски ВМРО не сакаат ЕУ – сакаат да крадат на тендери без надзор. Тоа не е европска вредност. Тоа е криминална вредност. Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски“ стои во реацијата на претседателот Филипче.
Македонија
(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница и со граѓаните како главен приоритет се посочуваат реформите и нивната реализација.
„Тоа е она што е главен фокус и приоритет на оваа Влада. Реформи и испорака. Се разбира дека ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија во државата мора да се однесува одговорно кон граѓаните, иако после локалните избори и оној апсолутен триумф, политички гледано нас ни одговара да има предвремени парламентарни избори, но и покрај сето тоа нашиот приоритет и фокус е испорака и реформи за подобар живот и стандард на граѓаните“, истакна Мицкоски.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев
Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ристо Катевеновски, поранешен судија на Врховниот суд тврди дека бил разрешен поради тоа што не дал позитивно мислење за судски случај по барање на тогашните власти СДС и ДУИ. На судско рочиште судијата Катевеновски истакнал дека нема да даде позитивно мислење во случајот поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, и дека ќе биде потребно да се разговара со неговите колеги за понатамошно дејствие. Но, по само еден ден од оваа дадена изјава на Катевеновски, кој вели дека била дадена зад затворени врати, Судскиот совет свикал итна седница на која тој бил разрешен. Сведоштвото на Катевеновски води кон тогашните власти, а како што вели тој – неговото разрешување дошло од СДС и ДУИ, или во превод од Зоран Заев и Али Ахмети“, рече Манасиевски.
Тој истакна дека „правдата и вистината која Заев ја ветуваше кога дојде на власт се покажа како селективна“.
„Но, она што е клучно е тоа дека повторно добиваме сведоштва за притисокот на СДС и ДУИ, кон правосудните органи. Она кое ние го говориме во јавноста со години, сега веќе и се потврдува. Тие биле оние кои одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одреден случај. СДС и ДУИ си ја партизираа државата и нејзините институции. ВМРО-ДПМНЕ тоа повеќе нема да го дозволи повеќе. Потребна е одговорност!“, заклучи Манасиевски.

