Македонија
ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе протестира пред Владата

Опозоциската ВМРО-ДПМНЕ за денеска најави протест пред Владата поради преговорите со Бугарија.
Протестот пред владината зграда е закажан за во 13 часот, а поаѓањето ќе почне половина час порано од СЦ „Борис Трајковски“ и СЦ „Јане Сандански“.
Од партијата велат дека излегуваат на улица затоа што премиерот Зоран Заев повторно излажал дека не преговарал за идентитетот.
„Заев изјави дека е постигнат напредок во преговорите меѓу комисиите, претставниците на комисиите изјавија дека нема напредок што значи дека Заев лаже. Заев изјави дека не преговара за идентитетот додека претставници на историските комисии потврдија дека камен на сопнување е токму зборот македонски што е фундаментот на нашето идентитетско определување. Заев кажа дека има напредок за 5 историски личности, претставници на комисиите изјавија дека нема дефинирано заклучоци и има нула напредок и на тоа поле. Заев изјави дека се пред договор за 11 записници од средбите на историските комисии додека бугарската страна го негира тоа. Заев се откажа јавно од антифашистичкото наследство со самото тоа што Бугарите ги прогласи за ослободители наместо окупатори во Втората светска војна“, наведува опозициската партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Снег провејува во Маврово и на Стража

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Снег со слаб интензитет провејува во Маврово и на планинскиот премин Стража.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
МЗ демантира: Не постои илегална вакцинација, да не се шират лаги и паника во јавноста

Министерството за здравство ги демантира тврдењата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, за илегална вакцинација во земјава.
Од министерството велат дека жалат што најголемата опозициска партија во државата во период на воведување КОВИД вакцинација шири лажни вести, со кои, како што наведуваат, ја манипулира јавноста вадејќи од контекст изјава на премиерката на Република Србија.
„ Очигледно е дека ова монтирано видео е со единствена цел да создаде неоснована паника која може да има долгосежни поседици и врз здравствениот систем и врз колективното здравје на граѓаните. Министерството за здравство најостро ги демантира лагите денеска изнесени од страна на портпаролот на опозицискиата партија, а претходно објавени на социјалните мрежи од пратеник на истата партија. Ниту се одвивала, ниту се одвива илегална вакцинација, ниту било што поврзано со јавното здравје се прави на нетранспарентен начин. Вакцинирањето во Република Северна Македонија ќе започне во февруари. Министерството за здравство води преговори за да обезбеди вакцини по три механизми, Ковакс, директни преговори и преку солидарниот фонд на ЕУ“ соопшти МЗ.
Оттаму додаваат дека заедно со Националната техничка работна група за КОВИД вакцинација изготвиле оперативен план за вакцинација во кој се утврдени приоритетните групи, број на потребни вакцини, пунктови на кои ќе се врши вакцинацијата. Со ваквите манипулативни видеа, велат од министерството, свесно опозициската партија сака да го потцени и оцрни трудот на здравствените работници, експерти во областа кои работат на процесот на вакцинација.
Министерството за здравство бара итно да се повлече видеото, а портпаролот и пратеникот да се извинат јавно. Апелираат до јавноста да не ги зема предвид лажните информации.
„ Од почетокот на ковид кризата министерството за здравство информира точно навремено и целосно транспарентно и така ќе продолжи и понатаму. Министерството за здравство ги повикува надлежните институции секоја злоупотреба или лажна вест да биде законски санкционирана затоа што на овој начин се вознемируваат граѓаните и се создава непотребна паника“ се додава во реакцијата од министерството.
Македонија
(Видео) Арсовски: Дали Заев и Филипче илегално вакцинирале во Македонија

Дознаваме и гледаме од српската премиерка Брнабиќ дека најверојатно и сме добиле некоја бројка на одредени вакцини за вацинација, но заради немањето план, протокол, регистрација и увозот на вакцини, па така Зоран Заев и Венко Филипче поделиле и вакцинирале илегално во Република Македонија одредени луѓе, обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
„ Заев и Филипе треба да им објаснат на граѓаните што значи тоа илегално носење на вакцини, веднаш да излезе Комисијата за заразни болести да каже дали и колку се безбедни овие вакцини и најважното, Јавното обвинителство треба да истражи дали некој од ова профитира?
Никој во Република Македонија не знае дали и колку вакцини се стигнати во државава и кој се ги добил и колку платиле луѓето за вакцинирање преку ред и со врски тие што ги добиле?
Факт е дека вакцини за населението нема и не се знае кога ќе има. Но, уште поголем факт е што Владата и Министерството за здравство не се подготвени за вакцинација на граѓаните дури и уште денес да пристигнат вакцините.
Иако Венко Филипче дрско ја лажеше целата држава дека сме оценети како една од најспремните држави за складирање, примање и увоз на вакцини, на крајот испадна дека немаме ниту фрижидери за да ги чуваме вакцините доколку ги добиеме.
Неспособноста на Владата е дотолку голема да ние не знаеме кој по кој редослед ќе се вакцинира, а сеуште немаме ни регистрирано ни вакцина. Жалосно е што дознаваме од премиери на странски држави дека Зоран Заев и Венко Филипче вакцинирале илегално во Република Македонија, односно вакцинирале дали преку врски или за пари.
Ова е скандал од невидени размери и поигрување со здравјето на сите болни, хронични, пензионери и ризични категории на граѓани. Нечовечноста на СДСМ, Венко Филипче и Зоран Заев излезе на површина“ порача Арсовски.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот